⚠️ ВНИМАВАЈТЕ! Ако размислувате за ортодонтски третман или фиксни протези – НЕМОЈТЕ ВО ДЕНТАЕС!
Отидов со прави заби а завршив со искривени заби и сериозни компликации.
Го споделувам моето лично искуство со цел да предупредам секој кој планира да стави фиксна протеза.
Во ДентаЕс отидов пред неколку месеци поради неправилен загриз,со цел естетско подобрување на мојата насмевка.Се одлучив за Damon system поради повеќето предности меѓу кои и поретки контроли (2–3 месеци), бидејќи поголем дел од времето сум надвор од Македонија. Ги одбрав ДентаЕс како специјализирани за тој систем, а и затоа што докторката Елена е единствен едукатор за Damon систем во Македонија – мислев дека сум на вистинското место. Имав големи очекувања, кои на крај завршиа со катастрофа.
Протезата ми ја постави Глигор Анѓелкоски,кој се претстави како ортодонт и кој на нивната веб страна се води како „доктор по ортодонција“, а е всушност општ стоматолог со само посетени курсеви за Damon system. Во практика тоа значеше дека човек кој нема завршена специјализација по ортодонција и НЕ Е сертифициран ортодонт всушност го спроведуваше мојот третман,што резултираше со сериозно влошување на цела вилица.(Доказ за неговата НЕстручност се сликите подолу.)
Ова го дознав дури кога веќе беше направена штетата. По само месец дена,се стана многу полошо,моите првично прави заби беа искривени и вилицата ми беше изместена,а одговорот на докторот беше “Секогаш може да биде полошо пред да биде подобро”.По консултација со повеќе ортодонти во Македонија и странство беше повеќе од јасно дека станува збор за аматерски лепени брекети кои ја влошуваат состојбата и целиот третман беше осуден на неуспех. Мојот третман се одвиваше како дел од неговата практична обука, што резултираше во сериозни компликации.
Откако состојбата тргна на лошо, “докторот”кој ми ја постави протезата практично „исчезна“ – не презеде никаква одговорност за последиците од неговата работа.
Веднаш побарав префрлување кај д-р Елена,со надеж дека сум во раце на професионалец и знае што треба да поправи.Докторката освен што не ја призна очигледната грешка дури и бараше да потпишам изјава дека корекциите кои ги направи се на “мое барање “– се со цел прикривање на пропустите на нејзините вработени и ми рече како јас психички не сум била спремна! Всушност, беше потребно целосно прелепување на брекетите,но тоа не беше направено.
Ситуацијата продолжи да се влошува: изгубив секаков загриз, забите се движеа во погрешна насока,а поради погрешно поставената протеза развив и сериозни инфекции во уста.Наместо преземање одговорност,докторката ми предлагаше крвни анализи и ми сугерираше дека причината сум „јас“ (психички неподготвена), што не беше соодветен одговор моите проблеми.Кога побарав отстранување на фиксната протеза ми беше одбивано и ме молеше да продолжам,иако состојбата не се подобруваше.Па пак ми правеше корекции,затоа што се беше погрешно залепено.Беше повеќе од очигледно дека сум на погрешно место и дека не добивам правилен третман.По долги убедувања конечно се согласи да ми ја извади протезата.
По вадење на фиксната имав силни болки,лабави и чувствителни заби кои траат и денес,а поради несоодветен третман и применети прекумерни сили на почеток на третман дијагностицирана ми е и ресорпција на коската и оштетување на забната глеѓ. Како резултат на стресот поминат таму, развив анксиозност и панични напади.
Не би сакала никој да поминува низ истото, и се надевам ова мое искуство ќе помогне некому.
Отидов во ДентаЕс за подобрување на насмевката – а излегов со сериозни физички и психички последици.
Очекував професионалност, а добив аматерски третман!
Ви препорачувам внимателно да ги проверувате квалификациите на лекарите и да барате второ мислење пред да започнете третман се со цел да избегнете трајни последици по Вашето здравје.
Сумирано – изгубено време, пари, нерви,здравје и долгорочни последици.
‼️Пазете во чии раце го ставате
вашето здравје и избегнувајте вакви непрофесионални клиники по секоја цена!!
Во прилог се слики од состојбата пред третманот (15.01.2025) и еден месец после започнувањето (15.02.2025)
Секој нека си процени дали вреди.