Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
па до некаде у право си, геомагнетско поле има околу земјата.

Гравитационо поле и магнетно поле се две различни нешта. Два магнета доближени еден до друг создаваат сила која ги одбива или привлекува еден од/кон друг во зависност од половите, во случајот на гравитационото поле имаш сила која само привлекува.
 
Геомагнетното поле и гравитацијата се два различни поими...

тролебус океј, еве и да се различни поими, што менува тоа во ситуацијава? Ја му викам на бафра дека секоја планета има гравитација, не дека е универзална гравитација он што збори. Сеа дали тоа било од јадрото или не, не е битно у ситуацијава.
 
Најголема гравитација имаш во мали тела со огромна густина/концентрација на маса, црните дупки се одличен пример, ја вшумукуваат и светлината.
 
тролебус океј, еве и да се различни поими, што менува тоа во ситуацијава? Ја му викам на бафра дека секоја планета има гравитација, не дека е универзална гравитација он што збори. Сеа дали тоа било од јадрото или не, не е битно у ситуацијава.
Според теоријата на општата релативност, гравитацијата не е само сила што дејствува помеѓу телата со маса, туку таа го искривува време-просторот поради присуството на материја и енергија. Ова значи дека присуството на масивен објект, како што е планета или ѕвезда, ја искривува ткаенината на време-просторот околу неа и создава геодеси по кои ти паѓаш.

Значи не е сила како магнет што те влече како ти што мислиш.
 
Електро магнетизам постои а "гравитација" не.

гравитација е тоа што се дешава кога ќе го исклучиш магнетот.
Автоматски споено мислење:

Според теоријата на општата релативност, гравитацијата не е само сила што дејствува помеѓу телата со маса, туку таа го искривува време-просторот поради присуството на материја и енергија. Ова значи дека присуството на масивен објект, како што е планета или ѕвезда, ја искривува ткаенината на време-просторот околу неа и создава геодеси по кои ти паѓаш.

Значи не е сила како магнет што те влече како ти што мислиш.

добро, ете ја не сум научник, реално мислев дека геомагнетизмот е поврзан со гравитацијата. Али гледам дека не било така.
 
Според теоријата на општата релативност, гравитацијата не е само сила што дејствува помеѓу телата со маса, туку таа го искривува време-просторот поради присуството на материја и енергија.
Никогаш не е докажана...
Автоматски споено мислење:

Значи не е сила како магнет што те влече како ти што мислиш.
Не е никаква сила...
Автоматски споено мислење:

Ова значи дека присуството на масивен објект, како што е планета или ѕвезда, ја искривува ткаенината на време-просторот околу неа и создава геодеси по кои ти паѓаш.
Мижи Асан да ти баам...
 
Attachments

  • Screenshot_2023-02-15-18-34-23-57_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
    Screenshot_2023-02-15-18-34-23-57_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
    450,8 KB · Прегледи: 2
  • Screenshot_2023-02-15-18-42-40-80_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
    Screenshot_2023-02-15-18-42-40-80_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
    372,9 KB · Прегледи: 2
Никогаш не е докажана...
Автоматски споено мислење:

Не е никаква сила...
Автоматски споено мислење:

Мижи Асан да ти баам...
Абе нели имаш ти тема за Рамна Земја, оди таму тропај глупости и дебатирај со некој што сака да дебатира.
 
А зошто овде не смеам да дебатирам? Неколку души сте цело време офтопик а само јас ти пречам? :pos:
Автоматски споено мислење:

Ок не дебатирам терајте си...
 
Последно уредено:
Како никој не го видел, еве ти закривување на време и простор. Од Џејмс Веб Телескопот е сликава.
Galchen-Telescope.jpg

Хмммм...сакаш да кажеш дека вселенскиот телескоп „Џејмс...„ „видел„ некаков небесен феномен, а после тоа некој друг, преку „окото„ од „Џејмс...„ го видел истото „она„ кое „Џејмс...„ го „видел„?...

Да речеме дека виденово одговара на реалната небесна појава. Која е логиката или потребата од поставување на набесните тела (во случајов, галаксиите...) во радијален облик? Има логика, има потреба, што од тоа? Кој гарантира дека не е оптичко изобличување (знаеме дека модерните телескопи не „работат„ со гола светлина туку со светлински и/или енергетски спектри па од нив генерираат разбирливи слики)?

И, она кое е за мене најсимптоматично, како тоа одеденаш телескопите почнаа да „гледаат„ феномени кои, како такви, се напросто пожелни, чисто ради поткрепување на тековно прифатените научно-астрономски видувања/теории за структурата/сликата од Вселената?
 
Ај ве молам префрлете се во рамна Земја и дискутирајте за прстените на Антарктикот и крајот на светот со Зурла.
 
...а таман помислив дека конечно ќе дознаам како се искривува време-просторот...:mad:
 
Гравитацијата зависи од масата/тежината на телото, густината и распределбата на масата а не од големината.

И добро, каде се наоѓа гравитацијата од Земјава, од каде (од кое Земјнино место) почнува да делува?...:unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom