Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Првата грешка на мистиците ја направи кога објави дека има совршена идеја, :) сега не бегај од одговорноста и сноси ги консеквенците.
Биди доследен до краји одговори ми, ако сакаш секако.
Никој со сила не те тера...инаку немам јас никакви лоши намери, до сега требаше јасно да ти биде тоа.

Ти не читаш до крај нели? Скокаш редови кои што не ги разбираш? Погледни го текстот и разбери. (без да ми вадиш цитати и да ми објаснуваш што си разбрал, претежно сите тоа го работат)
Оттука студентот нека ги разбере сиве овие работи и нека ги комбинира во својата Вештина, обединувајќи ги со врвниот метод на Тишина.
Студент си? Имаш вештина која што е дадена натаму-наваму низ нашите книги? Имаш разбирање за јазикот кој што го користиме? Милисш напразно ве „ТЕРАМЕ“ да имате пракса?
Зошто мене ме прашувате кога јас немам никаква одговорност кон никој од вас... немам ни последици :)
 
Ти не читаш до крај нели? Скокаш редови кои што не ги разбираш? Погледни го текстот и разбери. (без да ми вадиш цитати и да ми објаснуваш што си разбрал, претежно сите тоа го работат)

Студент си? Имаш вештина која што е дадена натаму-наваму низ нашите книги? Имаш разбирање за јазикот кој што го користиме? Милисш напразно ве „ТЕРАМЕ“ да имате пракса?
Зошто мене ме прашувате кога јас немам никаква одговорност кон никој од вас... немам ни последици :)
Може нема последици, ама имаш одговорност.
Праксата требало да те доведе до ситуација во која ти си едно со се што постои. Од тука е "одговорноста" која впрочем е едниствената чиста форма на љубовта.
Моето длабоко уверување(интуитивно), е дека не треба да практикувам никакви пракси, освен она што на мене ќе ми "прдне на памет" народски кажано.
Секој по својот пат, терајте си и да ви посакам да не се изгубите, како што би рекол Кроули.
"Ако идејата е која било друга, а не Врвната и Совршена идеја и студентот загуби контрола, резултатот е лудило, опсесија, фанатизам, парализа или смрт (додади зависност од озборување и неизлечива мрзеливост), зависно од природата на неуспехот."
 
Ајде нека ви е среќна новата година, да ви се множи стадото :)

Ова за одговорноста и последиците, сигурен ли си дека е така или само се надеваш да е така?
Јас на пример скоро и да сум сигурен дека грешиш., од причина што твоето беседење овде не е само ветер во пустина. Позади тоа има цел, и очекување за некаков резултат кој само ти го знаеш.
И самиот кажа дека законот не ослободува од последиците.:cool:
 
Да се надеваме моето е ветер низ пустината :)

Гладувај ти, О човеку, за бесконечното: биди незаситен
за конечното; така на Крајот
ќе го растргнеш конечното, и ќе станеш бесконечното.

Биди ти поалчен и од ајкулата, поисполнет
со копнеж од ветерот помеѓу боровите.

Исцрпениот аџија се бори; заситениот аџија
запира.

Патот свртува нагоре: секој закон, целата природа мора да се
надмине.

линк
 
Дрнкање на харфа од пајакова мрежа.:pos:
 
Дрнкање на харфа од пајакова мрежа.

Точно... :) Ашколсун :)
А пајакот има осум нозе точно колку што има и Тифарет на Дрвото на Животот :)
Кој има ум, нека ги брои и разбере, тоа е бројот на Светиот Грал :)

линк
 
Дали има солидни аргументи дека овие тврдења не се апофенични?
Дали тврдењата изнесени на темава се производ на тенденцијата мозокот да создава шеми со смисла, во безсмислената "бучава", може да знаеш само ако и самиот ги искусиш тие тврдења. Со читање и докажување на форум, сигурно нема да го знаеш одговорот, на твоево прашање. Затоа што без разлика дали некој ќе ти потврди или негира, ќе остане твоето верување или неверување.

Еве како потсетување што беше кажано:

VI. СПИРИТУАЛНИОТ СЕНЗОРИУМ
  1. Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото. Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
  2. Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета.
 
Неограничено е празен збор. Со додавање на не пред зборот ограничено, се добива празен поим кој може да послужи само за да импресионира побавни умови. Ако нешто човекот не може да сфати, односно да го опојми на некој начин, тоа е сигурен знак дека зборот со кој го пишува или кажува тоа нешто (ништо) изразуваа чиста бесмисла.

Бог и човек на една безначајна планета, тоа е само малку предвечерна поезија. Кога сакам поезија, ќе го прескокнам Кроули, Бодлер, Рембо и Сегален ми се подраги...

;)
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 00:22 ---
Дали има солидни аргументи дека овие тврдења не се апофенични?

Има, телемитите велат дека е така...

;)

Да живее циркуларната логика...
 
Неограничено е празен збор. Со додавање на не пред зборот ограничено, се добива празен поим кој може да послужи само за да импресионира побавни умови.

Колку си само во право дека Неограниченото е празен збор :) Ништо го нарекуваат евреите... :)
Со додавање на не... која магика се добива ако правилно се додаде тоа не,но тоа нема да го дискутирам со тебе на форум...
Само идиот и будала може и сака да биде импресиониран од било што... такви, не сакаме благодарам :)

Инаку во Книгата на Законот за тоа не (LA на еврејски) и на други места е доволно објаснето.
 
Да ги прашам телемитиве дали го подржуваат NWO на Рокфелер и остало друштво?
Некако не добивам дефинитивен одговор од дискусиите по темиве. Ако може без : ) -смајлиња :)
 
Дали има солидни аргументи дека овие тврдења не се апофенични?

За неиницирани и за луѓе што не работат а само наслушнале или површно се интересираат за работата се е апофенично и во се бараат смисла и разно разни докази...
Си играат со броеви, со нотарикон, со разни методи на енкрипција... премногу стануваат импресионирани од „случајни погодици“ :)
За иницирани сепак, некои работи се кажуваат на уво а и работата си го прави своето... и затоа, конечен одговор за на форумов:
Да, апофенични се овие тврдења овде за сите вас... тоа е тоа...

Но јас постојано велам: работете! Ако го смирите умот ќе исчезнат многу бескорисни муабети од вашиот ум :)
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 01:49 ---
Да ги прашам телемитиве дали го подржуваат NWO на Рокфелер и остало друштво?
Некако не добивам дефинитивен одговор од дискусиите по темиве. Ако може без : ) -смајлиња :)

Јас немам конечен и дефинитивен став за NWO... и не можам да зборувам за сите телемити.
П.С. Премногу комплекса и премногу наполнета тема со измислици и теории што не ми привлекува внимание.
 
Јас немам конечен и дефинитивен став за NWO... и не можам да зборувам за сите телемити.
За се друго имаш став а за ова немаш? :)
Како тоа агендата ви е да го доведете во функција, а немате сопствени ставови. Претпоставувам во тој дел вие како колектив функционирате и имате колективна одговорност.
 
Ајде сега убаво објасни што сакаше да кажеш со здебеленото бидејќи навистина не те разбрав каква функција каква агенда кои бакрачи какви ставови...

А ако сакаш да ти ја нахранам мислата и да ти биди ок, ајде еве друг одговор: уф ептен го обожавам Новиот светски поредок Боди! Сите ќе страдате и ќе коленичите за корка леб бидејќи Рокфелер е Утринската Ѕвезда :) Аман не сте деца ...
Изгледа само ако вака ви одговара човек вие ќе бидете задоволни на форумов :)

P.S. Има тема NWO во мистерии... ако си запнал за тоа оди таму...
 
Ајде сега убаво објасни што сакаше да кажеш со здебеленото бидејќи навистина не те разбрав каква функција каква агенда кои бакрачи какви ставови...

А ако сакаш да ти ја нахранам мислата и да ти биди ок, ајде еве друг одговор: уф ептен го обожавам Новиот светски поредок Боди! Сите ќе страдате и ќе коленичите за корка леб бидејќи Рокфелер е Утринската Ѕвезда :) Аман не сте деца ...
Изгледа само ако вака ви одговара човек вие ќе бидете задоволни на форумов :)
Има service to self и service to others.
Сите "движења" или работат на првото или на второто.
NWO може да постои само ако доминира service to self. :)
Вие телемитите сте беспрекорни во тој дел, до сега не најдов некој "не себичен".

И пак не ми одговори :), само празен обид да ја избегнеш проблематиката.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom