Хортензија

  • Креатор на темата Креатор на темата The countess
  • Време на започнување Време на започнување

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Возраст
31
Локација
Skopje
Хортензијата е едно од моите омилени цвеќиња .​

Доволнa е само една вазна со хортензија за да направите разлика во вашиот амбиент ​

​
Таа е е многу популарна ширум САД и често може да се види како украс во домовите , елегантните венчавки и градините . Нејзините ливчиња се најчесто во нежно розева , сина , бела и виолетова боја . ​

Хортензијата e едно од омилените цвеќиња и на популарната Blair Waldorf од нашата сакана серија Gossip Girl . ​

Овој вид на цвеќе потекнува од Азија и расте во периодот од рана пролет се до есен . Во последно време се почесто го гледам ова растение низ дворовите во мојата населба. Дали одгледувате вакво растенија или дали воопшто одледувате цвеќиња?​

A-PinkHydrangeaWhiteLilac.jpg


6554937079_3ba35402b7_z.jpg
 
Незнам за цвеќево ама од повеќето некои теми кои ги имаш отворено гледам дека имаш одличен женски вкус за многу работи (y) бравос (y)
 
Blue_Hydrangea.jpg

Некој што има вакво цвеќе да ми каже како да го одгледуваме? Каква е таа течност што се става за да ја задржи сината боја?
Земав 10 за на балкон да ги ставам сите. Дали треба да се нон стоп под сенка или може и на сонце одреден дел од денот?
 
Прегледај го приврзокот 245564

Некој што има вакво цвеќе да ми каже како да го одгледуваме? Каква е таа течност што се става за да ја задржи сината боја?
Земав 10 за на балкон да ги ставам сите. Дали треба да се нон стоп под сенка или може и на сонце одреден дел од денот?

Од нет.

„Хортензијата најдобро успева на полусенка и влажни места. Треба да се садат на места кои се сончевити до пладне, а после пладне се во сенка. Тие бараат хумусна, рамномерно влажна и благо кисела почва. Ги поднесуваат и најладните зими, но најдобро е да се засадат на заклонети места за да се заштитат нивните цветни пупки од доцните пролетни мразеви. Хортензијата има потреба од вода, но со залевање не треба да се претерува бидејќи во тој случај може да дојде до гниење на растението. Само кај белите сорти на хортензија бојата не зависи од почвата бидејќи секогаш се еднакво бели. Во кисели почви (pH 4 до 5) цветовите ќе бидат сини, а во благо кисели до неутрални почви (pH 5,5 до 6) розеви и црвени. Доколку сакате вашите хортензии да ја задржат самата боја што ја посакувате, од розеви да ги претворите во сини, еднаш до два пати во месецот потребно е во водата за залевање да додадете алуминиум сулфат.“
 
Back
На врв Bottom