Хуманоидот од Атакама

  • Креатор на темата Креатор на темата Шкорпион
  • Време на започнување Време на започнување

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Локација
Meridian (Earth 99-2525)
Едно од посветлите, поконтраверзните делчиња на Сириус документарецот кое сметав дека заслужува посебна тема, особено што е се уште work in progress.

Се работи за хуманоидно суштество пронајдено во пустината Атакама, во територијата на Чиле, кое е само 14ина сантиметри високо, а пронајдено е во едно од најсувите делови што постојат во светот. И покрај тоа, според научните истражувања, се смета дека суштеството живеело до возраст од 6 до 8 години пред да умре, а проценето е дека умрело пред отприлика еден век. Не само што е фасцинантно како успело воопшто да се движи нормално со својата големина, туку и како преживеало во пустината на таква суша, без храна и вода.

И самиот изглед фасцинира, бидејќи иако со многу сличности, очигледно покажува физички карактеристики кои не се конвенционално човечки, особено во пределот кај черепот. Размерот на тело спрема глава е поизразен отколку кај нас, со тоа што черепната комора е поголема (не само поинаку формирана) од таа кај луѓето, има остатоци од возрасни заби, не бебешки, и има само 10 ребра. Навидум изгледа како нешто фејк, но правени се ренгенски снимни и генетски испитувања. Заклучокот од страна на научникот од универзитетот на Стенфорд е дека хуамноидот е грубо човечки, во генетска смисла. Со други зборови, генетски е поблизок до нас отколку шимпанзото (кое дели едно 97% генетска сличност со нас), и дека дефинитивно е потврдено дека имало човечка мајка, Чилеанка, и дека голем дел од човечките гени ги има наследено од неа. Исто, проследено е дека се работи за мажјак.

Најфасцинантниот дел е кога пробале да ги најдат генетските секвенци кои знаат да ја нарушат насоката на развување на човечкото тело, и тие кои предизвикуваат мал раст кај обичните луѓе, истите не биле присутни, што сугерира дека мутагените карактеристики (ако се воопшто мутации), се предизвикани од нешто по-"нормално". Со други зборови, не знаат кои се причинителите за растот и изгледот, но дека не се генетски аномалии кои ни се познати нам, и кои се појавуваат кај нас од време на време, и дека истите се веројатно резултат на нормален развиток (или барем така се мисли).

Причината за смрт се пар фрактури на различни делови од телото, една кај десниот хумерус, и една на задниот дел од черепот, кои се причините за смртта. Што значи, да не биле истите повреди, суштествово веројатно ќе продолжело да живее, и покрај неверојатните неповолни услови и својот раст.

Генерален извор, и таму можете да бидете во тек со истрагата, бидејќи се ова се прелиминарни испитувања.
atacamahumanoid2.jpg
ata2.png
atacama+humanoid+(5).JPG
atacama.jpg
atacama-humanoid.png
1365446494322_zpsd73651f5.jpg
AH-XRay-Crop-1.jpg
BEBE-CR-from-9-27-2012-S3-I0.jpg
 
По интернетов се врти се и сешто но размислувајќи со своја глава многу е едноставно да се примети дека нема шанса да се работи за хуманоид. Има наоди дека сепак се работи за екстратерестријално суштество но стандард тоа се прикрива. Многу е тешко со вакви теории однапред да се заземе страна затоа вика нека верува кој во што сака.
 
По интернетов се врти се и сешто но размислувајќи со своја глава многу е едноставно да се примети дека нема шанса да се работи за хуманоид. Има наоди дека сепак се работи за екстратерестријално суштество но стандард тоа се прикрива.
хех, хуманоиди се двоножни човеколики суштества

Во нив спаѓаат Арапите, Сивите, Јети, чудовиштето од мочварата (Swamp Thing), фудбалерите, Штрумфовите, Ангелите.....
 
Имаше пред некое време едно вакво слично за кое се чудеа, па изпадна дека е мајмун капуцинер со отстранета опашка....
 
што и да е, од каде и да е, сепак поттикнува на размислување :cautious:
 
Ме интересира дали овој е Грк или во заблуда сум?
грк од швајцарија... мислам дека требаше по косата да претпоставиш дека нешто не е во ред :)

он топик - малку сум разочаран од документарецот, 80% од времето е посветено на стивен гриер, а ептен малку на нешто суштинско, вклучувајќи го и створчево
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom