Ја да ти кажам, гледам по жени.
Не за да им нарипам, туку од љубопитност.Интересна ми анализата на дневната постава на жени, која е сосема различна од вечерната постава. Закључоците и категоризациите ќе ги презентирам во некоја друга тема, а тука да заклучам дека гледам - во минувачките.
Гледам пред себе, улица, полна, празна, размислувам додека се движам и не приметувам ништо околу. Се случува и да не приметам, дека на таа улица има нешто значајно, објект, локал, настан. Често ми викаат дека се правам важна, а не знаат дека мислите ми се далеку од таа улица.
Едноставно гледам да стигнам до зацртаната цел - таму каде што сум тргнал а во што гледам зависи од расположение од момент али општо земено може да се каже гледам право и како што реков да стигнам на зацртаното место а успат секако да се испоштовам со тие што ме поштоваат loooooool RESPECT!
Гледам во улицата, ама подалеку пред себе, демек таму одам, а мислите ми летаат обично некаде на друго место, си правам план на пр. ако одам некаде по некоја работа, или така си летам со мислата.
Хммм... зависи каде... по Тето`о мое, ако не гледам по луѓе и ако со сите не се испоздравам (тое е отприлика - 100 метра, минимум 100 луѓе на кои им викам „здраво” и тие мене), ќе испадне дека сум го дигнал носот.
По Скопје не гледам по луѓе и - грешка! Почнаа и таму да ми забележуваат... Последните двапати ми се случува истата прича - у 100 метра, 100 луѓе и муабети. Се` на се`, принудно гледам во секој минувач и појден на едно емсто заглавувам по кафулиња, кафани и останатите угостителски објекти, кои во мојот жвито почнаа да заземаат димензија на институции од областа на културата.
Лично и длабоко емотивно, би гледал само во минувачките. И тоа оние позгодните. Тоа и го правам надвор од овие два града.
Гледам право по улицата и си забегувам со мислите некаде и може да се случи некој познат да не приметам и да ми се налутат зошто не сум се поздравила...ама како викаат не гледаат очите,умот гледа
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.