7.11.2008 10:54
Поради транспортот можен е застој на источната магистрала
Утре започнува транспортот на турбината тешка 600 тони потребите на топланата Скопје-Север. Со пет камиони влекачи за 20 дена товарот треба да помине 200 километри од Стар Дојран преку Струмица, Радовиш, Штип, Велес, па се до Скопје.
Не е исклучена можноста, ваквата динамика на движење да предизвика хаос во сообраќајот на источната магистрала.
Посебен ризик претставува тоа што тежината на транспортот е три пати поголем од носивоста на некои од вкупно 80-те мостови на патот.
Транспортот на товарот ќе се врши со асистенција на Секторот за сообраќајни работи. Ќе се одвива по однапред утврдена маршрута, почнувајќи од раните утрински часови до 16 часот, доколку тоа го дозволуваат временските услови и видливоста на патот.
Граѓаните навреме ќе бидат известувани за блокирањето на делниците по кои ќе се одвива транспортот.
Специјалниот транспорт го организира турската фирма „Анадолија логистик“. Таа ќе треба да ги плати и евентуалните штети на патиштата.