Од тие причини за да не го боли глава нека си купи Тојота или Хонда и да заборави на механичари а резервни делови по нормални цени во Солун има со лопати да ги ринеш.Скапу се деловите за неа.
На времето ретровизор за неа беше 250-300 евра,кабли за свеќици твинс спарк во салон се 200-300 евра,а по продавници за авто делови се наоѓаат за околу 100-150 евра..
Предницата комплет (спони,јабучици стабилизатори) се околу 300-400 евра кои секако некогаш треба да се сменат
За одржување поскапи се и од француските возила
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 17:40 ---
И уште ова можам да го потврдам за оние што сакаат да купат кола од надвор.Имам блиски колеги албанци кои имаат другари во странство.Они кажуваат дека Германија моментално е лош избор за купување доколку немаш човек таму и не ти најде преку оглас од чесен германец затоа што 90% се враќани километражите.Руси,бугари, романци,турци, босанци како препродавачи парче прават со половните возила.Најсигурно место за купување моментално е само Швајцарија затоа што имаат строги контроли и ригорозни казни па често препродавачите бегаат од таму за да немаат работа со тамошните закони.Возилата се поскапи за разлика од останатите држави но знаете што купувате односно ретко да налетате на возило со вратена километража и сите имаат уредна сервисна книшка.