Ииии дур сега ја гледам темава :kesa:
Како што кажаа сите вечер која скеогаш ќе ја паметам. Започна уште во 18:30h кога се насобраа кај мене друштвото. Подоцна дојдоа роднини и пријатели но само се поздравив и од возбудата не стигнав да им посветам доволно внимание. Од друштвото јас славев последна матура (сите веќе прославија неколку дена пред мене) така да на мене како најпоследна ми посветија најмногу внимание

Ми направија супер атмосфера дома. Кога излегов на лицето имав насмевка од уво до уво. Пошо немаме машки во класот што значи дека немаме и партнери се договоривме 8 другарки да изнајмиме лимузина и да одиме сите заедно. До тогаш се немав возено во лимузина, па самото тоа му даде некоја посебност на настанот.
Во хотелот нема што да се кажува. Сите што биле матуранти знаат како се поминува. Играње и пеење до бесвест, а на крај и по некоја солза.
Од хотелот директ во дискотеката (таму се шекнаа професорите 100 на 100

) Од таму во 5 сабајле кај класниот дома. Ја жалам жена му, и се натрупавме 37 души се женски свет, сите големи пискала

Од таму сабајле во 7:30 во школото. Децата од 1ва и 2ра година, златните тие не гледаа како играме и пееме додека тие брзаа да не закаснат на 1ви час

За среќа директорот имаше милост па ни дозволи и тој ден да правиме џумбуши во школото. Си дојдов дома сабајле во 9:30 мртва уморна, скапана од играње и пеење и со по една плуска на секој прст од нозете

За среќа го немав тој малер да ми забодат штикла во ногата како што прочитав на неколку поста

Навистина навистина незаборавна вечер.