Забава на Бегово Поле, под врвот Солунска Глава

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.455
Поени од реакции
35.232
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Штотуку ја добив оваа информација, па мислам дека вреди да се сподели:

begovopole.jpg
Традиционално од 15 до 17 jуни 2012, во организација на Планинарскиот клуб
Македон ќе се одржи забава на Бегово Поле под врвот Солунска Глава. Ова е
прекрасна можност за сите оние кои сакаат еден викенд да поминат во природа,
рекреација и дружење.

Во програмата е предвидено тргнување во петок (15 јуни)
од пред железничката станица - Скопје во 17:00 часот со организиран превоз до
планинарскиот дом Караџица, каде сместувањето е во самиот дом и во шатори
обезбедени од организаторот.

За сабота планирано е факултативно искачување на
врвот Солунска Глава како и главниот настан - незаборавна забава со рок бенд на
Бегово Поле (2000 мнв.).

По враќањето назад во домот следи планинарско гравче
за ручек, а вечерта повторно забава и дружење во планинарскиот дом Караџица и
следење на натпреварите од ЕУРО 2012 на платно.

Недела е предвидена за кратки прошетки и поаѓање кон Скопје околу 13:30 часот. Цената за комплетниот викенд е 1200 денари со сместување во дом, како и 800 денари со сместување во шаторскиот кампус (вреќи и подметачи обезбедени од организаторот).

Информации на www.makedon.mk,

FB page http://www.facebook.com/pkmakedon и

070/398-368 Бојан

070/390-540 Алек

ping Batistuta
 
Скапо, 150 денари е смештајот за една ноќ во домот, и превозот е околу 180-200 повратна со воз до богомила.После се фаќа такси за 50 денари и те носи до не знам каде, другарите мои знаат како се вика местото, и од таму се почнува да се качува кон домот. Јадење се понесува од дома, и све на све околу 600 денари максимум имаме трошоци.
1200 денари е дупло, јас може да си отидам своеволно со друштвото, бидејки ке ми биде поефтино.
 
:) Рок бендот чини 600 денари :icon_lol:
 
Во Богомила такси фаќаат а? :)
 
Има една девојка од Богомила со голф што изиграва такси на тие дестинации во тој регион, само бројче ти треба :)
Такси на повик не сум знаела :)
Остај број на темава ќе се најде некогаш.
 
Такси на повик не сум знаела :)
Остај број на темава ќе се најде некогаш.

Така нешто, број ќе оставам деновиве оти јас го немам зачувано.. ако на некој му треба итно нека пише ПП ќе гледам побрзо.
 
** такси го викаат,иначе див превозник(ци) се возат за фиксна цена од станица Богомила до околните села
 
Во Богомила такси фаќаат а? :)
Да, моите другари, 5-6 пати беа до сега до Солунска глава, и што ми кажуваа, така правеле, од Богомила, такси фаќале до не знам каде, неколку км од богомила било местото кај што се симнувале, и толку колку што пишав погоре, ги чинело патувањето со едно ноќевање .
Последниов пат, пред месец дена, отидоа со воз, и од планинарскиот дом се качиле на слоунска глава и пешки си дошле до драчево (таму живеат) за 20 часа со отприлика 4 часа одмор по пат. Ке ги изедело мечка за малку, ненормални.
 
За ноќевање е 150 денари, со јадење и пат ќе ви испадне 600-700 ден, а овие претерале. Само резервирајте си кај домарот да не нема случајно место во планинарскиот дом Чеплес па да треба да се враќате дома или пак до Нежилово да спиете :)
 
Да, моите другари, 5-6 пати беа до сега до Солунска глава, и што ми кажуваа, така правеле, од Богомила, такси фаќале до не знам каде, неколку км од богомила било местото кај што се симнувале, и толку колку што пишав погоре, ги чинело патувањето со едно ноќевање .
Последниов пат, пред месец дена, отидоа со воз, и од планинарскиот дом се качиле на слоунска глава и пешки си дошле до драчево (таму живеат) за 20 часа со отприлика 4 часа одмор по пат. Ке ги изедело мечка за малку, ненормални.

fv9t84.jpg
 
Не ја отвара сликата.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 00:53 ---
А и кога реално ке размислиме предвидено е таму да се биде 3 дена со 2 ноќевања, + организирана е забава, и уреди за пратење еуро 2012. Па треба нешто и организаторот да земе, кога ке видиме и не е толку скапо 1200 ден.
Превозот е до Планинарскиот дом, или не остава доле на подножјето на планината па ние се качуваме 1000 метри до планинарскиот дом?
Има ли пат за возило до домот знае некој?
 
Само не се возете со таа жената од Богомила, "Такси Ризик" е тоа..
 
пријатели, ми се чини дека измешавте малку брзини тука.
Се работи за престој во планинарски дом Караџица, тоа е на планината Караџица и најбрзо се стигнува преку Драчево - Количани - Преслап - Алдинци - планинарски дом... не се работи за Чеплес, домот до кој се стигнува од Ореше, од велешка страна, од станицата после Богомила.

Ако нема дожд, постои црн пат до самиот планинарски дом, е сега не знам дали организаторите предвиделе превоз до самиот дом или пат до Преслап, па после пешачење (по остиот црн пат - макадам) до планинарскиот дом (ако не се лажам околу 2 - 2ипол часа).
 
Еднаш се качив на солунска и душава ми испадна, втор пат не верувам дека ќе има, иначе одлично е ова :)
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 06:37 ---
Има една девојка од Богомила со голф што изиграва такси на тие дестинации во тој регион, само бројче ти треба :)

Мислам дека ја знам, женската има црвен голф ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom