Се беше убаво, додека не почна да им веруваш на другите (тоа ти го зборував цело време), сега им остави време и простор тие да се радуваат. Зошто, имаше причина ? Не ми веруваше ?
Не казни и двајцата. Мислам дека не ја заслужувам таа, незаслужена казна, но ако така си решила - ќе ја почитувам твојата одлука и само едно ќе те замолам. Никогаш, ама никогаш повеќе, да не си ја ставила во прашање мојата машкост, врз основа на некои туѓи оговарања и размислувања.
Ако е одлуката конечна - нека ти е со среќа и само едно ќе те замолам за во иднина - не ги слушај повеќе другите, за да не ти се случи истото што се случи меѓу нас. Ова ти го кажувам од љубов, а ти свати го како сакаш. Беше .....