Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
посебно утрово нешто како срцево да ме стега. не знам... дали оти вчера ко ми прелетаа некои спомени со тебе низ главата, некак како да осетив забрзано да ми чука срцето... зашо така ми се случува? дали си добро?
последните неколку вечери јас не легнувам да заспијам туку се спуштам во една спирала на мисли дека шо на крајот јас стигам пред портите на пеклот. тука се случува да не кажам најстрашното: те гледам а не можам да те допрам. далеку си ми а сите спомени пред очи ми минуваат...
 
Сакав да пишам нешто за тебе, ама ми текна дека во насловот има “во врска со љубовта“, за патетични сељаци во друга тема се пишува.

Ајде сега нешто за сегашниот.
Сакам да прекинеме, не ме прашувај оти, зошто ни самата не знам. Не успеав да те засакам изгледа. Уствари па што сум јас крива тука, ти си. Ти не ме натера.:gjavol:
 
Од кај бе ТИ ми улета у мојов живот?? Како? Со кое правооо?! кој си ти уствари?!
те мразам!
 
Мислам дека ти ме гледаш мене само како пријателка и искрено тешко ми е да го прифатам тоа.
Не те разбирам озбилно..............
 
Последно уредено:
Се питам дали треба се да однесам у курец околу мене и да излезам пред тебе или да оставам отровот од невозвратената љубов шо го имам во мене да ме докрајчи... Колку боли кога не можам ни да те слушнам барем како дишеш...
 
како што вика народната:

„Знам дека ти не си женска за една ноќ. Се заморуваш веќе по неколку часа... “

:love:
 
Некoј ден дoдекa спиеш сaмo нежнo ќе те пoгaлaм сo секирaтa и ќе си зaминaм.....

Црн хумoр , дoнт бери гaјле , сaмo дaј те мoлaм oпрaј се , убaвo ни пoминувaa денoвиве , ниеден прoблем не е нерешлив , ти гo мoжеш верувaм вo тебе
 
Ако некогаш дојдеш до вратата на моето срце,немој да ја отвараш.Тагата со кое е исполнето може да те обземе и тебе.Ти беше моја прва роза,но одеднаш ја разбранува мојата сегашност и стана мое минато.
Ако некогаш нешто те потсети на моите очи сврти го погледот.Ако сонцето што заоѓа го напише името мое на небото немој да го читаш.Ако слушнеш како бубачките низ тревата раскажуваат љубовна приказна немој да ја слушаш.Заборави ме мене и мојот насмеан лик,зошто веќе не сум твоја.Замини онака како што дојде,тивко со бешумни чекори во ноќта, со раце полни со желби и љубов,но без надеж дека пак ќе се вратиш.
 
Криво ми е само што не ти кажав се што имав... се што ми лежи на душа, можда полесно ќе ми беше..
А се помирив со фактот дека си среќен со друга... и ок е се тоа...
Се помирив и со тоа дека нема да те заборавам никогаш...
Се помирив и со тоа дека јас не се борев и те туркав таму каде што си сега...
Се помирив со се...
 
изминува една година од кога те видов за последен пат... ак сакаш да знаеш шо ми направи ко те видех последниот пат раслисти се низ моите постови и ќе видеш сама.

пред некое време почнав да работам во кујната на еден ресторант. се беше добро додека една од келнерките шо работеше таму ко ја видех личеше буквално на тебе Т. Озбилно... погледни сликата и ќе ти стане јасно. дури застанав за момент да се уверам дали си ти или не. ама сепак, ти си една и единствена ама колку си личате тоа е чудо.
382513_602675959764110_982706716_n.jpg 10245281_760239997341038_1111618849446054598_n.jpg

ми недостигаш љубена... да, ти си моја една и единствена љубена! нема никоја и ништо да го заземе твоето место во моето срце...
 
Не е љубов кога не ја почитуваш мојата желба за филм.
Не е љубов кога некогаш ми се смееш на изборот на музика.
Не е љубов кога секој избор за излегување кој го правам за тебе е сељачки и никогаш не го реализираме.
Не е љубов да ми ги хејташ другарите и другарките само пошо имаат поинаква перцепција за пополнување на слободното време од тебе.
Не е љубов да ме омаловажуваш секогаш кога ти е досадно правдајќи се дека тоа го правиш за мое добро.
Не е љубов кога ме исклучуваш и оттргнуваш кога ти грешиш.
Не е љубов за секоја твоја грешка да ја наоѓаш вината во мене.
Не е љубов да ми кажуваш дека ме сакаш со сите недостатоци а пола ден да го поминуваш во истакнување на истите и исмевање.
Не е љубов кога ме третираш како помалку созреан само затоа што не сакам да терам инат и да се расправам па добар дел од работите ги премолчувам.
Не е љубов кога отворено ми кажуваш дека ме хејташ пред друштвото за физичкиот изглед и поради тоа што сите ти укажуваат дека така само ќе ме оттргнеш од себе.
Не е љубов во првиот момент кога знаеш дека грешиш да ме обвиниш мене за нешто што било пред 2 години и да се држиш само за тоа.
Не е љубов кога ми ги уби желбите за одење во кино и театар со твоето 'леле ич не сакам гувжи и луѓе околу мене кога глеам нешто'.
Не е љубов кога на 'ај да одиме на опера' ми враќаш со 'еј не ми се иде треба да се дотерувам'.
Не е љубов кога изборот на пијачка во кафич ми го проследуваш со превртување на очи пошо било сељачко.
Не е љубов кога ме критикуваш за избор на облека а кога барам совет си идеш по рафтови и си бараш облека за себе правејќи се како да не постојам.
Не е љубов кога за сè ми викаш дека не можеш да го сфатиш тоа иако многу добро знаеш како е.
Не е љубов кога идеме на одмор онаму каде ти сакаш само пошо сите други опции кои ги давам се сељачки.

Ама јас па најдов да зборам дека знам што е љубов а што не.
Да знаев, немаше ваков пост да пишувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom