За пуштање „бомби“ 4 години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што ако Иванов аболира некој Станко, никој нема да го стави тоа во извештај. Ако судот не го осуди, иако Станко има ставено потпис на документ, тоа ќе влезе во извештај. Притоа Станко не е Гордана.

Мислиш до толку нафта пијат странците и никој нема да разберат и сфати што се случува со Уставен, посебно сега кога сме под рефлектори.

Ова може уште како бонус да влезе во извештаите за делот за судството.
 
Мислиш до толку нафта пијат странците и никој нема да разберат и сфати што се случува со Уставен, посе но сега кога сме под рефлектори.

Ова може уште како бонус да влезе во извештаите за делот за судството.
Далеку од тоа дека пијат нафта. Ама не сакаат брутална сила, а од друга страна ептен почитуваат суптилно подјебавање.
 
Реков дека не коментирам, ама не држи душата. :)

Грујо е на работ, само малку треба да се поттурне. Вчера беше на ивица да си потпише политичко самоубиство, ама не се фати на мамката. Ако распишеше избори на 24 Април, толку ќе беше од него. Ќе беше единствениот лидер во Европа со непризнати избори.

Мислам дека истото ќе му го направат и во Јуни, Бејли и компанија ќе му кажат дека нема услови за фер избори, ама сега нема да има враќање, Груевски ќе мора да распише избори за да не испадне смешен.
 
Ако го направат, ок, ќе се согласам дека е на работ. Ама ако не го направат, и напротив, ја притиснат СДСМ да учестува на избори без закон за медиуми? Тогаш, каква би била констатацијата?
 
Ако ја притиснат СДСМ да оди на избори, а да му ја остават контролата на медиумите на Груевски, тогаш СДСМ ќе биде во многу лоша ситуацуација. Медиумите се клучот. Ако Грујо ја изгуби контролата врз медиумите, целиот негов фиктивен свет ќе се сруши.
 
Се знае каква е секогаш констатацијата:
- Маестрален потег на Груевски, Заев се заеба.
И у затвор да го пикнат Груевски, тоа ќе биде логичниот заклучок.
 
http://plusinfo.mk/vest/59234/bejli-reformite-vo-mediumite-na-masa-i-pred-i-po-izborite
Се знае каква е секогаш констатацијата:
- Маестрален потег на Груевски, Заев се заеба.
И у затвор да го пикнат Груевски, тоа ќе биде логичниот заклучок.
Кога реченица започнува со ако, тоа значи дека е прашална. Не е констатација.
 
Оваа изјава може да се протолкува на различни начини. Никој не сака отворено да влезе во војна со никого, освен белгиецот кој веќе јавно и отворено ги подјебува ДПМНЕ.

На СДСМ барем им е јасна насоката, нема излегување на избори се додека Грујо не се откаже од Гебелсовиот систем.
 
Основнa градивна единица на секоја успешна структура е лојалност. Било да се работи за партија, мафија, држава, компанија.

За каква лојалност во дпмне зборуваш ? За онаа во вид на меница и потпишана бланко оставка
 
Оваа изјава може да се протолкува на различни начини. Никој не сака отворено да влезе во војна со никого, освен белгиецот кој веќе јавно и отворено ги подјебува ДПМНЕ.

На СДСМ барем им е јасна насоката, нема излегување на избори се додека Грујо не се откаже од Гебелсовиот систем.
Не, не. Законот за медиуми беше дел од договорот за избори. Ако Бејли кажеше дека законот за медиуми треба да се договори пред избори (особено што остана само уште едно спорно прашање), тогаш никој немаше да му се налути. Вака, кажува дека за истиот ќе се зборува и после избори. Да, дипломатски речник е, ама многу јасен дипломатски речник. Еве и нешто подиректно, од упатен човек. http://plusinfo.mk/mislenje/1234/nemavme-dobar-proekt-za-mediumite-nema-sega-za-shto-da-zalime

Ван Хојте со глупите мачки само си изгуби 35000 евра од дневници. Не знам зошто му требаа. Притосокот од април натаму ќе се префрли врз СДСМ. И доколку САД рече дека избори ќе има (нели, под таа претпоставка разговараме, ако речат обратно Груевски е заебаниот) тогаш ќе мора да излезат на избори.
 
Се збори дека, одреден мал број функционери од горните ешалони, со време започнаа стрпливо да работат на лично повлекување од жешките кругови и своите газиња ги сместија на невидливи, небитни позиции, од каде што можат лесно и да исчезнат од маѓепсаниот круг.
images

Нив не им требаат овие измени, од вчера.
 
Не, не. Законот за медиуми беше дел од договорот за избори. Ако Бејли кажеше дека законот за медиуми треба да се договори пред избори (особено што остана само уште едно спорно прашање), тогаш никој немаше да му се налути. Вака, кажува дека за истиот ќе се зборува и после избори. Да, дипломатски речник е, ама многу јасен дипломатски речник. Еве и нешто подиректно, од упатен човек. http://plusinfo.mk/mislenje/1234/nemavme-dobar-proekt-za-mediumite-nema-sega-za-shto-da-zalime

Ван Хојте со глупите мачки само си изгуби 35000 евра од дневници. Не знам зошто му требаа. Притосокот од април натаму ќе се префрли врз СДСМ. И доколку САД рече дека избори ќе има (нели, под таа претпоставка разговараме, ако речат обратно Груевски е заебаниот) тогаш ќе мора да излезат на избори.

Вчера Грујо беше многу нервен, и ситуацијата беше тензична. Има време до Јуни, ќе се завртат пак работите. Мора да сфати раководството на ДПМНЕ дека времето на изборни кланици е минато. Што се однесува до Геро, јас скоро и да престанав да го читам. Не знам ни што сака, ни на што се надева.

А што се однесува пак до Ван Хојте, не се сведуваат сите луѓе на пари, некои имаат и принципи.

Ќе заборавев нешто важно. Денес на Курир се случи нешто неверојатно. Беше пренесена изјавата на Заев во целост, без да биде коментирана, барем не во тој напис. И тоа е некој знак дека Гебелс во Македонија мора да умре.
 
Не би брзал толку со оцената за тоа дека ќе нема пред избори договор за медиумите.

nah2.jpg

hovit(2).jpg

Во нивната изјава условот за медиумите останува, има време до јуни ќе видиме.
 
Дур си на одмор или у странство подолг период, можда комшијата или роднината ќе се грижи за твоето куче. И оно ќе се навикне на него.
Али нема никад да забораи кој му е вистинскиот господар.
 
Вчера Грујо беше многу нервен, и ситуацијата беше тензична. Има време до Јуни, ќе се завртат пак работите. Мора да сфати раководството на ДПМНЕ дека времето на изборни кланици е минато. Што се однесува до Геро, јас скоро и да престанав да го читам. Не знам ни што сака, ни на што се надева.

А што се однесува пак до Ван Хојте, не се сведуваат сите луѓе на пари, некои имаат и принципи.

Ќе заборавев нешто важно. Денес на Курир се случи нешто неверојатно. Беше пренесена изјавата на Заев во целост, без да биде коментирана, барем не во тој напис. И тоа е некој знак дека Гебелс во Македонија мора да умре.
Нервозен или не, Груевски вчера постапи разумно. Си го истрпе ударот по его, и испазари поволна позиција. Ти реков, ако се завртат пак, веднаш ќе се согласам дека го тегнат за нос, и дека ќе го стават во ситуација да мора отворено да се конфронтира. Ама не сум убеден. Геро, без разлика дали знае што сака или не, е информиран. На пример, прв го спомна 5ти јуни како датум за избори. http://www.plusinfo.com.mk/vest/56344/obnoveno-razumen-kompromis--izborite-na-29-maj И во оваа, и во постара колумна.
Не би брзал толку со оцената за тоа дека ќе нема пред избори договор за медиумите.

Прегледај го приврзокот 139854

Прегледај го приврзокот 139855

Во нивната изјава условот за медиумите останува, има време до јуни ќе видиме.
Хан рекол, Хан одрекол. Всушност, Груевски беше подготвен да смени датум, пред Хан да инсистира да биде 24ти и го охрабри Груевски да го “цементира“. Па на крај Америте да му го кршат цементот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom