За Чудата

Член од
4 ноември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Дали верувате во чуда: мироточиви мошти, икони, Светиот оган? Јас верувам, но мислам дека не треба да бараме чуда (што би се рекло - преку леб, погача) - туку дека се тие само пропратна појава кај вистинските Христови следбеници. > по зборовите Христови: Maтеј 16:4 Само грешни и безбожни луѓе бараат чудотворен знак, но ним нема да им биде даден никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона!“ Потоа Тој ги остави и си замина.
 
Сепак на поголемиот дел од народот на Земјата им треба некакви докази за да се уверат во веродостојноста на било што.
 
А кој е поточно знакот на Јона, Екскалибур?

Истото го прашав пред 2-3 месеци, никој незнаеше да одговори во религија, нешто ја спомнуваа арката... Незнам, сеуште адекватен одговор немам добиено...
 
Лука 11:30

Имено, како што Јона им беше знак на Ниневијците, така и Човечкиот Син ќе биде за овој род.

Веројатно сака да каже дека како што Јона ја претскажал пропаста на Нинивејците така и Христос ја претскажал(или бил знак)за пропаста на овој род.
 
Јона одел контра Божјата волја, сакал да избега од таа обврска , да им ја соопшти на Нинивејците пропаста но не можел, Господ направил бура за бродот во кој Јона бегал. Кога Јона се фрлил во море за да ги спаси другите на бродот, бурата одеднаш престанала а тој завршил во стомакот на китот. Таму бил се додека не решил да ја спроведе Божјата волја, тогаш Бог го ослободил. Кога ја соопштил пропаста, Нинивејците почнале да живеат чесно и добро со надеж дека ќе бидат поштедени и Бог ги поштедил. На тоа Јона малку се налутил бидејќи испаднал лажго, но кај и да е пак се помирил со Божјата волја. :)

Приказната е и многу метафоричка по мене, бегање од Божјата волја (нашата вистинска волја) е патот на стравот, лутината, неизвесноста, па потоа во телото на китот како во затвор, т.е. депресија. Па кога ќе дојдеме до ќорсокак од каде нема бегање ќе мора да собереме храброст за права акција.

Како што пишуваше психијатарот Мајкл Скот Пек што се случува со луѓето кога ќе дознаат дека се неизлечиво болни и дека ќе умрат. Прва реакција - шок, неверување дека тоа нив им се случува, потоа лутина и омраза поради тоа, па кога нема фајде од тоа - депресија. Е, дури потоа следи прифаќање на ситуацијата - помирувањето.

Треба да умреме за себеси, за нашите лични егоистични желби, само тоа е патот кон личната среќа. Кој сфаќа ќе разбере.
 
Истото го прашав пред 2-3 месеци, никој незнаеше да одговори во религија, нешто ја спомнуваа арката... Незнам, сеуште адекватен одговор немам добиено...


„Знакот на Јона„ е старозаветна паралелна на Христовото воскресение: како што старозаветниот Јона преживеа 3 дена во стомакот од големата риба/китот, а сепак остана жив, така и новозаветниот Христос, по 3 дена поминати во гробот, вокресна.
 
Back
На врв Bottom