Неможе да биде само Христијански метал. Зборот христијански не определува правец во металот. Мора да биде или хеви, или треш, или спид, или готик, или њу метал (како случајов на BlinD што постирал). А само метал да го кажеш неможе да биде,. . . може ама и неможе, зашто тоа е веќе општ поим. Христијански се додава ако тематиката на песните е таква. А концептот на инструментите неможе да биде само Христијански метал. Христијанскиот метал сам по себе не постои, поради што нема музичка карактеристичност која би го оформила во нов правец, од таа причина христијански доаѓа само како придружба на горенаведените термини.
Ако ме прашате мене, драпање мадиња е ова. Доколку незнаеш за што пејат, ќе си речеш „Еј добар треш бенд“, слушајќи ја само музиката. Зошто мора да се додава цел нов збор, кој ги буни луѓето во помислата дека излегол нов правец во металот, само за да си се истакнат дека обработуваат христијанска тематика. Тематиката уопште не треба да влијае во именувањето на некој бенд, во неговото класифицирањето. Таа работа ја врши инструменталниот дел. Затоа се глупости ова. Се се тоа стандардни хеви, треш, дет итн бендови.