Херој

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Кој е херојот на вашиот живот? Дали вие некому сте биле херој? Какво херојско дело сте направиле без разлика дали тоа е врз човек или животно? Херојско дело кое го имате видено?
:)
 
Еве и јас како создадител на темава ќе кажам... моето писледно херојско дело беше кога пред две недели две деца малтретираа една мала мачка... јас им свикав и тие се подзаплашија и си заминаа. А потоа и ја нахранив мачкава.

П.С. Можеби и не е толку херојско делово, али бар ја спасив мачката :)
 
Мој херој-Татко ми (ептен го сакам чоеков и му се восхитувам како тоа решава некои работи)

Херојско дело- Пред некој ден видов едно мало комшивче како застанало од другата страна на мостот као демек ќе скока во реката (која едвај 1 метро е длабока), а од зад него другарчето го трга и му вика-Иди ваму бе будала, не се глупирај, ајде преминувај. Тоа вика-Нема бе, че рипнам, остај ме.
Му се потприближив до него и му викам- Котле(така му е прекарот), ајде преминувај од другава страна, да не ти врзам два три шамари, че скокал в река, мочко еден. Сместа да те видам. И детенцево си премина фино лепо и си го фати патот под нозе.

Не е херојство (оти херојство има друго значење) но ете еден интересен настан од мене.
 
Кој е херојот на вашиот живот? Дали вие некому сте биле херој? Какво херојско дело сте направиле без разлика дали тоа е врз човек или животно? Херојско дело кое го имате видено?
:)
Мислам само овие две прашања имаат смисол да се дискутира и само за нив ќе дискутирам. Другите две прашања се однесуваат за мене лично и јас не можам да кажам сам за себе дали сум или не сум ваков или таков, а тоа не може да го направи било кој друг. Пред се не е вкусно сами себе да се фалиме.
Ако се запрашаме што е тоа херој, според мене е да направиш некое дело во корист на другите луѓе при тоа изложувајќи се на исклучителни напори и ризикувајќи го својот живот или трпејќи жртви или голема штета
Да појаснам со пример: Секој лекар речиси секој ден спасува животи, но тоа не е херојско дело туку негова секојдневна работа.
Според мене не е ниту херојско дело ниту изложување на големи опасности ако смисолот на тоа излагање на опасност не е помош на другите луѓе или чинење на нешто за општо добро
На пример многу е опасно и тешко да се качиш на Монт Еверест, но тоа алпинистите го прават за лична сатисфакција е не за помош на другите луѓе и тоа не е херојско дело.
Ако вака ги ограничиме работите, врз основ на овие критериуми можеме да најдеме многу луѓе кои направиле херојско дело помагајќи на други луѓе.
Мислам дека во оваа насока треба да дискутираме
За мене голем херој е Питу Гули кој го дал животот на Мечкин Камен, овозможувајќи им време на граѓаните на Крушево да се извлечат од градот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom