Да се најди во мубает де па и ти , не му замервај.
Не му замеравам, си имаме јас и тој историја
Ако де, ти компаративно ја зеде СФРЈ и ја посочи економската страна во контекст на слабост/недостаток, фаличност. Нешто како владе мкд и неговите објективни колумни за локал-патриотизам и дневна политика.
По што конкретно цениш дека овие денес имаат некои економски планови и програми по социјалистички терк, незнам на што мислиш точно? Север и југ е тоа во што се инвестира денес и пред 50 години.
СФРЈ војската кажуваа била во топ 7 а со ниту еден испукан куршум од надвор ја снема

.
Турција може има бројна војска и одлично опремена но сепак се работи за луѓе а не роботи кои во секој момент може да откажат послушност.
Врска социјализмот ако не ти е доволен фактот што државата кај нас е вмешана во секоја сфера од општеството, контролира се, што е најголем вработувач, што дава субвенции без некој да се праша од каде зема за да дава и штом дава значи тој е неефикасен проект што повеќе да збориме... Венецуела ти е типична С.Земја и ете го резултатот.

Неможе од 30 годишни личности БЕЗ докажани квалитети, успеси, претходни достигнувања да очекувате напредок,може да се залажувате ама после ќе викате САД, Русија и шЌиптарите се виновни.
Во моментов кај народот има фундаментална верба дека
Владата е добра и дека ќе се грижи за тебе додека не умреш

. Ова изгледа е поврзано со луѓето кои сакаат да бидат згрижени но не до степен како да се на социјала. Односно ќе се преправаат дека се независни интелектуални индивидуи. Од друга страна се откажуваат од таа независност бидејќи не сакаат да веруваат дека уствари никој не е одговорен т.е.
несакаат самите да бидат одговорни за својата иднина, полесно е некој друг да обвинат за нивната мрзеливост и неактивност. Кај нас криви се Б.Ц и Грујо

А ова најверојатно е поврзано со фактот што како деца повеќето не сме требале да работиме, некој друг се грижел за нас, и сега очекуваме пак некој друг ќе се грижи а една е мајка
