Читателките на тин магазинот ТАА по десетти пат
избраа НАЈмомче на годината.
Овој пат во конкуренција беа пет момчиња кои оставија белег во годината што измина: Виктор Апостоловски, Дарко Илиевски, Даниел Данн, Христијан Тодоровски и Димитар Атанасовски.
Момците беа номинирани во јануари, а читателките на ТАА скоро цел месец гласаа за својот фаворит.
Се гласаше преку смс и меил пораки, преку анкета на веб страницата на ТАА, а во редакцијата на списанието стигнаа и неколку писма.
Најголем број гласови собра еден од македонските тин идоли, Кико, а тинејџерките освен што праќаа пораки дека е најубав и сладок, пишуваа дека ја сакаат неговата музика, ама и дека би сакале да се најдат во неговата прегратка.
А што рече Кико?
„Чувството да се биде ТАА НАЈмомче е навистина прекрасно, зашто читателките ме избрале мене и виделе во мене НАЈмомче. Ми беше многу драго кога слушнав, посебно што уште еднаш се докажа колку верни фанови имам, кои се залагаат за мене и им благодарам на сите коишто ми ја доделија оваа навистина најпрестижна тин титула“.
Досегашни ТАА најмомчиња се Тоше Проески, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Петар Ѓошев, Ламбе Алабакоски, Александар Белов, Стефан и Мартин Филиповски и Тони Зен.
Извор: http://hitportal.com.mk/index.php?o...le&id=2302:2011&catid=178:mkzvezdi&Itemid=528