Замисли, дека точно позади Олимписки, во слепиот сокак се наместени две мали голчиња спремни за натпревар од епски карактер. На голот на едниот стои Хидра со шест глави, а на другиот брани Бехемот од ситни размери. Ти си судија и гледаш како очигледно Кентаурот го сопна Минотаурот во противничкиот шестерец и бара ревносно од тебе да досудиш пенал. Проблем е што тие се од проклето истиот тим, а ѕверот со канџи ти се заканува по животот да не досудиш. Што правиш... што правиш?