You can dance!

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Незнам дали сеуште некаде го има, но ако не, се сеќавате сигурно на прекрасното музичко шоу "You can dance", во кое постојано талентите во играње се натпреваруваа за голема сума на пари. Друг муабет е тоа колку се нервирам што кај нас нема ништо слично ... навистина тажно.
Туку случајно најдов едно видео од нив, па побарав уште неколку за да ве потсетам. Едвај се одлучив што да ставам, навистина сите се предобри. Во продолжение можете да ја доразубавите темава со други нивни клипчиња што вас ви се допаѓаат или со нешто друго, само да има добро играње, за да не сте оф топик. :)

:vozbud:

Ахх убаини!
Дури и да има вакво нешто, народов не е доволно „созреан“ да ги гледа. Сведоци сме на тоа како се гледа на групите што играат по спотови, а па за денсање по журки...
Ама еве му на народов поздрав: :kez: Ние пак ќе денсаме! :helou:
И емисијата на Џени Лопез беше добра, а денсерите феноменални!! Еве нешто од таму:

Ова се случува кога nerds мислат дека кулираат.

Тотално ја уништија песната. МИслам дека никогаш повеќе нема да ја слушам со "исти уши".

А за другите, ај, некако ги сварив.
 
Тоа го велиш затоа што ова се едноставни чекори кои за тебе се гола вода и се ништо ако се споредат со некоја кафанска изведба на маса или? Во тој случај жал ми е што ти ги расипав песните.:toe::nesum::kez:
Осс, кога имала ма Џеј Ло шмизлата такво шоу? Ја нејќам откако се омажи за Марк, ама дечињава одлично и играат. Мх, мх, мх!:vozbud:
 
ептен се добри...

овие ми беа најјаки :)
 
Тоа го велиш затоа што ова се едноставни чекори кои за тебе се гола вода и се ништо ако се споредат со некоја кафанска изведба на маса или? Во тој случај жал ми е што ти ги расипав песните.:toe::nesum::kez:
Осс, кога имала ма Џеј Ло шмизлата такво шоу? Ја нејќам откако се омажи за Марк, ама дечињава одлично и играат. Мх, мх, мх!:vozbud:

Хех, што сакаш да кажеш? Дека префирирам кафанско преку ова? Си се излажала. Види го мојот аватар па заклучи дали сум таква личност. За другите како што реков ОК беа, ама овие што ги цитирав...
 
Не мислев на тоа, туку дека не би требало тука да е пресудно која музика оди во позадина на талентиве. Тоа мене ми уметност и ми дојде онака лошо што мислиш дека не е вредно. А ти го видов аватарот и претпоставив точно зошто не ти се свиѓаат.:kez:
Како и да е, мило ми е што ете барем нешто ти било и тебе ок:smir:
 
Тоа го велиш затоа што ова се едноставни чекори кои за тебе се гола вода и се ништо ако се споредат со некоја кафанска изведба на маса или? Во тој случај жал ми е што ти ги расипав песните.:toe::nesum::kez:
Осс, кога имала ма Џеј Ло шмизлата такво шоу? Ја нејќам откако се омажи за Марк, ама дечињава одлично и играат. Мх, мх, мх!:vozbud:

Имаше пред 2 години одприлика, ако не се лажам. Сакала да покаже колку и бил тежок нејзе животот како денсерка. :pipi: И сакала да им даде шанса на дечкиве, навистина се талентирани.
А Нора, премногу објективно мислење имаше, кое не го коментирам. :helou:
 
Не мислев на тоа, туку дека не би требало тука да е пресудно која музика оди во позадина на талентиве. Тоа мене ми уметност и ми дојде онака лошо што мислиш дека не е вредно. А ти го видов аватарот и претпоставив точно зошто не ти се свиѓаат.:kez:
Како и да е, мило ми е што ете барем нешто ти било и тебе ок:smir:

ОК е. Peace :ojea:. Само сакав да кажам дека таа песна не им беше баш најприлагодна, затоа и реков. А за чекорите... секоја им чест. Немам ништо лошо да речам. Луѓето си се стварно талентирани, за тоа капа им симнувам. Туку мислам дека е доволно, ај да не ја тупам веќе вака, да не ти ја рушам темата. Мислам дека ги надминавме несогласувањата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom