Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
На кратко, според она ја што го знам, мислам дека најверојатно го убиле во местена сообраќајка.



Да го знаеш Патон каков бил, нема ич да ти се види тешко некој да сака да го убие. (секако други се причините тука)
Его-трип манијак и женкар.
Иљаду и една приказна и анегдота со него има.
 
Кога ќе си расположен некогаш, ако сакаш слободно пишувај...
Некаде од околу 50та страна ја пратам темата цело време.
Љубител сум на историја, но немам толку големи познавања за да пишувам и да се вклучам во дискусијата па така само читам, а богами конкретно за WW2 и бааги опсежни сте : )))
Случувањата што ги сподели околу германскиот титаник и целата таа приказна, многу fucked up...
Во секој случај интересно да се чита и да се знае.
Мислам дека денешнава ТикТок младина па и ич не ги интересира целокупно Историја, да знаат нешто, да се заинтересираат и да прочитаат, а тоа не е воопшто добро.
daily_stoics_20201115_1.jpg
 
Bulgarian armored brigade in November 1944 in Podujevo, Yugoslavia
800px-Poduevo_1944.jpg
 
image_2020-11-16_104241.png

:чда:

Boris_III_de_Bulgarie_en_compagnie_d%27Hitler.jpg

King Boris & Adolf Hitler


1024px-The_Sandman_a_B-24_Liberator%2C_piloted_by_Robert_Sternfels.jpg

U.S. B-24 over Ploiești, Romania in August 1943. Several B-24s were shot down on their return flight by Bulgarian fighters


The Bulgarian capital of Sofia suffered a series of Allied bombing raids during World War II, from late 1943 to early 1944. United Kingdom and the United States declared war on Bulgaria on 13 December 1941. The Southern Italy-based Allied air forces extended the range of their strategic operations to include Bulgaria and other Axis allies in 1943.

1Raids


Демократска антифашистичка и антикомунистичка Бугарија малку се закачила со сојузниците. Ништо страшно, само едно 11 пати била бомбардирана само Софија, од што Блгарија не била фашистичка, туку само биле неутрални администратори.
 
Последно уредено:
Германија побрза да и објави војна на САД и другиве германски сателити - истото го направиле, одма.
Објавување војна на земја, која не можеш да ја досегнеш никако, е смешно. Плус, причини за војна помеѓу HUN, ROM, BUL и USA, не постоеле.
Затоа Рузвелт не им објавил војна, туку преку Турција, по дипломатски пат се обидувал да ги наговори да ги повлечат објавите. После некое време, кога обидите наишле на тишина, бидејќи САД немале намера да им се предадат на триве земји погоре и они им објавиле војна на нив.

Дали Бугарија од тоа време може да се окарактеризира како фашистичка земја - не знам. Но, не е ни битно, бидејќи како и да е, била на таа страна. А, Цар Борис не бил фашист и не ги сакал многу-многу. Други се тие кои влечеле на таа страна. Смешно е, сликата во која се поздравува со Хитлер некој да ја претставува како доказ дека бил фашист.
 
ок, администратор бил
Види, кај сите овие три земји, имало струи кои не биле баш наклонети кон сојузување со Хитлер. Секако, имало појаки струи наклонети кон оската. Дали можеш да кажеш дека Унгарија, Романија и Бугарија биле фашистички земји, не знам. За Унгарија, веројатно може да се каже тоа, со поголема сигурност.

Но сеедно, бидејќи тие биле во сојуз со фашистите.
 
Што се однесува до планови за напад врз СССР, мислам дека биле работени повеќе од дефанзивен него офанзивен карактер, еве еден сојузнички генерал кој сериозно бил загреан за вакво сценарио е токму Џорџ Патон, кој загинува во мистериозна сообраќајна незгода.
Колку неговото хушкање околу ваква идеја, со авторитетот во јавноста кој го поседува тогаш има удел во неговата смрт, веројатно никогаш со сигурност нема да дознаеме, но останува фактот дека промоцијата на идеја за меѓусебен напад било жестоко потиснувана т.е репресирана на обете страни во периодот после ВСВ, и на Исток и Запад.

Еве чекор понатаму, меѓутоа доста влијае тоа што сум читал, се проценува дека доколку вакво сценарио би се реализирало најдоцна од крајот на 1947г, шансите за победа и тоа само со употреба на конвенционално вооружување се на страната на воглавно САД и ВБ со комонвелтот, иако тогаш не постои компактност помеѓу европските земји. После овој период па се до пред крајот на Студената војна апсолутна победа би била на страна на Варшавски пакт, повторно да нагласам само со употреба на конвенционално вооружвање, сеедно постоењето на НАТО пактот.

Ова е од темата за алтернативни историски сценарија.
 
Прегледај го приврзокот 274788
Прегледај го приврзокот 274789
@Beric Dondarrion @callejón de la muerte
@blanco @Klin
Ваше мислење за ова, ако во случај не е дискутирано.
Патон мислам дека одиграл една од клучните улоги во војната, а посебно знам за битката на Ардените каде што ги пуштил трупите порано уште пред да добие таква наредба од Ајзенхауер.

Не сум запознаен со тој случај, нешто као наместена сообраќајка но којзнае. Не знам кој би имал план да го убие пост-ww2 и поради која причина? Не знам дали имал соработка со Черчил за операција Незамисливо, ако имал можеби тука лежи некаква причина.
 
Теориите за неговото евентуално убиство се поврзани со настаните околу него и непријателите кои си ги создал, во последните шест месеци од војната.

Се борев против погрешен непријател - е негова изјава од тоа време. Како победата се ближела, тој се повеќе се приклонувал кон нацистите, давал анти-советски, но и анти-еврејски изјави (лупал некои глупости околу преживеаните од холокаустот). Идејата му била да ги прибере остатоците од Вермахтот и да тргне против Советите.

Има тука три теории:

Го убиле советите.
Го убиле неговите.
Го убиле Евреите.

Некои теории велат - местена сообраќајка, доубивање во болница. Други велат - местена сообраќајка, а во болница сам починал.

Сега нема тука да разглабам, која теорија како што, само ќе нагласам дека ја мислам, според се она што сум го чул/прочитал, за ова, дека официјалната верзија не е вистинита баш и дека го убиле Евреите или неговите, или пак неговите + Евреите.

Има многу работи да се кажат (состојбата во болница кога лежел со денови све океј, и одеднаш мртов, сообраќајката, третманот на возачот на другото возило, истрагата околу сообраќајката, односите со Ајзенхауер и тн. и тн., да не гњавам со детали)
 
Теориите за неговото евентуално убиство се поврзани со настаните околу него и непријателите кои си ги создал, во последните шест месеци од војната.

Се борев против погрешен непријател - е негова изјава од тоа време. Како победата се ближела, тој се повеќе се приклонувал кон нацистите, давал анти-советски, но и анти-еврејски изјави (лупал некои глупости околу преживеаните од холокаустот). Идејата му била да ги прибере остатоците од Вермахтот и да тргне против Советите.

Има тука три теории:

Го убиле советите.
Го убиле неговите.
Го убиле Евреите.

Некои теории велат - местена сообраќајка, доубивање во болница. Други велат - местена сообраќајка, а во болница сам починал.

Сега нема тука да разглабам, која теорија како што, само ќе нагласам дека ја мислам, според се она што сум го чул/прочитал, за ова, дека официјалната верзија не е вистинита баш и дека го убиле Евреите или неговите, или пак неговите + Евреите.

Има многу работи да се кажат (состојбата во болница кога лежел со денови све океј, и одеднаш мртов, сообраќајката, третманот на возачот на другото возило, истрагата околу сообраќајката, односите со Ајзенхауер и тн. и тн., да не гњавам со детали)

Накам или како се викаа тие екс-логораши кои убивале нацисти низ Европа? Сериозно забегана организација, имале план за симултана акција за труење на водоводи во најголемите немачки градови со што би убиле барем 6 милиони германци и би се осветиле за холокаустот. Успеале во некој POW камп да стават отров во брашното и околу 2000 немачки заробеници биле затруени но ниту еден не се упокоил, очигледно отровот бил прилично разреден.

Според ова што пишуваш можеби и не е лошо што америве се решиле од тотален лудак кој сакал да ја продолжи војната уште барем пола деценија и тоа против активен сојузник.
 
Абе треба да се сфати дека он бил его-манијак, кој се вџашил кога не му дозволиле, по 9-ти мај, да иде на далечен исток. Многу сакал да ги тепа Јапанците. Го ставиле гувернер на Баварија и тука миљон ствари се дешаваат.
 
Последно уредено:
Bulgarian armored brigade in November 1944 in Podujevo, Yugoslavia
800px-Poduevo_1944.jpg

Сигурен си дека ова е Бригада? Гледам 14 тенкови Пз-4 што би било една чета. Бригада е со троцифрен број тенкови.

Какво е трсил хер Херман на блгарска земја со годеницата си?
20201116_210226.jpg

Највисоките државни авторитети го пречекуваат Геринг како бубрег во лој уште во 1935.
Ова е од бугарски извори, како што може да се забележи, не е југокомунистичка јудеосодомитска измислица :)
 
Бугарија била членка на оската, нормално е така да го дочекаат. Како поинаку да го дочекаат?
Автоматски споено мислење:

За Патон, иако не зборуваме за неговите достигнувања, не треба да заборавиме дека бил многу способен тактички, теренски генерал, кој постигнал многу на тоа поле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom