S
Shellshock nam67
Гостин
За една ноќ три инциденти во Охрид
недела, 08 мај 2011, 17:30
Уште не започната летната сезона Охрид брои крвави инциденти. Изминатата ноќ за само 4 часа имаше сериозни инциденти со физички пресметки во три ноќни кафулиња. Охриѓанецот Христијан Битрак е во животна опасност откако со пресечен врат е хоспитализиран. Неговата забава во клубот “Еспана“ завршила кобно откако на паркингот пред клубот бил нападнат со остар предмет. Тројцата напаѓачи ќе одговараат за обид за убиство. Лекарите кои го лекуваат оечкуваат да закрепне.
Во исто време на другата страна од градот во кафулето “Пулс“ со тупаници и клоци, шишиња, чаши и пепелници кои летале на сите страни се пресметувала поголема група гости. Сите учесници завршиле со повреди и биле приведени од полицијата. По кратко време сите биле пуштени дома. Инцидент имаше и пред ноќниот клуб “Хавана“. Еден наслиник на кого му бил забранет влезот во клубот, со нож сакал да се пресмета со обезедувањето. Во моментот пред локалот имало група млади очевидци на немилиот настан.
Инцидентите следуваат само една недела по состанокот на полицијата со угостителите, на кој полицајците уверуваа дека Охрид е безбеден град. Охриѓани соочени со ноќните инциденти на почетокот од туристичката сезона во страв само претпоставуваат што може да се случи во текот на летото ако полицијата не стави контрола врз ноќните авантури на насилниците.
на едниот инцидент кој се случуваше во Хавана бев и очевидец (типот сакаше да влезе во локалот со тренерки обезбедувањето не го пушташе и овај напрај инцидент )
жално ако продолжи вака ќе ни пропадне туристичката сезона

izvor Alfa tv http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=36751