Вовед во ново ропство - ГМХ

  • Креатор на темата Креатор на темата Волшебник
  • Време на започнување Време на започнување

Волшебник

....твој избор....
Член од
16 мај 2007
Мислења
220
Поени од реакции
4
Колку за почеток

Овој текст се развиваше долго време во она што сега вие ќе го прочитате, но верувајте цело време додека додавав и менував многу работи ја повторував мантрата „ГМХ не е здрава храна”.
Па да почнеме од почеток. Скратеницата ГМО значи Генетски Модифициран Организам, додека ГМХ преставува скратеница на Генетски Модифицирана Храна. Генетски -модифицираните организми (заедно со ГМ Микро-организми) се било какви организми чија генетска структура (ДезоксирибоНуклеинска Киселина – ДНК и РибоНуклеинска Киселина – РНК ) им е на некој начин сменета без природно спојување или на друг природен начин. Ваквото менување на генетската структура по вештачки пат можете да го сретнете под разни имиња како „генетски инженеринг”, „Технологија на комбинирање на РНК”, „модерна биотехнологија” и „генетска биотехнологија”. Иако ваквите називи наведуваат на сцени од филмови од научно - фантастичниот жанр, сепак овие „дејствија” се повеќе од реални. Така на пример за генетскиот инженеринг се вели дека ќе го спаси светот од глад, но и за нуклеарната енергија некогаш се велеше дека ќе ги задоволи сите потреби за енергија, а од друга страна се појавија проблеми како заканите од светска нуклеарна војна која би имала катастрофални последици и проблемот со решавање на нуклеарниот отпад за чие распаѓање се потребни милиони и милиони години.

Суштината за ГМО и ГМХ (ГМО од филозофски аспект)

Што е всушност предноста, а што недостатокот на ГМО. За предноста се смета дека со помош на генетскиот инженеринг можат да се отстранат сите недостатоци на организмите кои се случајно или намерно направени од Нашиот Створител или се резултат на погрешните текови на Еволуцијата. Мислам дека во двата случаја, и Створител и Еволуцијата, имаат своја агенда и се непогрешиви во своите дела. Ако не ми верувате мене прашајте ја Природата. Зар може некој да направи толку комплицирана машина како што е човекот. Сега не, во иднина можеби да, кога навистина секој од нас ќе „до - еволуира” во ЧОВЕК. Кои сме ние да се мешаме во работите на Вишите Сили. Зарем не направивме премногу зла над нашата планета. Треба да престанеме веднаш со играњето „богови”, бидејќи таа игра нема среќен крај. Затоа генетскиот инженеринг е работа која треба да остане единствено во научно - фантастичните филмови.

Идеали VS Реалност

Идеал: Преку генетскиот инженеринг се стреми да се достигне производство на организми – растенија и животни кои ќе бидат отпорни на повеќе болести предизвикани од вируси, бактерии, паразити или сл.
Реалност: До сега не постои генетски модифициран вид на организам кој е отпорен на повеќе од еден штетник - болест (вируси, бактерии, паразити) т.е. не е пронајден начин како да се комбинираат две или повеќе генетски модификации
Идеал: Преку створените ГМО ќе се добива доволно храна (ГМХ) која ќе ги задоволи потребите на гладните низ целиот свет.
Реалност: Доколку се створат видови на организми отпорни на погорните видови од синџирот на исхрана ќе се наруши природната рамнотежа и ќе се прекинат врските во хиерархијата т.е. синџирот на исхрана а со тоа многу видови би исчезнале од лицето на Земјата.
Идеал: Консумирањето на ГМХ не штети на организмот на консументот
Реалност: Можноста за појава на канцерогени заболувања е неколку пати поголема доколку се конзумираат ГМО и ГМХ кои во себе можат да содржат и материи кои телото на конзументот не ги очекува, а истите се маскирани како „хранливи” и „добредојдени”. На производителите на храна се препорачува да назначат на своите производи дали потекнуваат од ГМО со што ќе им дадат можност на избор на купувачите.

ЗА или ПРОТИВ

Иако противењето на иновациите се смета за конзервативност, сепак противењето на создавањето и производство на ГМО не е конзервативност. Ова противење е дури и револуционерно (напредно) доколку работите се гледаат преку погледот на одржливоста (sustainability) или органското земјоделие. Преку одржливиот начин на производство се води сметка и за зачувување на ресурсите преку зачувување на природата – онаква каква што е, а производите произведени на ваков начин се всушност здрава храна во секоја смисла на зборот. И денес насекаде низ светот се води дебатата „ГМО – За или Против”, но ако гледаме од страната на сите луѓе и Планетата Земја, а не од страна на Корпорациите и Профитот мораме да се одлучиме илјадапати „ПРОТИВ”. (Личен став на авторот е одржливоста пред се, а со тоа ГМО преставува директно загрозување на принципите кои тој ги застапува)

ЧЕКАМ РАЗМИСЛУВАЊА И СТАВОВИ....
 
Сега дури гледам дека Македночето не е заинтересирано за храната која ја консумира...па и оние кој ја произведуваат ја наводнуваат со вода од канализација.....Сеедно.......
 
Odlichna tema!

Za prirodna hrana sum! Iskluchitelno baram samo prirodni proizvodi i plakjam debeli pari da dojdam do niv. Ne sekogash naogjam. Zatoa ponekogash kupuvam GM hrana.

"Teoretski" ne sum protiv GM hrana. Odnosno onolku sum proriv kolu shto ima dokazi deka e shtetna. Zasega takvi nema. No instinktivno "znam' deka ne e vo red. So drugi zborovi - se odnesuvam pretpazlivo.

Isto taka sum za stavanje na rabotite vo kontekst. Gledam si napishal tema za pushenjeto - edno od najgolemite zla na svetot. Vidish, za pushenjeto ima more informacii i nauchno dokazhani shto se' pushenjeto predizvikuva i kakvi se fantastichno shtetni posledici ima, no mn. malku alarmiranje od forumci kako tebe. Se pushi po inercija kako da e normalno vo Makedonija -- kako nikade vo Evropa -- i se true sopstveniot organizam i se drugo okolu sebe. Toa e na nivo na vodata od kanalizacija sto ja spomna.

Na kraj, realen sum za pritisokot shto odredeni giganti na agribiznosot od SAD go pravat na EU i poshiroko. Zasega vo EU e zabraneta GM hrana, duri i da se prevezuva nanivna teritorija. No minatata godina, SAD uspeaja da go nateraat EU da mozhe da se prevezuva hrana, a koga ednash kje vlezat GM zrna, nema dilema deka nekade kje pochnat da se upotrebuvaat vo zemjodelieto. I togash koga toa kje se sluchi, navistina kje e kraj na tvojata tema ...
 
Нема шанси да купам нешто со знаците ГМО или ГМХ!Затоа кога одам во продавница ми требаат 2 саати за да ги прочитам сите состојки на работите што ги купувам.Еднаш,по грешка купив 2 јаболки кои беа генетски модифицирани.Беа огромни ама како хартија да јадеш,без мирис,без вкус.Природно си е најдобро!
 
Epa vo drzava nikoj toa ne go kontrolira i nemozes da znaes dali e vistinski toa sto go pisuvaat nie sme bre labaratoriski gluvci se tuka sto ne go upotrebuvaat na zapad na nas ni go prodavaat.Sramota treba da se vovede nekoja kontrloa a toa jas ne go gledam.
 
Волшебник напиша:
Суштината за ГМО и ГМХ (ГМО од филозофски аспект)

Што е всушност предноста, а што недостатокот на ГМО. За предноста се смета дека со помош на генетскиот инженеринг можат да се отстранат сите недостатоци на организмите кои се случајно или намерно направени од Нашиот Створител или се резултат на погрешните текови на Еволуцијата. Мислам дека во двата случаја, и Створител и Еволуцијата, имаат своја агенда и се непогрешиви во своите дела. Ако не ми верувате мене прашајте ја Природата. Зар може некој да направи толку комплицирана машина како што е човекот. Сега не, во иднина можеби да, кога навистина секој од нас ќе „до - еволуира” во ЧОВЕК. Кои сме ние да се мешаме во работите на Вишите Сили. Зарем не направивме премногу зла над нашата планета. Треба да престанеме веднаш со играњето „богови”, бидејќи таа игра нема среќен крај. Затоа генетскиот инженеринг е работа која треба да остане единствено во научно - фантастичните филмови.

Прво и основно Еволуцијата не е процес кој претставува развој кон посовршено туку процес кој води кон адаптација на живите организми на околината. Со генетско модифицирање растенијата не се усовршуваат за да бидат посовршени туку едноставно се адаптираат кон човековите потреби. Значи може да се востанови дека имаш предрасуда или грешно толкување на поимот еволуција во твојот пост.
Дали приказанта „играње богови“ ќе има среќен или несреќен крај неможеш да знаеш бидејќи не си во можност да патуваш во иднината, освен тоа се појавува од чисто логички причини еден конфликт со тврдењето дека генетското модифцирање на организми претставува „играње богови“, бидејќи воколку постои господ сигурно не би ни дозволил да му се мешаме во неговата работа односно не би ни ги дал интелектуалните способности да можеме да манипулираме со генетскиот материјал на живите суштества. Еве јас на малиот практикум по генетика генетски модифицирав Escherichia coli подвид кој се користи за лаббараториска работа. Слика од петриевата шоља со агар каде се размножени ти колонии на генетски модифицирани E. coli може да се види во мојата галерија. И ако мислиш дека се чувствувам како бог сега односно мислиш дека тоа со тој опит целта ми беше да „изигравам бог“ тотално си во грешка. Освен тоа морам да те потсетам дека милиони дијабетичари се должни на развојот на ГМО односно генетски модифицирани бактерии. Бидејќи благодарејќи на нив инсулинот денес е многу подостапен како квантитативно така и во доносн на цената, е е поефективен и скоро без никакви споредни дејства за разлика од инсулинот екстрахиран од свински панкреас.
Волшебник напиша:
Идеали VS Реалност

Идеал: Преку генетскиот инженеринг се стреми да се достигне производство на организми – растенија и животни кои ќе бидат отпорни на повеќе болести предизвикани од вируси, бактерии, паразити или сл.
Реалност: До сега не постои генетски модифициран вид на организам кој е отпорен на повеќе од еден штетник - болест (вируси, бактерии, паразити) т.е. не е пронајден начин како да се комбинираат две или повеќе генетски модификации

Што дефинираш под комбинирање на две или повеќе генетски модификации, многу е недефинирано тоа што си го изложил.
Инаку растенијата не е модифицираат само заради отпорност кон една болест, што е и бесцелно, бидејќи и вирусите и бактериите многу брзо мутираат и ќе се појави нова болест, туку се модифицираат да носат повеќе принос и евентуално да содржат повеќе хранливи материи кои обично се малку застапени во хранливиот продукт кој масовно се користи, како на пример што е оризот кој содржи многу повеќе бета-каротин.


Волшебник напиша:
Идеал: Преку створените ГМО ќе се добива доволно храна (ГМХ) која ќе ги задоволи потребите на гладните низ целиот свет.
Реалност: Доколку се створат видови на организми отпорни на погорните видови од синџирот на исхрана ќе се наруши природната рамнотежа и ќе се прекинат врските во хиерархијата т.е. синџирот на исхрана а со тоа многу видови би исчезнале од лицето на Земјата.
Уште една предрасуда односно грешна информација која е лиферувана од „еколозите“ кои искрено кажано како биолог многу ја извртуваат и во екстреми ја ставаат Екологијата како наука и интегрален дел од биологијата. За да ти се разјасни, за да некој е способен односно обучен генетски да модифицира организми мора прво да има студирано биологија и по диплома треба да е биолог, за тоа мора да ги има основните познавања од екологија. Тие основни познавања се каде каде поголеми од некој што биологија учел во средно, а ради тоа не знае да најде релевантна литература за екологија. Значи ако некој пази и има познавања дали постои опасност да се нарушат моменталните еколошки услови тоа се биолозите односно токму тие кои се обидуваат да развијат генетски модифицирани организми, токму затоа и развојот на едно генетски мнодифицирано растение од почетокото на истражувањето па се до финалниот продукт поминуваат 10 години испитувања и „штимања“ за да добиеното растение да не претставува опсност за околината, значи да е еколошки „сигурно“, како и да нема некои според познатите испитувања на секој продукт, материи кои би му наштетиле здравствено на човековиот организам.


Волшебник напиша:
Идеал: Консумирањето на ГМХ не штети на организмот на консументот
Реалност: Можноста за појава на канцерогени заболувања е неколку пати поголема доколку се конзумираат ГМО и ГМХ кои во себе можат да содржат и материи кои телото на конзументот не ги очекува, а истите се маскирани како „хранливи” и „добредојдени”. На производителите на храна се препорачува да назначат на своите производи дали потекнуваат од ГМО со што ќе им дадат можност на избор на купувачите.

Пак исто ко горе, ако некој знае кои материи се отровни и канцерогени односно во колкави количества се тие отровни односно канцерогени тоа се биолозите односно истите тие кои ги создаваат ти генетски модифицирани растенија. Колку само за споредба се вржени испитувања на растенија кои се користата за исхрана кои не се со никакви генетски модификации и се израснати без употреба на какви и да било пестициди или други средства за заштита од штетниците, и резултатите кажуваат дека на пример зелката содржи 46 канцерогени соединенија. Така да кога билозите испитуваат колкави се количествата на канцерогени и отровни материи кои ги содржат генетски модифицираните организми внимаваат сигурно на тоа да тие не ги надминуваат количествата со кои се застапени тие материи во генетски немдифицираните и „био“ одлгедуваните продукти. Но како и секогаш треба да се воочува и да се врши дополнителна контрола во врска со тоа. Но како што кажа и мисирков, се зема претпазливост, ама до сега нема докаж дека генетски модифицираната храна е причина за некои заболување, синдром или карцином.

Волшебник напиша:
ЗА или ПРОТИВ

Иако противењето на иновациите се смета за конзервативност, сепак противењето на создавањето и производство на ГМО не е конзервативност. Ова противење е дури и револуционерно (напредно) доколку работите се гледаат преку погледот на одржливоста (sustainability) или органското земјоделие. Преку одржливиот начин на производство се води сметка и за зачувување на ресурсите преку зачувување на природата – онаква каква што е, а производите произведени на ваков начин се всушност здрава храна во секоја смисла на зборот. И денес насекаде низ светот се води дебатата „ГМО – За или Против”, но ако гледаме од страната на сите луѓе и Планетата Земја, а не од страна на Корпорациите и Профитот мораме да се одлучиме илјадапати „ПРОТИВ”. (Личен став на авторот е одржливоста пред се, а со тоа ГМО преставува директно загрозување на принципите кои тој ги застапува)

ЧЕКАМ РАЗМИСЛУВАЊА И СТАВОВИ....

Во сонова освен во Африка нема моментално потреба за многу многу помасовно користење на ГМХ. Секако ќе речат некои дека им се дава на гладните во Африка храна која можеби (бидејќи до сега нема човек на кој му било нарушено здравјето од ГМХ) ги „труе“. Но и во хипотетички случај да има ГМХ некои негативни страни односно да предизвикува карцином или некои слабости на организмот поради труење од некои од состојките во ГМХ, ќе прашате дали некој сака на умре сигурно 30 години порано од глад или евентуално 10 години порано рак, мислам дека одговорот е јасен.
Секако ова што сега се прави со ГМХ е само први чекори во целата гранка на искористување на ГМО и создавање на ГМО. бидејќи со растечкиот број на човеково население, толку повеќе ќе има потреба од поголеми количества од храна, која преку капацитетот на моментлано одгледуваните стари генетски немодифицирани култури нема да може да се постигне.
Комерцијализирањето на ГМО е веќе друга работа, нормално живеењето во едно капиталистичко општество допринесува да алчните за пари би ги искористиле сите можни начини за да се дојде до профит без какви и да било етички норми. Од тој аспект јас многу сум против да се користи ГМО за и ГМХ за создавање на вискои прфитит, од продажбата на семиња од генетски модифицирана храна каде итно е потребан ради глад треба да се покријат само средставата за производство и финансикси средства доволни за да можат да живеат пристојно (значи не богаташки) и понатаму истражуваат тие што ги развиваат тие генетски модифицирани растенија тие што ги призведуваат семињата за тие растенија.
 
Bacillus gagous можеби ќе те удебат сите протести кои се организираат во целава држава...Убаво е да ја видиш маскотата на целата кампања... Изгледа не сум единствен со мислење дека ГМХ е штетна.....
 
Celta na gmo hranata e za namaluvanje na populaciata na coveshtvoto koj znae kakvi geni ke stavat vnatre plus toa virusite se predizvikani od covekot eve kako na primer sidata bila izmislena vo california pa sega so nano tehnologiata mozat mnogu cuda da pravat kako modifikacija na genite na covekot inaku poglednete go ova video kakvi strashni informacii kazuva http://www.youtube.com/watch?v=T-IJikX1144&feature=youtube_gdata_player
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom