Пак ќе се оградам не сум стоматолог, забите се расипуваат при намалена pH средина во усната празнина.
Забот содржи на површината слој од калциум хидроксиапатит, при ниска pH тој се раствара. Процесот се вика деминерализација на забот.
Затоа пастиве за заби се флуорираат, затоа што флуоридниот анјон со калциум апатитот формира фруор-апатит кој е многу поотпорен на кисела средина. Така се формира слој од флуор апатит на површината на забот, па со редовно миење на забите со флуорирана паста забот се пресвлекува со овој заштитен слој.
Значи тука нема заговори, докажано е, гребнато е од површината на забот, правот е испитан спектроскопски. Рамнотежите на хемиските реакции во устата покажале дека со внесување на флуоридниот анјон реакцијата се поместува на лево односно се намалува растварањето на забот.
Никој не ве труе, можете во секое време да земете паста за заби без флуор и то е то.