N
n/a
Гостин
Малку сума-сумарум од плелодбата на `економските експерти` од дпбне.
Рекорден трговски дефицит од 2,87 милијарди долари
Минусно салдо во трговската размена е предизвикана од скапиот увоз на нафта, електрична енергија, производи од железо и челик и автомобили
Лани извезовме стока во вредност од 3,97 милијарди долари, а увозот вредеше 6,85 милијарди долари
Македонија ја заврши 2008 година со трговски дефицит од 2,87 милијарди долари, што е точно за една милијарда долари повеќе отколку во 2007 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Рекордното минусно салдо во трговската размена е предизвикано од скапиот увоз на енергенси. Земјава лани најмногу увезуваше сурова нафта, електрична енергија, производи од железо и челик и автомобили. Македонските компании најмногу извезуваа фероникел, производи од железо и челик и облека.Вкупната вредност на извозот во периодот јануари-декември 2008 година изнесува 3,97 милијарди долари, а на увозот - 6,85 милијарди долари.
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека големата јавна потрошувачка и дефицитот во платниот биланс може да ја загрозат економската стабилност на Македонија. Во годишниот извештај на ММФ за макроекономската состојба на земјава се вели дека дефицитот во тековната сметка достигна 14 отсто од бруто-домашниот производ. Според монетарците, овој растечки дефицит е голем ризик за економскиот раст на Македонија. ММФ ова го аргументира со податокот дека само пред една година тој изнесувал 0,3 отсто од БДП.
- Дефицитот во платниот биланс расте поради дебалансот во трговската размена со светот, помалиот прилив на девизни пратки од странство и од влијанието на приходите од големите плаќања по основа на дивидендата на телекомот - стои во извештајот.
Експертите предупредуваат дека галопирачкиот раст на трговскиот дефицит станува толку многу опасен што ќе донесе девалвација, а тоа ќе притисне и врз инфлаторната спирала.
- Проблемот со трговскиот дефицит е стара рана на македонската економија, но досега беше толерантен и се финансираше со приватните трансфери од странство. Но, од оваа година станува толку голем што под знак прашање се става неговото покривање - велат експертите.
Според статистиката, Македонија забележала драстичен пораст на обемот на трговската размена, кој во изминатата година надминал 10,8 милијарди долари, што е за 26,2 отсто повеќе отколку во претходната година.Покриеноста на увозот со извоз изнесува 58,1 отсто, што претставува осетно намалување во споредба со 2007 година, кога покриеноста изнесувала 64,2 отсто.
Најзначајни партнери во надворешнотрговската размена на Македонија во изминатата година биле земјите-членки на ЕУ (59,5 отсто) и земјите од Западен Балкан (35,5 отсто), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите од ЕУ (48,1 отсто) и земјите во развој (30,8 отсто).Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу тргуваме со Србија, Германија, Грција, Русија и со Италија (49,8 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). Со некои од овие трговски партнери Македонија остварува суфицит во трговската размена.
ИНФО-Една милијарда за една година
За една година трговскиот дефицит на Македонија порасна за една милијарда долари. Рекордното минусно салдо во трговската размена е предизвикано од скапиот увоз на енергенси. Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека големата јавна потрошувачка и дефицитот во платниот биланс може да ја загрозат економската стабилност на Македонија.