X51A

S

smart ass

Гостин
Скрамџет погонот не е нова идеја,се разбира но полека полека станува изводлива иако уште од 50 сеттите се вршени низа експерименти.
Инаку рамџет системот вели-наше гориво е воздухот-ДА точно е тоа и е во согласност со третиот њутнов закон,туку рамџет потисокот се добива нормално од комората за согорување и самиот аутлет,(nozzle)...(благодарение на брзината се разбира).за да имаме акцелерација мора да имаме поголем притисок во комората за согорување.Кај рамџет погоните ова е решено благодарение на брзината и движењето на леталото....еве на пример СР-71 е типичен пример.(додека кај "обичните погони"имаме компресор на воздух,кој потоа го праќа истиот до комората за согорување+горивото и јасно е).

Принципот кај скрамџет е идентичен,но со мала разлика,имено рамџет го користат воздухот при субсонична брзина,односно имаме проблем-како при суперсонична брзина повторно да го употребиме воздухот,без притоа да имаме загуба на потисок..или поточно утка.
од 60-сеттите можеме да збориме за скрамџет,тогашната идеја била во комората за согорување процесот да се одвива суперсонично,така да се сметаше дека ќе успеат повторно да го користат воздухот-без притоа да има намалување на перформансите.

И уште едно ограничување на скрамџет-слично како и рамџет-условот е да го користат воздухот,а за ова предуслов е брзината....конкретно за скрамџет минимум 4 маха изнесува истата...

Се разбира ова бара посебен дизајн,понатаму адаптација на комората за согорување,на инлет-от...

Но перспективата е огромна,замислете колку би биле приближно идеални овие погони,наместо ракетните-кои знаеме горивото и кислородот си го носат раме-уз раме..:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom