Хитовите на Дино Мерлин, плагијат?!

  • Креатор на темата Креатор на темата El Bohemio
  • Време на започнување Време на започнување

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Локација
Битола
Дино Мерлин изгради кариера на плагијати?! Тој се претставува како врвен музичар, а всушност својата кариера ја изгради копирајќи странски изведувачи. Така една од неговите најслушани песни од крајот на осумдесетите Мјесечина, настанала на основата на нумерата Where Did I Go Wrong во изведба на бендот UB40.

Сите се сеќаваме на хитот на Мајкл Џексон They don't care about us, на основа на која истата година Мерлин ја направил песната Кад све ово буде јуче. Ви приложувам неколку хитови на Дино Мерлин кои се дефинитивно плагијати, уверете се сами...

UB40 "Where did I go wrong" (1988)- Мјесечина (1989)
Мајкл Џексон "They don't care about us" (1996) - Кад све ово буде јуче ('96)
Лука Карбони "Farfalina" (1988) - Паша мој солидни ('95)
Marijus Miler Vesternhagen "Es geht mir gut" (1994) - Не дај ме ником ('95)
Tonik "If you could only see" (1997) - Кад си рекла да ме волиш (2000)
Сазен Аксу "Deger mi hic" (1986) - Заборави (1993)
Ману Чао "Me gustas tu" (2000) - Бурек (2004)
Принс "When doves cry" (1984) - Остаче истине двије ('93)
Jusu N' Dur "My daughter" (1989) - Годинама
 
Баш ме интересира, која е оригиналната на Умри пре смрти?
 
Па многу пејачи имаат плагијати. Дино Мерлин е еден и единствен може само да му го:drk: на оние шо и смета тоа.
Можеби има некоја сличност но не е иста а тоа е дозволено. ;)
 
да се работеше за наш пејач очи ќе му извадевте...
Никој очи на Владо Јаневски на пример не му извади, сеуште се тепаат за карти на неговите настапи, а и сите премногу си го почитуваме ;)
 
Никој очи на Владо Јаневски на пример не му извади, сеуште се тепаат за карти на неговите настапи, а и сите премногу си го почитуваме ;)
да а затоа на победникот на макфест уште наредниот ден му се направи јавен линч...
 
да а затоа на победникот на макфест уште наредниот ден му се направи јавен линч...
Немој да споредуваш дебитант кој допрва треба да се покаже на сцената со некој што има направено еден куп песни и концерти, било да е странски или наш пејач. Како дебитант секој прво треба да се покаже со нешто уникатно, а после да си дозволува да ја шири славата врз основа на плагијати.
 
да а затоа на победникот на макфест уште наредниот ден му се направи јавен линч...
кој е тој победникот? колку концерти има направено победникот?
јавен линч или на народот му дошло до нова 'печурка' на естрадата
 
Никој очи на Владо Јаневски на пример не му извади, сеуште се тепаат за карти на неговите настапи, а и сите премногу си го почитуваме ;)

тоа е затоа што имате ниски стандарди за музика
 
Мерлин не крие дека музиката од некои песни е плагијат...
Апсурдно е да мислите дека напраил плагијат на песна од Мајкл Џексон и да мисли дека никој нема да знае за тоа...

И понатаму мојот омилен пејач од овие простори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom