Ти никогаш не ми дозволи да ти покажам колку сакав да бидам со тебе...Нема да дознаеш колку беше голема таа желба.
Ти кажав,се ти кажав...Од кога се појави ти ми се променија чувствата...
Да можеби се замарав со него но тоа беше бидејки не сакам некој да се однесува лошо кон мене...
Ме болеше,и секој друг на мое место би се чувствувал така...
Покрај тебе се чувствував најсрекно и најсигурно...Како што умееш да кажеш ти:Го достигнав врвот.
Секој пат кога те гледав посакував да ги искажам тие зборови кои не ми даваа мира:Да,ти си оној кој го барав,ти си оној вистинскиот за мене...
За жал јас немав гума во себе за да го избришам сето она кое се случи изминатата година за да можев да продолжам како да не се случило ништо...Ама се случи.
Ми требаше само малку време...Да ги средам мислите...Емоциите и сите работи кои ми препречуваа да бидам срекна со некој...
И кога ги средив ти се предомисли...
Можев да кријам се од тебе...Да бегав,но јас останував и ти давав до знаење колку сакав да бидам покрај тебе,со тебе...Нели,однесувањето покажува кога некој те сака?
Можев да бидам со било кој друг,можев да продолжам да се борам за него и да ги употребам сите работи да стигнам до неговата прегратка,но јас и тоа не го направив...
Знаеш зошто?Зошто и јас те чекав тебе...Те чекав затоа што те обожавав...Затоа што знаев дека ти си оној "принцот на бел коњ".
И сега?Што сега...Ништо нема да се случи...Јас си останувам со моите чувства кон тебе а ти тргна по друг пат...Не знаејки колку многу работи имав во себе кои заслужуваше да ги знаеш...