На свеченото отворање на Олимпијадата во Пекинг, американскиот претседател Џорџ Буш седел веднаш пред српскиот претседател Борис Тадиќ и министерот Вук Јеремиќ. При проаѓањето на српските спортисти пред свечената ложа, нему му привлекло внимание и му создало дилема: зошто Тадиќ и Јеремиќ им отпоздравуваат на српските олимпијци со три кренати прсти? Се завртел и ги прашал, а овие му одговориле:
"Господине претседателе, трите подигнати прсти претставуваат стар православен симбол со кој се крстиме, а го означува Светото тројство: Отецот, Синот и Светиот дух. Со време тоа станало симбол со кој секогаш се поздравуваме кога Србија е во прашање, како што е тоа сега на Олимпијадата", пренесува Дневник.хр.
"Еј, па тоа е одлично"-рекол Буш и ги подигнал трите прсти при проаѓањето на неговите олимпијци.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.