Во Буенос Аирес удрил метеор?!

  • Креатор на темата Креатор на темата @Lbaneso
  • Време на започнување Време на започнување

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Локација
Minhen
Едно лице починало, а осум се повредени во мистериозна експлозија во Буенос Аирес.

Една жена починала, а осум лица се ранети во мистериозна експлозија во Буенос Аирес. Според зборовите на очевидците, експлозијата ја предизвикал пад на метеор или дел од сателит.

'Мојата ќерка седеше во својата соба кога помирисала барут и видела како голема сина топка со брзина на молња се движи кон соседната куќа. Потоа следеше експлозија.', раскажала една Аргентинка.

Еден млад Аргентинец тврди дека падот на метеорот го снимил со мобилен телефон. Министерот за безбедност Рикардо Касал вели дека не се исклучува можноста дека можеби паднал метеор или дел од сателит.
 
а од каде ти е оваа информација ? дај стави линк нешто .. и како може да помириса барут пред да падне метеорот и тоа во нејзината соба :cautious:
 
Од Точка му е информацијата. Ако воопшто некој може да ја смета Точка за сериозен извор за било што, освен за г'зот на Коко.
 
Back
На врв Bottom