09.05.2008 11:55
Зоран Таневски
Државната изборна комисија на денешната седница едногласно одлучи да ја поништи веќе потврдената кандидатска листа на ВМРО-Народна, бидејќи партијата не го испочитувала рокот за поднесување жиро-сметка до ДИК за изборната кампања, потврди портпаролот на ДИК Зоран Таневски.
Единствената кандидатска листа на партијата во шестата изборна единица беше потврдена на 5 мај.
Претседателот на ВМРО-НП Ѓорѓи Трендафилов завчера го примил решението за потврдената листа и по укажувањата на претседателот на ДИК Јован Јосифовски за поднесување на жиро сметка, ветил дека ќе обврската ќе биде исполнета.
Во текот на вчерашниот ден од ДИК не успеале да го контактираат Трендафилов.
Според Изборниот законик, партиите се должни во рок од 48 часа од потврдувањето на кандидатската листа да отворат и да достават до ДИК жиро сметка за изборната кампања.
Доколку не достават, кандидатските листи на партиите се поништуваат.