Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Дојде време и ова да ти го кажам пријателе мој.
Не,повеке не те сакам...љубовта е конечно мртва...Не ми недостигаш,не плачам повеке по тебе,ниту пак помислувам да те побарам пишајки ти мала порака во инбокс како некогаш а на крај мало срце до пораката и бакнеж.Тоа веке се е минато...
Верувај,дури се обидов да ги барам тие чувства некаде,но ништо не е останато...Бидејки ти се уништи...
Веке ништо не ме потсетува на тебе...Дури и ги слушам песните на кои што ти ме научи.
Престанав да ги бројам и деновите поминати без наш разговор...Престанав да зборувам на пријателите за тебе,исто ко да не постоиш...
Жал ми е што не виде која личност вистински те сакаше,без граници...
Не знам дали некогаш ке ја почуствуваш мојата промена,но и да се случи тоа...Ке биде доцна...Можеби ке бидам далеку од тебе,срекна со друг кој ме заслужува...Можеби нема да се секавам на ништо...Ама можеби...
Срекна сум што зборот Те сакав го кажувам во минато време...За некој месец дури ке се смеам на сите мои лудости направени заради тебе...
Се борев доста долг период против чувствата...Се секавам дека не сакав да си признаам на самата себеси на почетокот дека те сакав...
Ти направив и неколку тестови,да ја видам твојата реакција...Падна...И на нив...и на сето она што ке следи допрва...Ке ја гледам од страна твојата реакција...всушност се прашувам и дали ке те забележувам во иднина...

Ајт.:icon_mrgr:
 
I'm a victim of an over-active limbic system
Follow me and you will know the madness that I live in
No magic, just an open casket criticism
Carry me inside or you can bury me alive right...
When we met it was innocent enough
I said "Hi it's nice to meet you I am mister self destruct
I'm in your blood you're a victim of the rush"

ете така
 
можеш да влеташ кога сакаш во мојот живот, само побрзај оти да не тргнувам да те барам :)
 
Познато ли ти е она чувство кога одиш по работ на тротоарот
а на патот не се испречува ниту едно возило,
да те пресретне,да те исплаши
да го затвори твоето моментално чувство
за совршен баланс и смиреност додека си толку
фокусиран во тој навидум прост глагол без суштина?
Само чекориш со поглед вперен надолу и уживаш во дејството
нешто помалку забавно од возење велосипед,
нешто повеќе забавно од седење во училишна клупа.
Тоа чувство е возвишено,
кога нема ниту еден патник да
те пресретне за да мораш да отстапиш од
детската игра и да започнеш
пристоен разговор со него
или да го одминеш со спуштена глава па да
се прекоруваш дека тоа е неваспитање,
не...само чекориш и си играш...
знаеш дека нема и не постои апсолутно ништо што би те натерало
да го паузираш тој совршен плеј филм во твоето детство.

Денес додека зјапав во саксиите цвеќе на комшиите и
во сонцето кое светеше помалку од мојата среќа,
мислев на тебе и
се присетив на тој кадар,ми дојде истото чувство.
Тој мир е незаборавен,ех тој момент,
кога бев странец и дете помеѓу тишината
на мојата внатрешна детска радост и хаосот кој го уништи пладнето
и и даде атлетски старт на гужвата кај Јаворот.

Се насмевнав и го истресов пепелникот,
го одлепив филџанот испиено кафе од лицето на Бодлер
и во меѓувреме додека негодувам и се прекорувам
за тоа како ја огрдев корицата на таа книга
додека во позадина во моето уво ми одѕвонува и на
Едит Пјаф ''Non,je ne regrette rien'' ми стига,
дојде на гости таа,бубамара и застана на мојата рака
за да и ги избројам сите дамки
кои според старите легенди ветуваа месеци
додека пристигне љубовта,
да и пренесе порака и да ја донесе овдека.
И и шепнав да си оди,да замине,на друг среќа
во љубовта да му донесе и моите поздрави
да ги однесе.
Мојата љубов е овде.
Тука е и спие во мене.
А додека спие си ја мавам главата од маса.
Ама хипстер сум била бе
кога сум била среќна и затрескана
ебате Гинсберг-современата поезија ебате.:facepalm:
 
Уште не ти е јасно со кого си имаш работа? Уште не знаеш со кого си се фатил на орото? Па,и малку се знаеме..Не знаеш во животов на кого можеш да му веруваш,ти кажав милион пати!
Уште не ми е јасно зашто ме трпиш? Многу добро знам каква сум- контрадикторна,едно зборам па погазам,па друго кажам,те зезам,те замарам,сигурно и те нервирам (барем малку признај ми).Имаш отспротива една просечна,обична девојка која е премногу загубена во лавиринтов наречен живот.
Знам што бараш,не знам што давам.Ми се свиѓа како ги приметуваш оние мали,ситни детали што стално се трудев некој (било кој) да ги примети,а не ми успеваше.:) ти си многу фин,а ја таква никаква..

ми фалиш,дебел !мхм.. :P
 
Копнежот е минато
Во мене горат гаволски огнови,толку силно распламтени што допираат до мојата душа.
Ја прават погана.
Мирисот на изгорено го чувствувам.
Ма не постои пожарот,тоа е само имагинација на мојата непроспиена нок.
Секогаш ке копнеам,ако не по тебе,по она што сакав да бидеш.
Не,нема да дозволам мојата душа да биде затруена од околни фрустрации.
Мојот свет е само мој.
Нема да дозволам да управува со него ниту една височина.
Го сакам мојот свет,преплавен со копнежи,ги сакам дури и трњето по кои одам.
За ништо не би го сменила.
Копнежот за кој горам ке пронајдам начин како да го изгаснам.
Ти си моја вода,се пролеа низ мене.
Навлезе во моите пори.
Те дочекав како пустински песок и го голтав секој твој млаз.
Секоја твоја капка ме претвараше во оаза.
О,височино,јас чувствувам,во моите вени тече крв.....
 
И доста ми е од тој твој страв од љубовта. Доста ми е од сите твои игри, те топло те ладно, те прегратки те солзи. Доста ми е од твоите блуднички игри и мангупски фазони, доста ми е глумење и играње монопол каде девојките како јас се само уште едно поле. И да! Баш така како што и самиот кажа –заминувам. Заминувам и не се враќам назад. И не, нема да ја променам својата одлука на првиот твој романтичен гест, затоа што веќе те научив. Ова е конечно. Заминувам вечерва. Среќата веќе ја закотвив некаде на југ, а глупавите соништа за тебе ги удавив некаде на север. Мене ме чека некаде некој кој ќе знае да ме сака онака како што заслужувам, оној кој ќе знае да ми подаде рака кога ќе паднам, оној кој ќе ми ги брише солзите при секоја тага, а ќе биде извор на мојата постојана среќа. А ти продолжи да глумиш мангуп, продолжи да глумиш дека ти е сеедно дали си сам против светот, затоа што наводно ако сам се родиш, сам и ќе умреш. Спиј си ти со таа теорија, а јас ќе ја побарам мојата сродна душа. Јас бар искрено љубев, а ти? Ти можеш само да си ја затвориш устата следниот пат кога ќе ме видиш, затоа што тоа повеќе не ќе сум јас.
 
не боли лагата ... болат годините на доверба кои се рушат за миг и токму во тој миг кога се се срушило се запрашуваш дали е можно таква работа од некој кој се до тој миг бил многу добра особа во која си гледала се најдобро ....... или било само еден лош сон ?
 
Длабочината на океанот ја осудува темнината да биде морничава, немирна, но најмногу од се убава. Најубавите риби пливаат на дното, во темните длабоки води каде сирените живеат свој свет. Таму се кријат заборавените градини, изчезнатите градови, семоќните богови, далеку, далеку од надворешниот свет, далеку од не-емоционалниот човек, немирите, од чадот на војните. Таму е целото богатство, длабоко, недофатливо до човекот-уништувач. Таму се зачувани сите вредности и тајни, таму е зачувана и мојата љубов за тебе. Љубовта која е недофатлива до оние кои сакаат да ја уништат, љубовта која припаѓа само за тебе. Драгоценоста нејзина лежи меѓу чудните прекрасни суштества, растенија, меќи Атландита и Титаник. Никој нема да ја дофати и пронајде и уништи, никој! Само ти ја знаеш песната на длабокиот океан, песната која ја разбудува мојата љубов и ја оживува за тебе. Допливај до мене и ќе те чувам вечно од целиот немирен надворешен свет. Те љубам драга!
 
Срањата во животот имаат и позитивна страна, се челичиш ако ништо друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom