Воена академија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување
за жал воената академија успејаа да ја исполитизираат!

најнова вест новите питомци нема да плаќаат партиципоација(најверојатно деца на мајори капетани...)па се прашувам каде беше објавен конкурсот и дали уопште имаше конкурс....а ваму се фалеа факултет во штип,во саса злетово...на месечината бла бла...каква дискриминација е ова..или бесплатно образование за сите или сите нека плаќаат партиципација...катастрофа...:tapp::tapp::tapp:

Другар смири се. Отсекогаш не се плаќа партиципација ако учиш во воената академија. Потпишуваш договор дека тие ќе те финансираат, ќе ти обезбедуваат храна, книги, дом(касарна) итн. Доколку сакаш да го раскинеш договорот, ти текнало да прекинеш со школувањето или не го завршиш факултетот ќе платиш бааѓи пари. Ти гледам дека и воопшто не си информиран. Конкусот беше одамна објавен и ако си сакал си можел да конкурираш. Ти ако живееш на Марс сам си си крив.
Што се однесува до примените кандидати тоа е друга приказна:helou:
 
нит сум планирал да се запишам и така сега треба да служам војска(доброволно се разбира) само мислев дека е некако....дискриминаторски-нели во берово мислам не се плаќаше партиципација...знам имаше таков случај значи еднаков третман кој сака висока школа нека плати школување не е важно дали ќе ја утне или не ако ја утнр јбг ако заврши ОК..

не сум информиран...па релативно е тоа кога веќе ми се обраќаш така...едноставно во македонија нема интересни работи...читај новаја газета,билд,тајм...глобал секјурити...таму имаш интересни работи а не во весници каде геро или Латас со татко турчин а мајка срнинка е македонец:pos2::pos2:
 
Убаво што сакаш да си служиш војска. Па не би рекол дека е баш дискриминаторски. Во Берово, Штип, Виница, одредени факултети во Скопје како и факултети во другите градови можеше да студираш без да платиш партиципација. Тоа мислам е така направено да не поттикнат да студираме на тие неатрактивни факултети, а и тие што имаат помалку пари да завршат факултет.
Што се однесува до весниците и јас не ги читам, а конкурсот го видов на страната на министерството за одбрана.
 
08.10.2009, 13:32

СКАНДАЛ ВО МИНИСТРСТВОТО ЗА ОДБРАНА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДРЖАВЕН СОВЕТНИК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Александар Генчев (39) од Скопје, државен советник во Министерството за одбрана, поради примање поткуп.

Како што соопшти МВР, пријавениот поради стекнување противправна имотна корист, од оштетено лице побарал парична награда во износ од 2.400 евра за да посредува оштетениот да биде префрлен на Воената академија во Скопје од насоката „заштита и спасување“ на студии за питомци.

Оштетениот во март и април годинава конкурирал за запишување на Воената академија во Скопје, на насоката за заштита и спасување и согласно конкурсот, за да може да се запише на Воената академија, било потребно да направи и медицински прегледи во Воената болница во Скопје.

Оштетениот пријавениот Александар Генчев го сретнал во Воената болница додека чекал за да ги направи потребните прегледи. Генчев случајно му пришол и го прашал што чека и по добиеното објаснување си заминал, за потоа повторно да му пријде и по краток разговор му го дал својот мобилен телефонски број за да му се јави доколку му треба нешто да му помогне.

Подоцна оштетениот му се јавил и го замолил да му помогне да се префрли на студиите за питомци за потребите на АРМ, за што Генчев му рекол дека ќе го извести за неколку дена. Потоа пријавениот и оштетениот се слушнале телефонски и договориле средба на која Генчев го известил дека може да му помогне за што треба да му даде 2.400 евра со што 400 веднаш за да ги почести луѓето кои треба да му ја завршат работата, а 2.000 евра по завршување на работата.

По ова оштетениот го пријавил случајот во МВР при што од страна на надлежната единица се преземени мерки и активности за докажување и документирање на кривичното дело, извршено од страна на пријавениот.

Како што се појаснува во соопштението, по пријавувањето на случајот, оштетениот и пријавениот се сретнале на 30 септември при што примил 100 евра, на 3 октомври 200 евра, на 7 октомври 400 евра. Генчев е лишен од слобода при последната средба кога оштетениот повторно му предавал парични средства. Кај пријавениот при направениот претрес пронајдени се 400 евра кои претходно технички биле обработени.

еве ви... како некој со 5.00 ке падне, а некој со 2000еур ке влезе на факс...
 
Во Бугариjа секоj граганин може да учи во Военото училиште, вопросот е колку ке плака. Ако е од друга држава - нај-многу, ако е со двоjно граганство едното од които бугарско - половин такса, ако е "постојанно пребивавашт" - колкото сите бугарски грагани. Мислам и за луге од ЕУ имаше некакви специални услови, ама ова во моментот не е битно.

Инаку во факултетл "Авиациоенен" на Националниот Воен Универзитет се влегуеа многу тешко. Критериумите се много високи (до преди неколко години беа, сега незнам). Ова е еден ефтин начин да се стане пилот. Во другите држави е скапо и прескапо.

Чуждестранните граждани, постојанно пребивавашти в Република Б'лгарија могат да кандидатстват за обучение по условијата и реда за кандидатстване на б'лгарски граждани, ако отговарјат на изискванијата на чл. 11. ал. 2 и 3 от Наредбата за д'ржавните изискванија за приемане на студенти в'в висшите училишта на РБ.

Факултет "Авиационен" кон Националниот Воен Универзитет:
http://www.af-acad.bg/bg/index.htm

Основните услови на НВУ:
http://www.nvu.bg/index.php?active=ps&sub=ps_usl

Наредбата за прием на студенти во Бугариjа - Чл. 11 - (2) и (3):
http://www.minedu.government.bg/ope...menu/documents/process/nrdb_5-00_priem_st.pdf

Закон за високото образование:
http://www.minedu.government.bg/opencms/export/sites/mon/left_menu/documents/law/zkn_vo.pdf
 
Темава е ТОП. Прочитав неколку работи што стварно ја отсликуваат конкретната и моменталната ситуација во Р.М. Едно време бев искрено заинтересиран за Воената Академија, поточно за воен пилот, но немав вујко владика, па решив да се откажам.
Факт е дека нема каде и на што да се лета во оваа држава. Во МАТ нема пари, во В.Воздухопловство нема воздухоплови. И логички се поставува прашањето: на ШТО ќе летаат нашите млади пилоти? Знам за многу примери на пилоти кои во бившата (нажалост) ЈНА летале на солидните Г-4 Супер Галеб, Ј-22 Орао, и неповторливите МиГ-21 и МиГ-29.А сега тие истите летаат во Скопје на антички Ан-2 и запрашуваат комарци. Имаше една интересна емисија со Кире Печијарески на МТВ на оваа тема. НЕ сме ни Русија ни Украина, па да имаме авиони насекаде.
И не мислам дека НАТО(ако некогаш влеземе) ќе им дозволи на нашите пилоти да летаат на Ф-15, Ф-16, Ф-18, Торнадо, Еурофајтер итн... А ако им дозволи тоа секако ќе биде некоја мисија во 1 правец. ONE WAY TICKET..:toe:
 
Темава е ТОП. Прочитав неколку работи што стварно ја отсликуваат конкретната и моменталната ситуација во Р.М. Едно време бев искрено заинтересиран за Воената Академија, поточно за воен пилот, но немав вујко владика, па решив да се откажам.
Факт е дека нема каде и на што да се лета во оваа држава. Во МАТ нема пари, во В.Воздухопловство нема воздухоплови. И логички се поставува прашањето: на ШТО ќе летаат нашите млади пилоти? Знам за многу примери на пилоти кои во бившата (нажалост) ЈНА летале на солидните Г-4 Супер Галеб, Ј-22 Орао, и неповторливите МиГ-21 и МиГ-29.А сега тие истите летаат во Скопје на антички Ан-2 и запрашуваат комарци. Имаше една интересна емисија со Кире Печијарески на МТВ на оваа тема. НЕ сме ни Русија ни Украина, па да имаме авиони насекаде.
И не мислам дека НАТО(ако некогаш влеземе) ќе им дозволи на нашите пилоти да летаат на Ф-15, Ф-16, Ф-18, Торнадо, Еурофајтер итн... А ако им дозволи тоа секако ќе биде некоја мисија во 1 правец. ONE WAY TICKET..:toe:

Подоцна оштетениот му се јавил и го замолил да му помогне да се префрли на студиите за питомци за потребите на АРМ, за што Генчев му рекол дека ќе го извести за неколку дена. Потоа пријавениот и оштетениот се слушнале телефонски и договориле средба на која Генчев го известил дека може да му помогне за што треба да му даде 2.400 евра со што 400 веднаш за да ги почести луѓето кои треба да му ја завршат работата, а 2.000 евра по завршување на работата.

ако немаш вујко владика... тоа ти е решение:pos2::pos2:
 
Сакав да прашам, секоја година ли има конкурс за Воена Академија? Сега завршувам 4та година, па сакам и имам желба за В.А. Ако знае некој нешто повеќе да ми каже. Поздрав :)
 
Дали има конкурс објавено и дали ќе се објави ако нема за запишување на воената академија во 2010/2011?
 
Не најдов ваква тема, а баш ме интересира за нашава воена академија.
Шо услови треба да исполниш за да се запишеш? Влијае ли просек од школо, или само физичките могуќности се битни? После завршување те вработуваат, или како знаеш се снаоѓај?
 
ОВДЕ можеш да најдеш кои се условите за пријавување и ред други работи.

PS: Скок во далечина ( без залет ) најмалку 200 сантиметри? 1500m трчање за помалку од 6 минути и 30 секунди? OMG :ija:
 
ОВДЕ можеш да најдеш кои се условите за пријавување и ред други работи.

PS: Скок во далечина ( без залет ) најмалку 200 сантиметри? 1500m трчање за помалку од 6 минути и 30 секунди? OMG :ija:

И многу ли се овие услови ? не зафркавај овие може и дете од 14 години да ги постигне.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom