Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нц. :icon_roll

I noticed your eyes are always glued to me
Keeping them here,
And it makes no sense at all..

Не си ми нешто логичен. Ма, ништо нема логика овде.

Ама еј, ако ти е забавно да си играме, добро, не е проблем.
Па, ова би требало да е најинтересниот дел.
Трчав, трчав, но напорно стана.
Сега, ти ја препуштам мојата улога.

Па, let the games begin. :twisted:
 
По разговорот сабајлево конечно разбирам зашто ми раскина. Иако мислам дека имаше и друг начин да ги решиме проблемите, те разбирам. Да сум на твое место, не знам дали би го направил истото, ама сепак, мислам дека си во право за работите што ми ги кажа сабајлево. Сепак, мислам дека премногу брзо, и премногу лесно се откажа од нас.

И немој уште еднаш да си ми кажала дека не е до мене, туку дека е до тебе. Двајцата бевме во врскава. Ако некој допринесе за ова што се случува денес, тогаш тоа сум јас. Само криво ми е што не зборувавме на време за работите, и не ги решивме проблемите кога требаше.

Криво ми е што заборавив многу работи. Се каам, ама сега е касно за тоа. Иако не го покажуваш тоа, знам тека ти е тешко и на тебе, премногу.

Само сакам да си среќна, без разлика дали си со мене или не. И знам дека не ти значи ништо сега, ама јас сепак ќе ти кажам: ИЗВИНИ! Извини за се.

Сакам да знаеш дека секогаш ќе бидам тука за тебе, за било што.

Те сакам
 
Љута...уште љута.Ама работата е во тоа што не можам да ти бидам долго љута...иако овој пат стварно го претера.Долго време преќутував и замижував пред се и на се.Ова беше крај.Се прели чашата и сега непопуштам туку така
Овој пат ќе се помачиш да ги вратиш работите во нормала, онака како што биле...
Лелелеее стварно си кретен еј на моменти.

А да биде трагедијата уште поголема...Ми фалиш премногу...ама љута сум:pipi:
ТОРЛАК!!!
 
Влегов во стадиумот на броење денови:) Не можам да дочекам да се вратам!
 
Влегов во стадиумот на броење денови:) Не можам да дочекам да се вратам!

а , и јас сум во тој стадиум...
не можам да дочекам да дипломираш, дома да си дојдеш засекогашш :back:
 
Сакам да ти кажам, поточно сакам да те прашам: Кога ќе ја ставиш љубовта пред другите работи за кои ти велиш дека не се љубов???:cry:
 
Сакам да ти кажам дека многу многу те сакам. Кога сум со тебе се ми е совршено и ми е тешко што не се гледаме многу. Би дала се засекогаш да те имам со мене, само да ги гледам твоите светкави зелени очи. Само заради тебе ја засакав таа боја. Ми требаш, те сакам!!! Се надевам дека и ти ме сакаш како што велиш. Мислам дека ви умрела без тебе.
 
Que dificil es ser yo.. :icon_roll

Дури и не можам да пишувам..не знам како да ти ги извлечам чувствата од дно.
Подобро и ништо да не кажам.
Ќе се лажам,ќе те лажам.
Ама на крај краева..не морам да се правдам,нели?
Да. :icon_cool
 
Ме изнервира сеа жими се!
Море ќе видиш шо ќе те снајдеше ак ми беше пред очи:kickbox:
Секогаш умејш да расипиш нешто.Ама баш секогаш!
Е алал да ти е на способноста шо ја имаш за вака да манипулираш со луѓето!
Вриет нешто во мене.Осеќам дека ќе експлодирам дек ќе си пукнам!Криво ми е,мака ми е...Абе едноставно се` ми е!Нафурана сум!Ми идат да те изнавреѓам со најлоши зборој ама еве успевам да се контролирам.
Најтрагично е шо утре само со два збора ќе мојш да ме смириш.
Ќе напрајш некој филм дека јас сум крива и јас ќе попуштам ПАК.
И пак ќе сме заедно,и пак ќе пишам колку те сакам и колку те мразам во исто време!
Но до тогаш....е*и се!
 
Пак е во мене проблемот...
Зошто имам толку голема потреба да се нервирам за некого?
Зошто ми е поубаво кога не ми обрнуваш внимание?
Истата приказна повторно.. Иако и сама знам дека треба да сум задоволна со тоа што го имам.
Те сакам, убаво ми е со тебе ама сепак нешто ми фали... Ни сама не сум свесна што е тоа..
Немам срце да ти речам дека нешто ми фали покрај се она што ми го даваш. Никој не е како тебе.. Никој не знае како да ме направи среќна ама ете.. секогаш истото па истото...
Мака ми е што сум ваква, што барам мани каде што нема...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom