„Ако го мразиш грешникот зошто ја нема твојата правдност, каде е твојата праведност кога немаш љубов?“
Св. Исак Сирин
„Љубовта е над разбирањето“
Св. Силуан Атонски
„Сегашноста е воденица во која се меле иднината и останува минатото“
Преподобен Јустин Ќелиски
„Искуството ме научило дека постојат две групи на луѓе. Трета не постои. Тие, првите, потсетуваат на муви. А главна особина на мувата и е да се лепи на нечистотијата. Едноставно, мувата и нечиститијата си се привлекуваат. На пример, во една бавча полна мирисни цветови, мувата нема да забележи ниту еден, туку ќе застане онаму каде има нешто труло, каде нешто скапува. И сосема природно и лагодно и е во смрдеата, а доколку би знаела да зборува и да ви одговори ако ја прашате зошто не застана на розата, таа би ви рекла:
- Јас не знам како изгледа розата. Знам само каде има ѓубре, смрад, трулеж.
Да, рече старецот - навистина има луѓе кои потсетуваат на мувите. Со самото неприфаќање и одбивање на доброто, мислат негативно и во животот ги гледаат само лошите страни. А оние другите, втората група, се токму тие што потсетуваат на пчелите, а чија главна особина им е потрагата по нешто слатко и пријатно на кое би слетале. Кога пчелата би се нашла во соба преполна ѓубре, а со парченце бонбона во еден агол, таа би ја надлетала сета нечистотија за да слета токму на бонбоната. И кога и од пчелата би побарале да ви каже каде е нечистотијата, таа би ви рекла:
Не знам. Знам само каде може да се најде цвет, слад, мед. Таа, продолжи старецот – ги препознава само добрите работи во животот и ја претствува втората група на луѓе, оние сличните на неа, на пчелите. А кога ќе дојде некој кај мене обвинувајќи некој друг, јас најчесто им го посочувам овој пример. И велам да размисли и да одлучи во која група тој се сврстува, за полесно да се придружи на својот рој. “
старец Пајсиј Светогорец
„Кога човекот ќе се роди, тој е мек и слаб. Кога умира, тој е цврст и крут. Кога растенијата и дрвјата се живи, тие се меки и еластични; кога не се живи, кршливи се и суви. Затоа тврдоста и крутоста се придружници на смртта, а мекоста и еластичноста се придружници на животот.“
Лао Це [Таоизам]