Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

15-годишен украл „мерцедес“ во Гостивар и предизвикал сообраќајка​

Рано утрово полицијата од Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”, казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар.
Ако згазил некого треба да одговара тој што го оставил мерцедесот отклучан со клучеви на контакт брава.
Не треба да одговара ради тоа, туку поради тоа што е несовесен родител. Можел клучот дома да му биде, ама детето му е воспитано да прави глупости, па така не менува многу кај бил клучот - детето секако е ненормално.
 
Знаеш ли зошто во ЕУ е задолжително кодирано палење ?
 
Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсети дека измените се насочени кон унапредување на безбедноста на најранливите категории учесници и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимание.

Со новите правила, пешаците ќе мора да преминуваат коловоз и велосипедска патека без користење на слушалки во двете уши, мобилни телефони, таблети, смарт часовници и други уреди кои им го одвлекуваат вниманието.
 
Се додека не ги забранат со закон електричните тротинети не сум задоволен со ништо. Тие гомна што возат вакви тротинети не сфаќаат дека се со едната нога влезени во гроб, а сите ние останати учесници во сообраќајот сме со едната нога во затвор поради нив.
 
+1.

Пред два дена ќе соберев четири мрсолковци на тротинети без или со многу слабо осветлување во едносмерна улица, каде што идеа од спортивен правец. Вчера пак ги видов и на едно од тие го опеменав татко му, наред пат ако ги сретнам пак веројатно некое ќе си иде дома со набиен тротинет и газ..
 
Ми се дешава некојпат да видам некој да шиба покрај на улица ама у обратен смер. Скроз ментални се тротинетите
 
+1.

Пред два дена ќе соберев четири мрсолковци на тротинети без или со многу слабо осветлување во едносмерна улица, каде што идеа од спортивен правец. Вчера пак ги видов и на едно од тие го опеменав татко му, наред пат ако ги сретнам пак веројатно некое ќе си иде дома со набиен тротинет и газ..
Прво, колку треба да си забеган за да се качиш на такво нешто, и тоа во Скопје, каде што сите тротоари се ископани, со пропаднати бекатон плочки, не исчистени улици каде што едно камче може да се однесе под тркало, со ментални возачи кои буљаат во телефон додека возат, со шошони без мозок кои проаѓаат на црвено и уште еден куп фактори кои што можат да те однесат директно во гроб. Јас скоро и никогаш не претекнувам вакви идиоти качени на тротинет кои возат на улица, секогаш ги оставам да возат пред мене колку и да ми свират од позади. И во тие ретки ситуации кога морам да ги претекнам, возам скроз во другата лента во обратен правец, макар и би се акнал со некој. Подобро ќе плаќам материјална штета и казни од полиција од колку во моментот додека го претекнувам идиотот се сопне на камче и ми влезе под тркало.
 
Интересен случај од Загреб, Хрватска...но посебно е интересно, луѓе Вградуваат Предна и Задна камера, а кај нив ПОЛИЦИЈАТА ги ПРИФАЌА КАМЕРИТЕ !!!!, за разлика од ИДИОТИЗМОТ КАЈ НАС, кај што камерите од возилата се забранети се уште !!!!!!
 
ИДИОТИЗМОТ КАЈ НАС, кај што камерите од возилата се забранети се уште !!!!!!

Сто пати го имаме дискутирано ова: Не се забранети камерите. Забрането е таргетирање односно намерно снимање на некој, ама тогаш тој некој ќе треба да докаже дека на јавно место (улица) пат дека намерно си го следел токму него.

Ова со „забраните“ е вадење од контекст неколку закони, првенствено законот за заштита на податоци. И никогаш и никаде нема понудено конкретно членови од закон кои јасно кажуваат дека ти без умисла да следиш некој, не смееш во движење да снимаш јавно место како пат/улица.

Тоа што е точно, е дека снимките не се прифаќаат како докази на суд... Освен што понекогаш се прифаќаат (си контраат сами на себе). И буквално секогаш е подобро да имаш снимка отколку да немаш. Може на суд нема да ја прифатат, ама за други намени ќе се најде (може некој да ти ја украде и да ја постира на нет евентуално, па евентуално ќе ја видат сите и да се види ако некој те мести за нешто, итн).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom