- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Во градинките млеко со флуор
„Од 15 октомври почнува проектот за флуоризација на млекото. Децата во градинките од три до петгодишна возраст ќе можат да консумираат млеко на кое му е додаден флуор, а тоа значително ќе влијае во спречување на појавата на кариес кај нив“. Ова вчера го изјави министерот за здравство Бујар Османи, кој одржа работна средба со членовите на Координативно тело за имплементација на националната стратегија за превенција на орални заболувања кај децата до 14 години во Република Македонија.
Тој истакна дека стапката на кариес кај децата во Македонија е неколку пати повисока отколку што е препорачано од СЗО и ова е една од клучните мерки што треба да се преземат во борбата против кариесот, што ќе влијае и на оралното здравје на децата и ќе има бенефит за целиот здравствен систем.
„Донесена е одлука според која од 1 октомври малигните заболувања не смеат да бидат предмет на дополнителна дејност. Сите малигни заболувања од кој било тип од 1 октомври нема да можат да бидат ставени на попладневните листи на кои пациентите ќе треба да платат приватно. Пациентите се ослободени 100 отсто од каков било трошок, значи не плаќаат ниту партиципација ниту за лекување. Кога ќе се констатира дека станува збор за малигно заболување, на пациентот треба да му се вратат средствата што ги дал за дополнителната дејност“, рече министерот Османи. (МИА)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=96BEECCDFBEB654CA634132CE041733D
Во млекот флуор ..
Во водата за пиење флуор ...
Свински вакцини ...
Лоботомијата продолжува