Време кога не се спомнуваа парите

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
ех кога сите се крстеја во друже тито .... се забораваја цели плати плати по џебови , имаше едни ако добро се сеќавам бончиња или нтака некако се викаја и сите беа задоволни
Се одеше на шопинг во грција , бугарите доаѓаа овде продаваа све живо и диво. Мал бев ама тоа беа времиња :)
 
Не знам баш дали имало време кога не се спомнувале парите, не верувам дека постоел период кога сите биле задоволни од финансиите што ги поседуваат, а според тоа и жалење и кукање поради сиромаштија секогаш имало.

Но, забележувам дека во последните неколку години се` повеќе се зголемува бројот на питачи по улиците, се` повеќе луѓе го одбираат овој лесен начин за заработка. Опшеството го налага тоа, а и материјалното се` повеќе владее со нас.
 
За пари стално се зборувало и ќе се зборува...само разликата е во контекстот на спомнувањето на парите, некогаш се збореше како ќе ги трошиш, сега воглавно сите кукаат дека ги немаат или пак малку ги имаат.
 
Јас мислам дека е обратно у курац. Порано, многу повеќе се обрнуваше внимание на парите, иако сите ги имаа. Се стискаше, се штедеше, се пушташе бојлер само во недела, се готвеше само на ефтина струја, се гасеа сијалиците по другите соби да не трошат струја за џабе, се купуваа само неопходни намирници...ко копиљ ќе си побарал нешто и одма "нема пари", а знаеш дека имаат, и имале многу повеќе од сега.

Дали е вака во денешно време? Денес многу потешко се доаѓа до пари, а многу полесно се одлучуваме да ги спичкаме.
 
Дали е вака во денешно време? Денес многу потешко се доаѓа до пари, а многу полесно се одлучуваме да ги спичкаме.

Дефинитивно се согласувам со оваа реченица, за претходно не знам, мала сум била, ама живеејќи во ова време, можам да ја потврдам реченицава.

Сите се жалат за пари, а од друга страна истите тие што се жалат, секој ден се на кафе, имаат најнов модел на мобилен или слично. Би рекла дека алчноста и желбата да се следат сите трендови се зголемила и тоа е разликата веројатно меѓу порано и сега.
 
Сите се жалат за пари,а од друга страна истите тие што се жалат,секој ден се на кафе,имаат нов модел мобилен или слично.Би рекла дека алчноста и желбата да се следат сите трендови се зголемила и тоа е разликата веројатно меѓу порано и сега.

Апсолутно си во право во најголем дел од случаевите во прашање е алчноста. Денеска ти вика немам утре го гледаш со најнов мобилен. И сум приметил дека тие што имаат пари тие се жалат немам, немам тој навистина што неам си ќути. А искрено тоа многи ме нервира.
 
Дали е вака во денешно време? Денес многу потешко се доаѓа до пари, а многу полесно се одлучуваме да ги спичкаме.
Porano бевме ко швабите, се ценеше заработеното, овој народ се уште го држеше печалбарското, скоро и да немаше фамилија без печалбарско потекло, денес се изместија вредностите, станавме како "циганите" денес за денес, па ако има утре тогаш ќе му ја мислиме.
 
Јас мислам дека е обратно у курац. Порано, многу повеќе се обрнуваше внимание на парите, иако сите ги имаа. Се стискаше, се штедеше, се пушташе бојлер само во недела, се готвеше само на ефтина струја, се гасеа сијалиците по другите соби да не трошат струја за џабе, се купуваа само неопходни намирници...ко копиљ ќе си побарал нешто и одма "нема пари", а знаеш дека имаат, и имале многу повеќе од сега.

Дали е вака во денешно време? Денес многу потешко се доаѓа до пари, а многу полесно се одлучуваме да ги спичкаме.


Се согласувам и јас со ова иако морам да признаам дека многу работи и ден денес практикувам како готвење на ефтина струја:pos:нешто останало во мене од тој комунистички режим:pos:.Како што ми останал вкусот на шунката во лименки кој не се повтори од тогаш и фобијата од месниот нарезак во црвено пакување кој денес да го видам сместа вегетеријанка ќе станам од што само тоа се јадеше,к-15 продукти:pos:.
Баш затоа се согласувам со Мистичен дека се имаше многу повеќе пари ама дека не се трошеа така како денес.Не се разговараше каде на одмор,пакување и дирекно во Претор,најефтина варијанта а не е битно што напамет алгите знаев каде се наоѓаат од што само таму одевме,за разлика од денес што многу потешко се зачуваат пари за одмор но сепак се оди на варијанти како Хрватска,Турција...а не дека тоа е реалната слика на финасискиот статус на фамилијата.
Не верувам дека станува збор за фрустации кои ни биле наметнати кога сме биле деца па сега сакаме сите тие работи да ги надополниме со неразумно трошење,туку едноставно се гледа само преку призмата на задоволствата без претходни анализи на домашниот буџет.
Дали тоа го наметнавме ние младите генерации или тоа се постарите кои сфатиле дека животот им поминува пред очи а многу малку нешта искористиле со тоа што седевме во една соба со запалени светла:pos:.

Како и да е,време за разговор за парите е многу релативна работа,зависи кој во која доба од живтот ги има максимално користено или кој колку паметно ги има користено,па од таму се наметнува и потребата да се разговара за нив.
 
Финтата за тоа време за кое зборуваш (Lady) e време кога луѓето работеле и имале пари но работата е што немало многу понуда за купување. Имало пари ама немало многу кај да се трошат. сега има се и сешто, и се е за пари, а кај нас платите ниски и нередовни, башка и инфлација фајќа така да нормално е тоа сега особено во период на транзиција кога парите се доста актуелни. штета што е така.
 
Дали е вака во денешно време? Денес многу потешко се доаѓа до пари, а многу полесно се одлучуваме да ги спичкаме.

Кредитни картички и потрошувачки кредити. Имаш и кога немаш, во превод: Имај денес за да немаш утре.
 
Постоеше тоа време навистина кога штедеа сите сега не вреди да штедиш зошто на крај некој ќе ти украде се наеднаш на секој чекор демнат опасности клошари по улица хараат те гледаат под око сомнителни фаци не смееш од дома да излезеш со повеќе пари у новчаник оти отидоа јабана ептен нестабилни времиња дојдоа порано бар немало толку кражби денес на секој чекор се краде.
 
Не знам дали сте приметиле, ама оние кои сега кукаат за пари, само го повторуваат она што го правеле нивните старци.
Леле неам пари, сјебаф сфе на одмор по ’рватска ен шит.
Леле неам пари, а наредниот ден го гледаш во нов тристаќ, или уште полошо во некоја аскона ор самтинг.

Работата е што тогаш се постигнувале спортски успеси, почесто отколку сега. Се одело на утакмици затоа што помалку се местеле утакмици од сега. Се одело на кино, па пола месец се раскажувале потезите на семоќниот... Брус Ли, се разбира :wink:

Се делеле општествени станови шаком и капом на секој што имал малку повеќе врски во претпријатието.

За млекото во триаголно пакување, паа... јас повеќе се сеќавам на баклавата смотана во лист Нова Македонија :pos:
Се сеќавам како стаклените шишиња имаа голема вредност, затоа што немаше друг начин да се носи вода (освен термос, скапо решение).

Инаку секогаш било лошо, само никој не смеел да каже нешто лошо за Маршалот.
Процесот на транзицијата заеба многу работи, ама верувам дека се враќаат работите на место.

Инаку чисто информативно и тогаш се крадело, само методите биле поинакви, па малку луѓе знаеле.
 
Кредитни картички и потрошувачки кредити. Имаш и кога немаш, во превод: Имај денес за да немаш утре.
Кога ќе влезеш у була на кредитната ќе биде немаш и кога имаш. А ти дојде кешарица - крц, ќе ти летне да попуниш дупка за рата :)
 
mrzam da gledam niz prizmata na parite...ne sum materijalist i obicno sum u krug na luge sto mnogu ne go drvat za parite...
jas pravam isklucoci samo koga sum izlezen da shmekam...moram da imam u predvid deka ke naletam i na sponzorushi...u toj slucaj za da mi uspee taktikata so shmekot kon sponzorushite ja vadam 1000kata so sum ja fatil u kladilnica i uste 500kata od tetka mi i frlam pijacki kon sponzorushite za da shmekot bide poefektiven!...:)...a ako neam fateno u kladilnica ili ne mi dala tetka mi 500 denari idam na najubaviot zivot za mladi...u gradskiot park so pivceto u raka i so odbrano drustvo koi sto poveke zboruvaat za sex, droga i rokenroll otkolku za pari...
p.s. Shmekot u park e najubav shmek
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom