Замена за протеинските шејкови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Delux123
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 декември 2012
Мислења
189
Поени од реакции
24
Возраст
30
Протеински шејк додаток во исхраната пред и после тренинг,Дали може готовиот протеин што со него прават шејк да се замени со некоја друга варијанта.

пр.Белки со банана слично или нешто друго што че замени оброк пред или после тренинг.
Барав низ форумот неможев да најдам само готови протеински шејкови гледам..:D
 
Имав пробано со 2-3 белки ,банана ,200мил млеко ,10тина јагоди за вкус со блендер се тоа...се е тоа убаво но пред тренинг некаде 1:30 саат бидејќи 1 саат си ко мртов коњ бидејќи таа течност е многу тешка за пиење ,мене стомакот ми беше ТУПАН!

Пробај не знам можеби твојот желудник поинаку ќе го поднесе ,јас иако имам проблеми со желудникот ,но ептен е тешко за пиење...
 
Дали е претерано малце со овошјето 10тина јагоди плус банана ја мислам дека повеќе може се нареќе Шеќерен Шејк :D
 
5 белки и 100 грама изварка од Идеал шипка.
Комбинирај со овошје и со овесни снегулки имаш добар post-workout оброк.
 
Протеински шејк (шејк со протеин прав) е тешко заменлив бидеки е протеинот е од него е брзовпивачки.
Секоја храна е поспора бидејки треба да пројде низ метаболизмот да се разгради до протеин.
 
Јас го праам овој:
-4 цели јајца
-2 големи лажици какао
-мед/шеќер/ или декстроза
-1на банана
-300мл млеко

850калории/ 45грама протеин/ 85грама јаглехидрати/ 35грама масти
 
Протеинскиот шејк тешко дека ќе го замениш со храна, затоа што тој протеин во прав содржи разни протеини и амино киселини како на пример BCAA (разгранети амино киселини) кои мускулите побрзо ги искористуваат.
 
Немасно млеко и овес, овесот е одличен извор на протеини.
 
Јас стално пред вежбање си ставам 3 белки +банана+ млеко + мед + кикиритки 800мл добиван негде и после 1и пол саат одам на вежбање имам премн енергија ако не го испијам едноставно тренингот не ми е ист можда малку се белки ама толку се може тоа е тоа
 
Така ми имаат кажано :)

Млекото ти е подобар избор на протеини од овесот во таа комбинација. Овесот е ОК во однос на други житарици ама во споредба со јајца месо и млеко е слаб извор на протеин.
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 02:06 ---
Протеинскиот шејк тешко дека ќе го замениш со храна, затоа што тој протеин во прав содржи разни протеини и амино киселини како на пример BCAA (разгранети амино киселини) кои мускулите побрзо ги искористуваат.
Секоја храна содржи BCAA и аминокиселини.
 
Секоја храна содржи BCAA и аминокиселини.
Да точно во храната се наоѓаат аминокиселини и BCAA само што разликата е во тоа што во една доза протеински прашок има околу 17g различни врсти на протеини. Така да ако во денот пиеш по две или три дози испаѓа дека внесуваш повеќе од половина од потребните протеини само со шејкот, другото нормално со храна(затоа и не треба да биде замена за оброк). Нормално дека можеш таа количина на протеини да ја внесеш и само со храна, но храната еве месото на пример покрај протеини содржи и масти а мастите ја успоруваат апсорпцијата на протеините.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom