Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,1%
  • Не

    Гласови: 460 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.196
Сега ми јавија дека во скоро време овие ќе не посетеле. Овие се тие анануки високи по 3-4 метри.

Прегледај го приврзокот 123595

За малку ќе помислев дека сум во друга тема. И дека дечкиве што ја прават серијава ќе снимаат во Македонија ради x, y, z причини, али те препрочитав и се разочарав еј..
 
:pos::pos::pos:
Голема е веројатноста дека постои интелигентна раса некаде во универзумот. Не една, илјадници, можеби и милиони. Не верувам во бесконечност, бесконечноста постои само во математиката... дури ни умот не ни е бесконечен иако можеби така ни изгледа.
Огромна е веројатноста дека ниедна досега не не посетила. Покрај познатите физички потешкотии, ајде да бидеме опен мајндед и да се посомневаме дека некако ги заобиколиле.

1) Или не сме им интересни
2) Или никогаш не не посетиле досега
3) Уште поголема е веројатноста дека ако се одлучат да не посетат нема да биде за добро нешто, ако знаеме што човекот како најразвиена раса на планетава би направил во ситуација, тогаш поразвиена раса од нас не дека ќе не уништи, како попаметни од нас ќе ни го напика така јако што ќе им бидеме робови и ќе им се клањаме ко богови
4) Сепак мислам дека нема смисла да си играат криенка, ако има толку многу цивилизации што е логично и нема физички пречки (сосема реално е да се ненадминливи колку и да се напредни) досега барем еднаш ќе ни беа во официјална посета, без да киднапираат крави и анални експерименти на рандом селанчиња од некој забатален крај :pos: Освен ако не го чекаат вистинскиот момент да дојдат и да ни кажат дека не сме повеќе способни да ја водиме планетата и да ни воведат некоја форма на демократија :angel: Баш би било изненадување од нивна страна :love: овие анунанкиве:pos:
 
Абе сеа зашто не не' посетиле... можеби и они се у дилема дали има друга интелигентна раса, можеби и они не си овозможиле толку скапи превозни објекти со кои што ќе можат подлабоко да навлезат во универзумот, можеби немаат повисоко IQ од човечкото итн. Инаку ги замислувам поинаку, мислам дека за да бидеме исти треба идентичен сончев систем, магнетно поле, гравитација, вода и вегетација да имаат на нивната планета за да бидеме исти.
 
Ме интересираат некои одговори на овие прашања, пошто гледам се проткајуваат низ странициве репетитивно како констатации, па како FAQ, чисто да имаме и одговори на истите:

- Зошто мора да има доказ за посета за да биде потврдено?
- Зошто мора да бидат забележани за да потврдиме дека сме посетени?
- Зошто мора да биде масовен спектакл за да биде легитимно посетувањето?
- Зошто мора да биде посетата најава за нешто лошо?
 
Види вака, никој не негира дека не постојат други цивилизации и населени планети. Значи има некоја причина што ние сме во карантин. Тоа е виситната. И јас ги барам одговорите зашто сме во карантин. Освен генетската манипулација на днк-а не најдов друг логичен одговор зашто сме во карантин. Второ, тоа што не лажат дека е нло од друга планета се демони кои сакаат да го излажат човекот дека кога они ќе се појават како посетители од друга панета ќе дојдат да му помогнат на луѓето. Затоа 200 години од кога прв пат се спомнати сеуште не с епојавиле јавно. Ја припремаат свест ана луѓето преку медиумите и слично за да им успее манипулацијата.
 
Ме интересираат некои одговори на овие прашања, пошто гледам се проткајуваат низ странициве репетитивно како констатации, па како FAQ, чисто да имаме и одговори на истите:

- Зошто мора да има доказ за посета за да биде потврдено?
- Зошто мора да бидат забележани за да потврдиме дека сме посетени?
- Зошто мора да биде масовен спектакл за да биде легитимно посетувањето?
- Зошто мора да биде посетата најава за нешто лошо?

* Ова нема потреба од објаснување. За било што да потврдиш и да биде веродостојно ти треба некаков доказ. Што друго бараш за потврда освен доказ? Личен исказ, визии, гледање на тарот? :confused:
* Воглавно исто. Вистината може да биде таа или таа, за да потврдиме мора некако тоа да биде забележано. Јас можам да тврдам дека сум видел змејови и да најдам група уште 50 лудаци низ светот што ќе поверуваат во добро конструирана теорија на заговор за постоење на змејови. Без доказ се е ветер и магла.
* Не мора бе масовен спектакл да биде. Ете нека биде тајна посета. А где је печат? Потис и печат тражим бе :X3:
* Не мора, ама логички е да се претпостави дека најверојатно не ќе да е за арно. Не за нас барем... Од почетокот на пишаната историја до ден денеска никој не вмешал прсти во туѓи внатрешни процеси или територија без да има некаков интерес за него. Освен ако претпоставиме дека некое напредно еволуциско ниво ги отстранило ваквите рудиментарни егоистички пориви и би дошле од чист интерес да ни помогнат :angel:. Замисли ги луѓето во обратна ситуација ќе сфатиш подобро што може да се случи (Аватар, можеби). Иако што покомплексни животински форми и подобри механизми за напад и одбрана имаат (од животни волк и лав со брзина, моќни шепи и вилици, па до луѓето со оружја како тенкови и авиони и најбитно МОЗОК) овие карактеристики стануваат се поизразени. На крај дури и под првата претпоставка да еволуирале во ангелолики суштества физички и психички, на нас би гледале како нешто најниско и би не игнорирале.

Сепак, оваа проблематика ми е како слика, шума што не можеме да ја видиме бидејќи сме сред неа, како формула со безброј непознати и не сум доволно компетентен мојот став да е авторитетен во ова поле, но ова се чисто мои размислувања, мислам дека држат вода и стојам позади нив.
 
* Ова нема потреба од објаснување. За било што да потврдиш и да биде веродостојно ти треба некаков доказ. Што друго бараш за потврда освен доказ? Личен исказ, визии, гледање на тарот? :confused:

Поентата ми беше, тврдењата дека не сме посетени. Ако некој ги базира на докази, да, така ќе излезе. Но вистината не мора да значи дека е таа. Независно од било какви докази, може да сме биле посетени катаљон пати до сега. Јас инаку не барам потврда, не ми треба. На тие што им треба, е треба да го пренасочиш прашањето кон нив :).

* Воглавно исто. Вистината може да биде таа или таа, за да потврдиме мора некако тоа да биде забележано. Јас можам да тврдам дека сум видел змејови и да најдам група уште 50 лудаци низ светот што ќе поверуваат во добро конструирана теорија на заговор за постоење на змејови. Без доказ се е ветер и магла.

Токму затоа ги поставив тие две прашања така овде. Доволно е кратка обзервација од далеку да се увиди дека за се бараме црно-на-бело доказ. Тоа инфо е се што им треба за да остават впечаток дека никој нема дојдено до нас се уште. Самата наша психологија тука ни засметува при проектирање на идеи и теории во врска со било каква интеракција или визитационо сценарио. Скептиците бараат докази, заговарачите теоретизираат во друг правец, послабоумните мислат дека сме сами, итн. - Една слика, различни интерпретации. Лесно е да манипулираш со некого кога знаеш како размислува и постапува за одредени работи. Со тоа в предвид, ништо не сугерира на официјална посета, али па што сугерира дека таа не се случила воопшто? Нашата потреба за докази :D. Food for thought.

* Не мора бе масовен спектакл да биде. Ете нека биде тајна посета. А где је печат? Потис и печат тражим бе :X3:

Не, но повеќето, дали учени, информирани, игнорантни, претпоставуваат дека било каков контакт ќе резултира со масовно излагање во јавноста и епик слетувања со motherships во градски паркови или пред светски влади :). Again, typical human imagination and mindset. Јебеш човечка психологија.

* Не мора, ама логички е да се претпостави дека најверојатно не ќе да е за арно. Не за нас барем... Од почетокот на пишаната историја до ден денеска никој не вмешал прсти во туѓи внатрешни процеси или територија без да има некаков интерес за него. Освен ако претпоставиме дека некое напредно еволуциско ниво ги отстранило ваквите рудиментарни егоистички пориви и би дошле од чист интерес да ни помогнат :angel:. Замисли ги луѓето во обратна ситуација ќе сфатиш подобро што може да се случи (Аватар, можеби). Иако што покомплексни животински форми и подобри механизми за напад и одбрана имаат (од животни волк и лав со брзина, моќни шепи и вилици, па до луѓето со оружја како тенкови и авиони и најбитно МОЗОК) овие карактеристики стануваат се поизразени. На крај дури и под првата претпоставка да еволуирале во ангелолики суштества физички и психички, на нас би гледале како нешто најниско и би не игнорирале.

Пак не гледам зошто најверојатно би било лошо за нас. Не мора да се оперирани од било каква лоша мисла, може никогаш не ја ни имале. Висока развиеност не мора да значи тлеење на стари навики и однесувања, само затоа што ние си патиме од таа болест. Секако и обратното е возможно, и тоа да биде далеку полошо. Поентата ми е, сите се сигурни дека ќе јадеме стапот ако дојде до контакт а тие се поразвиени (по дифолт ако дојдат до овде поразвиени се технолошки). Освен ако планот не е да прават робовска раса од нас за какви и да е цели и пориви, сите други причини кои ги слушам се слаби аргументи.

