За многу години Македонци,честит 11 октомври

  • Креатор на темата Креатор на темата Doc Holliday
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Епа Македонци каде и да сте на оваа планета,нека ви е честит овој празник,овој свет празник.
Пукањето на првите пушки во Прилеп и во Куманово,што го означува почетокот на ослободувањето на Македонија од Фашистите.
Уште еднаш,за многу години
 

честит празник, на овој ден се кренавме против Бугарско-Балистичките сили кој заедно со Германските единици ја окупираа Македонија, За прв пат после поделбата во 1913 единиците на НОБ вршат координарни акции и прелевања со Егејските бригади како и Пириснките чети.

да ни текне додека уживаме во денешните мали благодети, колку крв и жртви се дадени за да дојдеме до парче слободна земја.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
 
Честит празник на сите Македонци и вечна слава на хероите меѓу кои и мојот дедо Кузман Јосифовски -Питу!!
 
За многу години денешниот празник. Чест и слава за 25,000 жртви за нашата денешна слобода!
 
Честит нека е празникот и нека е за многу години !!! Овој празник ми е синоним за тоа дека на нашиве им прекипело од Бугариве да им кажуваат кои се и што се па оделе или сега или никогаш нема да се оттарасиме од татарското племе !!! За наша среќа се завршило со наша победа и истерување засекогаш на татарското племе кое дооолги години духовно не мавал во глава. Слава им на сите жртви што го дадоа животот во Втората Светска Војна !!!
 
Честит празник Македонијо. - Да си вечна и вековита.
Честит праника Македонци. Љубов, здравје, среќа и берикет да ве следат насекаде низ нашава државичка мила.
 
chestit 11 vostanichki oktomvri makedonski., <> za vekovi

macedonian_flags.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom