@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Шанса за поезија по македонски
Шанс длја поэзии (по-македонски)
Сергеј Бирјуков
Овој пат ќе ви раскажам за патешествието во Македонија на поетискиот фестивал «Стружские вечера поэзии», впрочем, по-македонски звучи – «Струшки вечери на поезиjата».
Таа парола во Македонија е веќе 44 години. Тоа е нај устоичив фестивал во Европа ( кој се одржува без прекин), а можеби и во светот. Низ него минале три илјади автори од сите четири страни. Кога светот беше поделен на два логора, Струга стана поетски мост. Награда на фестивалот «Золотој венец» се доделуваше на руски поети, различни години него го добиваа Роберт Рождественскиј, Булат Окуджава, Андреј Вознесенскиј, Геннадиј Ајги...
Се започна на аеродромот во Скопје, каде, јас бев предупреден , дека треба да извадам виза. Таму констатираа дека немам виза.
Јас ги изговорив волшебните зборови: «Струшки вечери на поезиjата» – и ми велат дека се ќе биде в ред, дека визата веднаш ќе ја добијам ... Јас зборувам на руски ,тој на-македонски, а ние се разбираме.
На улицата се доближија уште двајца учесници на вечерта. Јас обрнав внимание на нив во Будапештанскиот аеродром – висок маж , по изглед скандинавец, и неговата сопатничка. Заедно летавме во авионот до Скопје- во состав од само седуммина.
И тука се запознавме – колумбиската поетеса Анхела Гарсија и шведскиот поет Ласе Сёдерберг.
На фестивалот имаше доволно многу учесници, ,кои пишуваа истовремено на два или повеќе јазици. Анхела, например, живее во Шведска, а нејзиниот пријател – , пишува и на шведски и на шпански јазик . Виетнамскиот поет Нгуен Ши-трунг живее во Германија и пишува и на виетнамски и на германски, а преведува уште и на англиски и французски, босанецот Јосип Ости живее во Словенија и пишува на словенечки, Едвард Лјуси-Смит роден на Јамајка, живее во Англија, јапонецот Јасухиро Јацумото живеел во САД, сега живее во Германија, а пишува на јапонски и англиски, суданецот Тарек Елтаеб, роден во Египет, живее во Австрија, пишува на арабски и германски, германецот Јохен Винтер живее во Париз, англичанецот Питер Во живее во Виена, тунисецот Еди Бурауи живее во Канада, накрајот, поетот-лауреатот оваа 2005 година американецот Вилјам С. Мервин живее на Хаваите... На англиски пишуваат или се преведуваат сами себеси скоро сите учесници на фестивалот. Токму како што рекол Паоло Коелјо, «ако тебе те нема на англиски, тогаш тебе те нема воопшто».
Но продолжува првата ноќ во Скопје. Нас не носат во скромен мотел ,колку да преноќиме , ни даваат клуч и даљинско од телевизор..
Утрото после доручекот се сретнав со Вјачеслав Купријанов и со Питер Во, со кои заврзавме разговор за фонетската поезија .Понатаму во микроавтобуси се одвезовме во Струга по , три часа, тоа е пат низ половина од државата , на југ, кон албанската граница.
Таму е познатото, чистото Охридско езеро, на неговиот брег два стари града – Струга и Охрид, возникнати во античкото време, добивајќи посебен расцвет при Филип Втори Македонски во 4 век до нашата ера.