Volvo Ocean Race

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.253
Двајца македонски авантуристи во прв обид да пловат околу светот



Македонија нема море, но затоа има амбициозни морнари. Александар Ѓорѓевиќ и Димитар Шкордовски се македонските кандидати кои се обидуваат да се приклучат на престижната и најбрутална прекуокеанска трка Volvo Ocean Race.


Volvo Ocean Race е најтешката регата на светот, постои од 1973 и на секои две години најбрзите едрилици на оваа планета се надпреваруваат низ сите океани. Годинешнава регата е закажан за Октомври во Шпанија и етапно застанува во 10 града меѓу кои Кејптаун, Абу Даби, Санја (Кина), Оукланд во Нов Зеланд, Итаџаи (Бразил), Њупорт во Америка, Лисабон (Португалија), Лориен (Франција) за девет месеци подоцна и 40.000 наутички миљи понатаму морнарите да ја завршат трката во Гетеборг, Шведска.


Оваа година пријавени се шест тимови со по единаесет професионални едриличари, кои ќе се надпреваруваат со бродови изработени специјално за оваа трка и коштаат околу 5 милиони евра секој. Секој морнар си има своја задача на бродот, двајца од нив се доктори, еден е стратег, еден изработувач на едра и еден морнар задолжен да снима и фотографира. Морнарите во текот на деветте месеци ќе живеат и работат во скромните 20 метри (65 фита) должина колку што се бродовите. Условите на бродовите се "спортски" и сурови како што е и самата трка и се плови деноноќно понекогаш и по 20тина дена помеѓу етапите. Volvo Ocean Race е најтешката и најопасната едриличарска трка и во нејзиното 40 годишно постоење многу едриличари биле загубени на море.

За прв пат годинава, министерстворо за култура и туризам на Абу Даби врши он-лајн конкурс за нови морнарни. Нашите едриличари Александар и Димитар моментало котираат високо на табелата и им треба вашиот глас за да стигнат на врвот и да се приклучат кон тимот на Абу Даби, предводен од британскиот скипер и двоен олимписки медалист Иан Вокер.


Ѓорѓевиќ и Шкордовски инаку се членови на параглајдерскиот клуб Вертиго од Скопје, двајцата се носители на скиперски дозволи и имаат учествувано на повеќе од десет регати со тимот на Вертиго Вејв, поморската секција на клубот.

Ѓоргевиќ, заедно со мал тим од Хрватска тукушто го преплови Медитеранот и моментално се наоѓа во Њујорк на едриличарски припреми додека Шкордовски е веќе во Абу Даби и активно тренира во водите на Персискиот Залив. Обајцата се пилоти на параглајдери и искусни едриличари.

Доколку овие наши одважни морнари бидат прифатени во тимот на Абу Даби, Македонија за прв кје биде застапена на еден ваков едриличарско - спортски настан. Да им помогнеме на Александар и Димитар да станат дел од епската Volvo Ocean Race - ГЛАСАЈТЕ ТУКА и глајсате веднаш!

За Александар Ѓоргевиќ гласајте тука, а за Димитар Шкордовски тука.

Погледнете го кратково видео за Volvo Ocean Race, а пошироко за целата трка тука.

Ајде да им помогнеме на дечкиве да го остварат нивниот сон !!!

превземено од точка.ком.мк
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Од кај бе овие сега ? Македонија нема море и некако ми е нелогички. Нека им е со среќа и Господ да ги пази
 

Kajgana Shop

На врв Bottom