Вода и мраз има на сегде. Не мораат да патуваат далеку од својата домашна планета за да најдат. Нов дом? Голдилокс планетите се бројат во милијарди со двојна цифра според наши рудиментарни истражувања за статистички податоци на потенцијално населиви планети во галаксијава (не ги зедов во предвид населиви месечини, ала Аватар, како што го спомна претходно). Метали и минерали? Дури во нивниот двор треба да ги има во енормно изобилие не па наоколу. Ако било која од овие работи е причина за контакт, и субсеквентна инвазија, тогаш тоа значи дека се ептен блиску, као, next door neighbors блиску. Што па води до заклучокот дека ако е така до сеа ќе дошле пошто се релативно близу. Или го има во изобилие то што го бараат таму, или се далеку, или немаат интерес да не запознаат. Особено па ако врие интелигентен живот надвор? Ние би биле досадна, морбидна, и глупава појава да се занимава со нас било кој. Може и опасна да речам. Има поинтересни работи наоколу од нас.
 
И јас не гледам дека вонземјаните мора да се бед гајс можеби се фини и дружељубиви, можеби поминале тука ама не сме им интересни, можеби се плашат дека ние ќе ги нападнеме или можда ќе се уплашиме од нивната појава се се сведува на тоа можеби, единстевено потесните кругови на земјава можат со сигурност да знаат дали биле тука или не а ние од форумов може само да си нагаѓаме...
 
@Шкорпион Да не должам премногу на широко со цитати и реплики тоа ми беа некои мои разглобувања и мислења, меѓутоа премногу „можеби“ има. Можеби е забавно да се нагаѓа, но кога има премногу можеби не можеме никаков јасен став да артикулираме и било што може да биде случај. Кога било што може да биде случај односно не можеме да отфрлиме никаква претпоставка се се сведува воглавнo на нагаѓања. Моите нагаѓања ги црпам од нешто допирливо и познато, односно историјата, природата па и психологијата на барем најинтелигентната раса што ја познаваме (ние) која секогаш тежнее кон приграбување и конфликти, што може да биде некаква претстава, а можеби и далеку од тоа да биде. Кога имам некаква референтна точка, тоа ми помага барем малку да ми натежнува мислењето кон одреден став, ако бев коцкар на подеднакви коефициенти ќе се кладев дека барем тие што ќе не посетат први се the bad guys. Мислам дека и ти истото го формулира на малце поинаков начин, или би дошле од некаква корист (не мора да се ресурси, ете, би имале на располагање цел екосистем за експериментирање) или би им биле премногу банални, примитивни, можеби на ниво на дивјаци да би сакале да имаат нешто со нас.
 
Последно уредено:

Јас разбирам од каде поаѓаш со аргументите. Сакам да кажам дека ептен ти е лимитирано. Ради тие лимитации и потреба од докази, се користиме со живи лупости како Дрејкова Равенка, Кардашев Класификационен Систем и Фермиев Парадокс. Производ на лимитиран ум кој проектира исклучиво од себе и своето (сиромашно) искуство во затворен систем и множество на прифатливи веројатности затоа што се друго и надвор од него е неприфатливо, лабаво, неиздржано. Проблемот со тој ментален склоп е, ако реалноста не е таа која ти и слични други ја боите овде, а не сте мал број, тогаш остануваме неспремни за правата реалност таму надвор. И не само неспремни, туку и слепи. И ќе измислуваме теории зошто не сме посетени, каде се сите, дали сме сами, итн. - За ова планирав да зборам на пошироко на мојов блог, па се премислив, сега пак се вратив во форма и веројатно сепак ќе пишам нешто :D. Фала на инспирацијата.

Инаку, некој спомна претходно богови и сл. - како последица од интеракција со развиена вонземска интелигенција, ти еве спомна цел еко-систем за експериментирање. Тогаш колку и да ги исмевате теоретичарите на заговори и НЛО/Алиен ентузијастите, тие би биле во право, тие први тргнаа со тие констатации - дека митологијата со плејада божества ни е токму ради тоа продуцирана (хинт хинт Анунаки) и дека сме дело на масовно генетско експериментирање на глобално ниво, како ние, така и поширокиот жив свет овде. Од било што друго достапно, и да ја изоставиш модерната слика за вонземски инвазии од тетратките на такви теоретичари на заговори и мистерии, Вонземската Хипотеза, 'Зоолошката' Хипотеза и Теоријата на Антички Астронуати се сепак подржани, ако не повеќе, барем делум од научното интелектуално подрачје од луѓето кои наишле на теорииве. Нормaлно, Ancient Aliens претераа со Теоријата на Антички Астронаути, но тоа не значи дека буквално се во серијалот е булшит, или дека теоријата нема соодветна логична, разумна база на која е градена.

Уште една теорија која е доста релевантна, е дека сме првиот вид, барем во нашево локално ѕвездено соседство, кој достигнал олку високо ниво на технолошки развиток, и веројатно први кои сме истражиле нешто надвор од нашата планета, а сите други форми на интелигентен живот локално се далеку по-примитивни. И оваа теорија е подржана од научниците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom