Запазете ја жолтата линија

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Секој во животот има периоди,наплив на многу момци/девојки или кога нема кого да опцуеш.Во еден период има нови фаци кои се заинтересирани за тебе или ти се интересираш,а во друг нема никој жив да те погледне.
Како да се искористи напливот и како да се победи празниот период? Треба да се зачува резерва од бурниот период или ако нема никој позитивен подобро е да се исчисти листата?
Како вие се справувате со вакви периоди?
Дечко те молам застани зад жолтата линија на ред :)
 
Имаш некој одма наплив, ако немаш никој тогаш фаќа сушна сезона.
Но, фати пушти, плими и осеки о се губи тој осеќај станува само досадно и не обраќаш внимание го имаш тој што го имаш и тераш даље или воошто немаш ама пак си тераш даље.
Прво е се од радозналост после станува само рутина.
Или имаш или немаш, стварно е небитно.
Според мене, ако се прашувам јас...
 
Е да има такви периоди... у главно коа е потапа период поише се концентрирам да усовршам некои вештини и да се надоградам или праам нешто шо уживам и така до следниот бурен период
 
секојпат имајте џокер во ракавот - кој треба мудро да го употребите и да ја продолжите играта во моментот кога сте помислиле дека таа (завршила) застанала.
 
Кај мене си дојде напливот од пред некое време и моментално успешно си се одржувам:)
Обично многу ретко одам во есктреми - односно, во вакви ситуации ниту зграбувам се’, ниту оставам за понатаму. Едноставно, секогаш сум се поставувал така да, ако ми е убаво со првата со која ќе пробам, веднаш давам до знаење на другите дека и чекањето позади жолтата линија е џабе.
Не сум тип на човек што сака својата несигурност во нешто да ја манифестира преку тестирањето на издржливоста на другите или пак преку експериментирањето how far can their emotions bend.
Во сушни периоди ми се случува да си ја барам грешката во мене зошто ми е таков периодот, ама секогаш доаѓам до заклучок дека едноставно не може секогаш се’ да биде погодено и дека потребен е и период на релаксација во кој можеби треба да се пораби на оние причини кои го предизвикале истиот:)
 
Напливот и сушата кои се спомнуваат се рефлексија на желбите и енергетските вибрации кои ги емитуваме. Ако сме позитивни, насмеани, ведри и достапни, се појавуваат понуди, не освојуваат, кокетираме, флертуваме и обратно останатите со нас. Кога нас не зафаќа апатија, тогаш негативниот или крајно летаргичниот набој ја рефлектира негативната енергија или индиферентен стадиум кој нема вибрации, не се лачат феромоните- за кои се крева прашина постојат или не, јас велам, дека постојат, и се случува суша.

Како да се надмине сушата?

Кога е суша индијанците земаат тапани, се собираат и се молат да заврне.

Малку шега. Значи одговорот е во нас самите- се бара одговорот во себе, зошто не сум позитивен, зошто не излегувам и не се смешкам наоколу, зошто моето срце замрзнало.
Можеби е добро да се изанализираме и да сватиме што не доведе до тука. Да се измерат добрите и лошите врски, да се видат причините за раскинување, да се созрее и да се надмине, да се отвори пат за нова приказна.

Тоа е како некој преполнет регал, во кој само натрупуваме алишта и кога ќе купиме нешто ново ако го ставиме во регалот не го заприметуваме од гужвата во него. За да дојде новото треба да се исчисти старото.

Најдобро е да се фрлат стари фотографии, да се прекинат пријателства кои бесцелно се влечат, да се направи промена, некое патување, да се посети психолог и да се поразговара, да се уредат мислите и желбите и да се опуштиме. Така ќе се појави некој посебен кој спремни ќе го пречекаме.

Се додека е неред во нашето срце, ни посебниот нема да го видиме од сопствениот неред.
 
јас велам држи си ги сите карти на готовс не знаеш кога ќе ти затребаат :pipi:, од една политика нема штета, штета е ако ги загубиш картите тогаш си ја изгубил партијата :tv:
 
Па тоа му доаѓа нешто слично на топло-ладно.
Кај мене овие две појави често се случуваат и се менуваат на краток период(1-2 месеци).
Кога е топло јас гледам тоа да го искористам најрационално и да го извлечам најдоброто можно решение, кога е ладно обично стонирам, се занимавам со некои други работи и правам анализа на самиот себе и соодветна корекција.
Целата филозофија е во самиот човек односно карактер.
 
За се треба да си постои златна резерва, некоја "будала" (без навреда за луѓето што се препознале во зборов) со која ке го минеш вишокот досадно време. Само пази да не ТИ случајно бидеш нечија златна резерва. Е тука е веке заебано :)
Кај мене искрено веќе некој месец нема налив, а и не ми ни треба. Пред мојава моментална врска, ако ми се десело ова обично сум сменувала нешто за да го поправам тоа,секако почнувајќи со изгледот...
А кога има многу машки што се пуштаат е тука станува интересно. Ќе играш к*рот со сите. Едино ако некој те привлече многу повеќе од останатите па да се сконцентрираш само на него. Сепак би советувала да не губите контакт со останати, бидејќи не знаеш кој кога ќе ти затреба :kez:
 
Празен период хммм што беше тоа? :)

Не постои празен период во однос на комуникација со други личности, постои лична празнина која не тера да ги одбиваме другите со нашата некомуникативност и негативна енергија. Што треба да се направи? Ништо посебно освен да се изнајде занимација која не е поврзана со љубов односно мување или врска и со која ќе ја празниш таа енергија и ќе дојде оној бурниот период. Како ќе се снајдеш со истиот? Или ќе бидеш слободен и ќе ги ставиш сите на купче и ќе ги комбинираш или ќе се смириш покрај еден и ќе им ставиш црвена линија на останатите.
 
А што кога вие сте го расчистиле нередот а другите не, и тешко дека негокаш ќе научат дека не се живее во неред?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom