GUSAR-VMRO
МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
Околу 21 отсто од граѓаните очекуваат дека на наредните парламентарни избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, а според 18 отсто победата ќе биде на СДСМ, покажала анкетата што за потребите на ИРИ ја спровела агенцијата „Брима“. Анкетата била спроведена во периодот меѓу 15 и 25 јануари на 1.060 испитаници.
На прашањето кога утре би биле изборите за кого би гласале, 24 отсто од анкетираните се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 22 отсто за ДУИ, 20 отсто за СДСМ. По 8 отсто за НСДП и за ДПА, 5 отсто за НП и по 2 отсто за ДОМ, ЛДП и за ЛП. Рејтингот на другите партии бил под еден процент.
При оценувањето на работата на партиите од еден до пет, оценка 2,5 добила ВМРО-ДПМНЕ, 2,36 добила СДСМ, 2,67 добила НСДП, 2,54 ДОМ, 2,05 добила ЛДП и 1,97 НП.
Дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се врати на власт одговориле 34 отсто од граѓаните, а за останување на СДСМ се изјасниле 24 отсто од анкетирани.
Дека претседателот Бранко Црвенковски заслужува реизбор оцениле 29 отсто од испитаните, а 56 дале негативен одговор. Премиерот Владо Бучковски би добил втора шанса од 26 отсто анкетирани, за разлика од 59 отсто, кои сметале дека тој не треба да биде реизбран.
Голем процент, 90 отсто од испитаните се изјасниле за зачленување на Македонија во НАТО, а 96 за ЕУ.
Како најголеми проблеми, анкетираните ги посочиле невработеноста (53 отсто), нискиот животен стандард (17 отсто), економските проблеми (13 отсто) и корупцијата (3 отсто).
Вкупно 27 отсто од испитаниците сметаат дека земјата се движи во добра насока, додека за 30 проценти во лоша. Квалитетот на животот се подобрил за 15 отсто од анкетираните, додека за 42 отсто од нив се влошил.