Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кој си ти...?

Добро љубиш, а богами и имаш топлина што со мојата создава аура во која лежиме смирени.
Ако има некоја вселенска конспирација, нека продолжи со ова темпо.
Мачору мој баклавски:back:
 
Денес без тебе ... некако празно ми е , болно ми е ... те сакам ... морам да те видам што поскоро , што поскоро . Не можам веќе да чекам . Би летнал до кај тебе да би можел и секој ден го проколнувам господ зашто немаме ние луѓето криља па да летаме насекаде слободно , ама пак ја не бил сакал насекаде да летам ...ја би сакал само до кај тебе бидејќи само ти си потреба и ништо повеќе .

п.с Само тебе те сакам ...запамти го добро тоа .:back:
 
...многу си затворен, навистина не знам како да допрам до тебе. Јас смотано, ти уште повеќе, ајт со здравје и од ова нема да испадне ништо како што ми изгледа. Гласините што ги слушам едно зборат, твоето однесување друго. Дај бе покажи нешто. Позитивно или негативно не е битно само покажи.:(:(

I can't love you if you won't let me
Can't touch me if you don't try

Спремна сум и да си ја погазам срамежливоста и гордоста, само да ми дадеш знак. Да знам на што сум.
 
I don't wanna lose this feelin'...
Close your eyes, give me your hand, darling... :back:

Што се случи? Стварно незнам. Но едно е сигурно, вака не можеме да продолжиме. Знам, само еден ден е, ама... Стварно незнам, тешко е... :cry:

Извини, ако на некој начин те повредив. Од се срце, извини. Само, незнам каде згрешив, незнам дали згрешив. :cry:

Те молам, искрено, најискрено, како никогаш досега, да заборавиме на вчерашниот ден. 3 месеци, се беше супер, но имам чувство дека вчера се отиде во неповрат. Зошто вака? Заради некој кој е веќе дел од изгубеното минато? Заради некој кој не заслужува никакво внимание од наша страна? :cry:

Те молам, остави другите што зборуваат. Важно е тоа што е вистинско меѓу нас... Нешто што засекогаш ќе остане... И никоја сила, никоја лага, никој збор нема да може да го размести.
 
Со тебе во него животот ми е мнооооооооооогуууу поубав:pipi:Те сакам срценце мое
 
мн сум збунета...убаво беше неможам да кажам не,ама и ти свати ме и свати некои работи...не е се така лесно и убаво како што мислиш...
се осекам задушена од милион работи,можеби и сама сум крива зашто не си оставам простор за самата себе,туку упорно и упорно се впуштам во игри кои што не сум навикната да ги играм.а кога рече дека е сериозно,не лижи кај што плукаш и не заборавај што рече....Не сакам да ти го направам тоа што го направив на некој друг...вредиш мн повеке од него..и не се плаши ја сум со тебе..НЕ СО НЕГО..:wink:
 
епаа...
знаеш...
исполнет си со хармонија...
секогаш со насмевка...
знаеш со еден поглед да ме натераш да се стопам...
:smir:
 


Незнам дали ти доаѓам само како нешто плус во животот у некои периоди, а ти си имаш други приоритети.:toe: Можеби предосеќаш што тлее во мене и сакаш само мое признание за чисто онака да се осеќаш убаво, а си имаш др. живот на страна.
Никогаш не ми недостигала храброст нит зборови за да ти кажам дека ми значиш и дека те сакам, доколку очекуваш да ти ја дефинирам ситуацијата во која сме.. би рекол љубов. За да се материјализира ова и преточи во реалност треба да исполниме одредени предуслови во животов. Самата си свесна.
Сакав само да искраднам неколку збора од тебе кои би ми дале мн. мотивација во моментов, а во никој случај не сакав да испровоцирам и да те понижам. Доколку твоево лутење е само начин да ми демонстрираш колку сум ти битен ти велам време е да се вратиш и да го продолжиме муабетот.

Сосем нормално е да сме имале посебен живот претходно ама се може да се сведе на минато.

If you had one shot, or one opportunity to seize everything you ever wanted in one moment! Would you capture it or just let it slip?
 
иако веќе доооолго си Бивш :( јас пак имам нешто да ти кажам... а денес тоа би било ...


Среќен роденден Овцо една :) ... ти треба да си Овен ама повише ми личеш на овца бе... со цеееееееееело друштво шмизли се измува. доста беше мислам више... не за друго, него ја се осеќам понижена, шо испаѓа дека сум дел од таа група на лигли, а ни најмалку не сум како нив... сеедно, јас пак те разбирам, малце ми е чудно на вие години така да се понашаш ама ај... сепак те разбирам... и продужи даље... сеедно ми е, јас секако нема да те гледам уште едно 3-4 години ...

а после? ... надевам се ко ќе ме видеш да се завртеш на другата страна, пошо после сите лајна шо ги сереш дека си ногу путкар и сите ги моташ, немаш фаца ни да ме погледнеш беб4е...
дам... продужи... прави им занимација на другите околу тебе ко ќе одат на кафе да има зашо да зборат... прави се дека си задоволен... ама ја знам дека не си... мене злато не можеш да ме излажеш 2ор пат... јас веќе те познавам подобро од самио себе.

Да си ми жив и здрав и вечно најубав! Среќен роденден среќо моја... поздравче со песничка

 
If you believe in me
Like I believe in you
We can work it out... :pipi:

Гледаш, заедно сме посилни од се. :back: And miracles really happen. :pipi: Тоа вчера беше едно незаборавно... :back:

<3 forever... :back:
 
Денес не "те сакам" баш,онака си ми некако не се замарам....изглеа проблемот е у мене,незнам што сакам и како сакам,али ипак ме свакаш нели сонце ,ајде ке ти пишам пораче за добра нок бац:back:
 
Ија! Си доаѓам точно по еден месец откако ти си отиде одовде!
Се гледаме утре, говедо мое!
 
И како чоек после да не те смачка, ајде кажи како можи да му се одолеј на такво суштество како тебе :)
Фали уште едно панделче да ти клам и да почнам да те јадам и лижуркам.
И ајде, пеколна е цела недела, нека помини па да те изгмечуркам на раат.

Бацки, гушки и многу љубов.
Те љубам.:back:
 
За плусовите, минусите, за исполнувањето празнини и за нашите животи на страна....

Некогаш - едниот се правеше на будала, а другиот немаше храброст. Денес - и двајцата сме премногу горди. Може и само глумиме свесно убивајќи го фетусот што одамна сме го зачнале, ама ситуацијата е таква каква што е, и ниту јас ни ти немаме средства во моментов да дејствуваме. Едно знам, таа проклета гордост не му носи добро на светов и на крајот само ќе не изеде и двајцата.

Не си го хранам егото со туѓите признанија мило, потврдата за работите во кои сакам да бидам сигурна секогаш ми доаѓа на најлошиот начин. Некогаш залудна е повремена радост на она што навистина сакам да го чујам од тебе кога се мати со многу пролонгирани денови на несигурност и тапо чувство на недоверба кон тебе. И потоа се од почеток. Ќе го уважам твоето познавање на моите слабости, зошто ти мило мое, секогаш знаеш да удриш онаму каде што најсилно ќе прокрвари.

Не ти ја разбирам теоријата за плусовите. Мислев дека секој важен човек во животот, реално, ти е своевиден плус во остварените цели - си нашол некој кој е доволно вреден и доволно те исполнува за да остане покрај тебе до крајот...во било која форма на поврзаност. Се смеам ако искрено веруваш дека ми исполнуваш периоди во кои веруваш нема никој друг околу. Сум ти зборувала за деловите кај мене, нема да се замарам да повторувам кои се твоите димензии и кое е местото кое ти го заземаш. Наспроти се ова, ти сепак многу добро знаеш дека сум човек кој,наместо да ја полева саксијата со надеж за скратување далечини, може многу лесно да најде нешто дофатливо што ќе ја исполни...во секоја смисла. Само не ми е мерак.

Чудни извори на мотивација бараш бебе. Јаз во дефиниции можеби, зошто откраднување зборови за мене е веројатно изнудување 2-3 милозливи изрази на претопување од љубомора или страст. Позитивна реакција на што? Ја заслужи ли? Се отвори ли? Ми посочи ли? Треба ли да си туткаме работи под нос надевајќи се дека другиот ќе сфати и ќе ја произведе саканата реакција? На крајот на краиштата, те наситија ли моите испади? После ова, многу лесно би извлекла заклучок дека забораваш колку отров знам да пуштам од зборови што ги бараш од мене во вакви смешни ситуации. Погрешен потег бејб, независно од благородноста на целта која си сакал да ја оствариш.

Можеби сум слаба за да го избегнам муабетот, ама само затоа што сум доволно храбра за да тргнам макар и против себе и да заклучам дека нема поента. Сметам дека на моменти и јас доволно сум се излигавила за да добијам само едно бедно тапшање по рамото. Се согласувам... јас треба да си ги преиспитам реакциите, ама во иста мера во која ти треба да си преиспиташ дејствата...
 
Одамна немам пишано на темава...еве сеа ќе пишам нешто...
Ќе зборувам за две чувства на љубов...една е другарска...
Да се разбереме не сум педер...По два дена конечно се смиривме попуштивме и двајцата и конечно повторно другари...
Овие два дена ми беа празни без тебе немаше кој да ме насмее немаше кој да ме направи среќен...
ама најбитното е дека сме пак другари не знам што би правел без тебе...:back:

Е сега оваа недругарска љубов...
АААААААААААА веќе ќе пукнам...веќе не знам што да правам...збунет сум тотално не знам што да правам...намерно се смеам за да го скирајм грчот на моето лице...спремен сум да се смеам пред сите, да го лажам целиот свет...
Од што толку многу те сакам дури те препознавам во лицата на другите луѓе, кај и да се свртам те препознавам...
твоето лице...влезе длабоко во мојата психа, те сонувам те барам...ама штета за мене што неможам да те имам...
Веќе знам на што сум и каде сум и дека неможам да успеам кај тебе, џабе ми е трудот...Малите работи се бројат додека додека кај мене поразите се нижат...
Би сакал само ова да го направиш за мене:Опрости ми што немам снага да се сложам и да имаш среќа со него и онака тоа не ти треба од мене...
Само биди тоа што си каде и да си што и да се случи..Ти биди ОК и никогаш не дозволувај да дознаеш како боли кога некој го сакаш а не ти е возвратена таа љубов
Јас се вратив на моите стари стази излегов од овој сон каде што не успеав да го протолкувам и да уживам во него...Космосот ќе чека само да умеам да...
За мене остана само надеж каде што некој ќе сака да ме свати мене, моите лутања и сонови...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom