Заминување од семејниот дом после 18 год.?

  • Креатор на темата Креатор на темата a9mkd
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би заминале од сем. дом ако имате можност?

  • Не, cool ми е со мама, тато и др. членови

    Гласови: 20 24,7%
  • Да, зошто?

    Гласови: 53 65,4%
  • Сеедно, пак ќе имам морална и финансиска поддршка од моите.

    Гласови: 14 17,3%

  • Вкупно гласачи
    81

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
543
Поени од реакции
281
Локација
International Space Station
1. Често меѓу нашиов народ слушаме како таму некаде на Запад откако деца ќе наполнеле 18 години ги шутирале од дома и ги оставале сами да се снаоѓаат. Тие со живот на Запад повеле со таа мистерија разрешување.
2. Животот и преживување од економски аспект и колку е тоа издржливо сам да изградиш се' во Македонија.
3. Македонија земја која ветува иднина и почеток од 0 без помош од мама, тато, баба, дедо, прадедо ти итн..
4. Да, Не зошто?
5. Нашиот генерален менталитет по ова прашање.
 
Не те сакаат мама и тато пеер?:pos:
Ова комшика му солеше памет на комшија малце постар од него, плус со попреченост дечкото. Слушнав и ја направив партал.
А тоа дали ме сакаат мене или не ич на мајка ти п.."иперот" да не и чуе. <3
 
Нашите на 22-23 години 2-3 деца ќе склепат и играт ГТА и кантер а баба и дедо ги гледат децата , камоли на 18-19 да се осамостојат. :pos:

И финансиски да сме ситуирани мислам дека пак ќе продолжиме со таа традиција , едноставно тајфата на купа може да ни е trade mark како нација. Јас сум финансиски независен од дома , имам место кај да живеам сам , и пак си седам со фамилијата. Нема бајо мој подобро чувство сите кога ќе си дојдете од работа у скоро исто време и кафенце мафенце , па нешто запржено со салата , заебанции муабети ово оно.:P
Е сега кога се мажиш/жениш 2-3 деца да ти трчат по дома , нормално е да се делиш од родителите али пред тоа да се деси јас лично не би.
 
Ја на 16,отидов од дома ! Емигрант !
Сега имам 30 години и кога ќе подледнам наназад тоа беше најправилниот шекор што сум го направил.
Емигрирав у Шпанија на 16 години,ко бајаги на одмор одам.Спиев по паркови,работев како садомијач по кантини.
Денес сум угледен и ценет човек,работам на висока позиција во меѓународен хотелски синџир.
 
Веќе 2 недели сум заминат од дома, во Скопје сум и таму работам, баш пред 3-4 часа си дојдов и пак тој муабет, и пак тие се едни исти банални кавги како ,,зошто си го именувал кучето така, комшивката се вика така и се лути''-type of shit. Си дојдов после 2 недели и ,,аде на лозјето утре сабајле во 6'', и како да седам? Во градот нема ништо, нема свирки, нема забави, нема салам луѓе за да си направиш муабет, а да не е за комар и озборување. Камо да можам и од државата да заминам.
 
Не е така тоа ајде замини,не сме запад,не е така лесно една плата не стига за ништо
 
Јас иако живеам на запад, и имам неделни примања од 700$ сеуште не можам да си дозволам да се исселам и да живеам самостојно, а не пак кога повторно би се вратил во Македонија, нема да знам крајо кај ми е. Дали кирија да платам, дали сметки да покријам, дали да јадам или едноставно на вода да живеам.
 
Веќе 2 недели сум заминат од дома, во Скопје сум и таму работам, баш пред 3-4 часа си дојдов и пак тој муабет, и пак тие се едни исти банални кавги како ,,зошто си го именувал кучето така, комшивката се вика така и се лути''-type of shit. Си дојдов после 2 недели и ,,аде на лозјето утре сабајле во 6'', и како да седам? Во градот нема ништо, нема свирки, нема забави, нема салам луѓе за да си направиш муабет, а да не е за комар и озборување. Камо да можам и од државата да заминам.
А за промена да направиш бизнис план,и со лозјето да направиш богатство? си размислил?[DOUBLEPOST=1496437540][/DOUBLEPOST]
Не е така тоа ајде замини,не сме запад,не е така лесно една плата не стига за ништо
Најди парт-тајм работа,како плус на основната,работи и во слободните денови.Ете ти решение ))))
 
А за промена да направиш бизнис план,и со лозјето да направиш богатство? си размислил?[DOUBLEPOST=1496437540][/DOUBLEPOST]
Најди парт-тајм работа,како плус на основната,работи и во слободните денови.Ете ти решение ))))
Со 4-5 декари и 10км. оддалечено од дома? Неможе да се покријат горивото и препаратите, а не пак да имам некоја чиста пара. Башка 2 години ги каснат парите и после фирмите,,одат во стечај''. Оди со дедо и тато расправај се.
 
Во Македонија нема да можеш самиот ни 30години да исплатиш станбен кредит со овие примања, еве јас сум речиси целосно излезен 7години од дома, едвај еднаш во месец дена се гледам со моите, првите 3 години имав поддршка од дома околу финансии за факултетот, а останатите 4 години работам и сам си платив постдипломски студии, кирии, сметки, храна, облека, регистрација и одржување на возило, излегувања, одмори и се што си носи животот, но за да купам свој дом ќе треба да подигнам кредит сигурно на период од 30години.
Не верувам дека ни во апла развиените земји може да се застане на стабилно тло првите 10 години ако почнеш од нула, но сепак стандардот е далеку подобар и таа аклиматизација би била пократка.
 
дабл пост
 
Сосема си во право!
 
А за промена да направиш бизнис план,и со лозјето да направиш богатство? си размислил?[DOUBLEPOST=1496437540][/DOUBLEPOST]
Најди парт-тајм работа,како плус на основната,работи и во слободните денови.Ете ти решение ))))
И иц да не бидам слободна?? И да немам слободни денови??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom