За една ноќ три инциденти во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
За една ноќ три инциденти во Охрид

недела, 08 мај 2011, 17:30

Уште не започната летната сезона Охрид брои крвави инциденти. Изминатата ноќ за само 4 часа имаше сериозни инциденти со физички пресметки во три ноќни кафулиња. Охриѓанецот Христијан Битрак е во животна опасност откако со пресечен врат е хоспитализиран. Неговата забава во клубот “Еспана“ завршила кобно откако на паркингот пред клубот бил нападнат со остар предмет. Тројцата напаѓачи ќе одговараат за обид за убиство. Лекарите кои го лекуваат оечкуваат да закрепне.

Во исто време на другата страна од градот во кафулето “Пулс“ со тупаници и клоци, шишиња, чаши и пепелници кои летале на сите страни се пресметувала поголема група гости. Сите учесници завршиле со повреди и биле приведени од полицијата. По кратко време сите биле пуштени дома. Инцидент имаше и пред ноќниот клуб “Хавана“. Еден наслиник на кого му бил забранет влезот во клубот, со нож сакал да се пресмета со обезедувањето. Во моментот пред локалот имало група млади очевидци на немилиот настан.
Инцидентите следуваат само една недела по состанокот на полицијата со угостителите, на кој полицајците уверуваа дека Охрид е безбеден град. Охриѓани соочени со ноќните инциденти на почетокот од туристичката сезона во страв само претпоставуваат што може да се случи во текот на летото ако полицијата не стави контрола врз ноќните авантури на насилниците.

на едниот инцидент кој се случуваше во Хавана бев и очевидец (типот сакаше да влезе во локалот со тренерки обезбедувањето не го пушташе и овај напрај инцидент )

жално ако продолжи вака ќе ни пропадне туристичката сезона :drk::drk::drk:
izvor Alfa tv http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=36751
 
Човек да прдне и се крева галама во градов, тепачка како тепачка се случуваат инциденти нормално. Секојдневие во поголемиете градови па никому ништо.
 
Човек да прдне и се крева галама во градов, тепачка како тепачка се случуваат инциденти нормално. Секојдневие во поголемиете градови па никому ништо.

Па не знам кој така јако прди за на некого да му биде пресечен вратот :/
 
Човек да прдне и се крева галама во градов, тепачка како тепачка се случуваат инциденти нормално. Секојдневие во поголемиете градови па никому ништо.

Не е нормално мала држава сме и се се` дознава и одма на вестите и по весници на насловна..... а и тиња народ сме бе... ете не го пуштиле во тренерки (нормално е си може така му е наредено кој да пушта кој не).... и ќе му се дигни овој ќе се прави џек демек еј ти мене ? тиња сме и одма тепачки во мода помеѓу младите е сега колење бодење секој носи нож.... ова филмовите влијаат многу сите се пренесени чакар макар. ЖАЛНО
 
сега телевизијата не воспитува :)
 
Да за се е виновна телевизијата. Зашто на мене не ми штети или на вас? Кога не им фаќа црпката никој не им е виновен и најверојатно од дома не се воспитани.
 
мене ми штетеше телевизијата...веќе година и пол не гледам .) ниту гледам вести....:) телевизор користам само за некоја комедија....
ма џабе ги воспитуваат дома......
сега се тепаат сегде.....сега гледам за 5 месеци се колат по училиштата......го погледнал накоцкесто........
не го пуштил в клуб....бам........
абе..
 
Е убо де, неморало тема да отварате.
Се истепале се истапале, ништо страшно.
 
Чисто сумњам Охрид е мирен град мирни луѓе... ова не е вообичаено за Охрид :)
 
Да за се е виновна телевизијата. Зашто на мене не ми штети или на вас? Кога не им фаќа црпката никој не им е виновен и најверојатно од дома не се воспитани.

големо влијание има телевизијата и тоа што се прикажува на неа најмногу на младите не оформени личности....се и сешто се гледа со никаква забрана од родителите и после оф леле детето го глуме чакар како пука wtf? па ќе го глуме 24/7 пред ТВ тоа дете се гледа ногу знае шо требе шо не....па и овие 15-16 години кога ќе ги видам како се пренесуваат ццц ми се плаче
 
Како да не.Ако си сељак и да не си видел телевизор во првата прилика ќе се степаш.
 
Распрден народ, сите со пиштоли и ножеви џоа во Камбоџа живееме и ќе има вакви случаи. За полицијата не коментирам, увек откако се ќе заврши пристигаат.
 
Чисто сумњам Охрид е мирен град мирни луѓе... ова не е вообичаено за Охрид :)
ахахахаа мирен град можда ама само кога не е сезона, кога е сезона на охриѓани сите им се криви и цело време се љути.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom