Второ место...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Дали некогаш сте се жртвувале за некој друг, ставајќи се на второ место, бидејќи тој ви бил поважен во дадениот момент?
Без оглед за каква работа станува збор, голема или некоја ситница, дали некогаш некој ви бил поважен од вас? Дали за да заштитите или одбраните некого сте истапиле напред, неразмислувајќи какви лоши последици ќе ви донесе тој чекор?
Колку можете да бидете непромислени, ако морате брзо да реагирате кога некому му требате? Всушност, сте такви или секогаш си земате некоја секунда за вас за добро да промислите што е најдобро за сите да направите?
Има ли вредни луѓе во вашиот живот поради кои би си наштетиле себе си и би се ставиле на второ место и кои се тие?
 
Кога сакам некого премногу ништо од работите што ги правам за него/неа не ги сметам за жртвување.
Да,можеби сум била јас во одреден момент на второ место ама тоа воопшто не ми пречело.Барем во љубовта и пријателството не сум себична и секогаш тие ми се поважни од самата себе и ако треба постојано би се жртвувала за нив затоа што без нив сум никој и ништо.
Ми се случило да истапам напред против цел свет за да заштитам една личност без разлика колку сите мислеа дека грешам и дека не постапувам правилно сепак...на крајот се покажа дека вредело сето тоа и дека нема ништо поубаво на светот да знаеш дека поради тебе таа личност е повторно среќна и ужива во животот.
По природа сум избувлива ама иако избрзувам секогаш го кажувам тоа што го мислам и никогаш после тоа не се каам за нешто што сум го направила.Сум сфатила дека за мене е најдобро да се водам според срцето затоа што досега никогаш не ме изневерило и точно знам за кого треба а за кого не треба да се завземам.Тоа се луѓе кои ми покажале и докажале дека и тие во одредена ситуација би го направиле истото за мене и затоа никогаш не се двоумам за нив.
Би трпела се само ако знам дека личноста која ми е драга е среќна и го заслужува тоа.
 
Никогаш не би го сторила тоа. Едноставно се мора да биде праведно, ако некој не може да биде прв тогш жал ми е АМА ПОДОБРА СУМ.
 
Повеќе пати. По ново, се обидувам себеси да се ставам на прво место, зашто ставањето себеси на второ место *не* е најдобрата пракса, како што се покажува сè повеќе.
 
Да, многу често. За луѓето што ми значат се жртвувам и се ставам себеси на второ место речиси секогаш. Човек може да ми стане близок, можам да го засакам и за помалку од еден месец познатство ако го почувствувам тој сјај во неговите очи и топлината на погледот, ако длабоко во себе знам дека поседува добра душа и дека нема лоши намери. За таквите луѓе го жртвувам своето спокојство, си наштетувам понекогаш и на себе со моите постапки за да им помогнам. Во последно време речиси секојдневно се случува тоа. Премногу им верувам на луѓето, ако ми наштетат таквите луѓе за кои сум се жртвувала не можам да се соземам некое време и едноставно не ми се верува дека сум погрешила.
Се надевам дека овој пат не погрешив.
Многу често наидувам на коментари знаеш дека тој и тој никогаш не би го сторил ова за тебе, но верувам дека секој заслужува шанса и сè во животов е едно искуство плус на кое треба повремено да се навраќаме.
 
Дали некогаш сте се жртвувале за некој друг, ставајќи се на второ место, бидејќи тој ви бил поважен во дадениот момент?
Без оглед за каква работа станува збор, голема или некоја ситница, дали некогаш некој ви бил поважен од вас? Дали за да заштитите или одбраните некого сте истапиле напред, неразмислувајќи какви лоши последици ќе ви донесе тој чекор?

Се случило да се залагам за некого, да помогнам некого, не размислувајќи за себе, затоа што така сум мислела дека во моментот дека е правилно. Не мора секогаш да е личноста блиска за да се ставам себеси на второ место, за да помогнам или се заложам за некој друг. Ако сметам дека така треба да направам, така и ќе биде, без оглед на последиците.

Колку можете да бидете непромислени, ако морате брзо да реагирате кога некому му требате? Всушност, сте такви или секогаш си земате некоја секунда за вас за добро да промислите што е најдобро за сите да направите?

Па јас сум позната што некогаш знам да се ставам во невидени г., без да размислам претходно како нешто би влијаело врз мене. А и не ни требало да размислам. Ако можам, ако е нешто за некој, одма без размислување сум тука и скокам во одбрана или што и да е.
Секогаш сум таква, во такви ситуации не реагирам и не размислувам затоа што сепак се работи за друг и за негова помош.

Има ли вредни луѓе во вашиот живот поради кои би си наштетиле себе си и би се ставиле на второ место и кои се тие?

Има. Се разбира. Најблиските луѓе. Но, како што реков и погоре, не значи секогаш дека само на најблиските би помогнала, ако сметам дека е правилно и дека треба би направила и за некој друг.
 
Дали некогаш сте се жртвувале за некој друг, ставајќи се на второ место, бидејќи тој ви бил поважен во дадениот момент?
Без оглед за каква работа станува збор, голема или некоја ситница, дали некогаш некој ви бил поважен од вас? Дали за да заштитите или одбраните некого сте истапиле напред, неразмислувајќи какви лоши последици ќе ви донесе тој чекор?
Колку можете да бидете непромислени, ако морате брзо да реагирате кога некому му требате? Всушност, сте такви или секогаш си земате некоја секунда за вас за добро да промислите што е најдобро за сите да направите?
Има ли вредни луѓе во вашиот живот поради кои би си наштетиле себе си и би се ставиле на второ место и кои се тие?

Да, многу често се ставам на второ место и ги правам сиве овие работи што ги наброја се` со цел за да заштитам некого, да спречам да биде повреден и слични работи. Мислам дека сето тоа го правам не размислувајќи за последиците бидејќи луѓето за кои го правам тоа се вредни во мојот живот (семејство, најдобри пријатели) и ми доаѓа како рефлексна реакција, нешто за што не размислувам ни момент а во тој миг ми изгледа како најдобра солуција, без да разгледам кои би биле последиците. Потоа ќе согледам и ќе сфатам дека е веќе касно за некои случаи. Но моите вистински пријатели знаат дека тоа го правам поради нив и дека сум секогаш тука ако им притребам и во добро и во лошо.
Што се однесува за второто твое прашање, би се ставила на второ место само не во спортот и во нешто друго за кое би работела напорно цел живот и би се стремела кон високи успеси. Тука амбицијата ми е пресудна. Се имам ставано на второ место често, не велам не, но не за толку важни работи.
 
Да. Фак но така така. Тоа ми е во природа. И тоа не само зашто мене ми е важен туку зашто некако ми е поголемот задоволството кога некој заради мене добил нешто. При помош сум секогаш тука за кого и да се работи. За рандом дете од улица, за колега/колешка, Бугар, комшија ако он ако биде во полоша ситуација од мојата после некое дејство, јас би застанал пред него.
 
Дали некогаш сте се жртвувале за некој друг, ставајќи се на второ место, бидејќи тој ви бил поважен во дадениот момент?
Неколку пати, да. Сум се жртвувал и скоро секогаш сум бил оној кој го влечел подебелиот крај целејќи да му угодам на некој друг.

Без оглед за каква работа станува збор, голема или некоја ситница, дали некогаш некој ви бил поважен од вас?
Многу пати. Има луѓе кои ми се поважни отколку јас самиот на себеси и за нив секогаш сум способен да се ставам на второ место, само за да можам да ги видам среќни и задоволени.

Дали за да заштитите или одбраните некого сте истапиле напред, неразмислувајќи какви лоши последици ќе ви донесе тој чекор?
Нажалост да. Неколку пати повторив една иста работа. Неколку пати се ставив на второ место притоа повредувајќи неколку личности, не знаејќи што правам. Едноставно порано претерував со давањето предност на другите во однос на мене.

Колку можете да бидете непромислени, ако морате брзо да реагирате кога некому му требате?
Во последно време, не сум воопшто непромислен. Скоро секогаш ја одбирам правата тактика со која би задоволил некој пред да се задоволам себеси, притоа внимавајќи да не оставам последици на другите околу мене.
Всушност, сте такви или секогаш си земате некоја секунда за вас за добро да промислите што е најдобро за сите да направите?
Кога правам нешто за друг, и кога тој друг го ставам пред мене, не ми се потребни секунди за мене. Се посветувам максимално за таа личност, и секако дека при посветувањето внимавам на постапките сепак задржувајќи ја таа личност во преден план, и оставајќи ги моите потреби на второ место.

Има ли вредни луѓе во вашиот живот поради кои би си наштетиле себе си и би се ставиле на второ место и кои се тие?
Има да, но нажалост малку се. Не би сакал да се загрозам себеси, помагајќи на било кој. Едноставно од она кое го имам проживеано до сега, научив дека да им помагаш на другите е колку добро, толку и лошо. Не секој го почитува и цени она кое го правиш.
За среќа имам неколку луѓе за кои би направил буквално се’. Би сакал да го споменам моето семејство, и неколкуте најблиски пријатели.
 
Дали некогаш сте се жртвувале за некој друг, ставајќи се на второ место, бидејќи тој ви бил поважен во дадениот момент?
Без оглед за каква работа станува збор, голема или некоја ситница, дали некогаш некој ви бил поважен од вас? Дали за да заштитите или одбраните некого сте истапиле напред, неразмислувајќи какви лоши последици ќе ви донесе тој чекор?
One for the team. Сум го кркал за екипата и тоа гадно, ама не се каам за тоа. Не беше толку многу заради заштита или одбрана туку заради гордоста моја и личната репутација која што ја имав.
 
за многу работи сум се ставил на второ место...а само за една личност....едноставно поке сакам таа личност да биди удоволена да биди задоволна...пошо јас ни се лутам ни ништо...така да сеедно ми е шо ке ми се случи мене....шо ке биди..мене ке ми биди...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom