ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на замената на казната затвор со парична казна

  • Креатор на темата Креатор на темата GUSAR-VMRO
  • Време на започнување Време на започнување

GUSAR-VMRO

МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
Член од
27 јануари 2005
Мислења
635
Поени од реакции
7
Веб-сајт
www.gusar.glog.com.mk
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа предлог закон за измена на Кривичниот законик на РМ со кој се бара бришење на членот 38 д, а се однесува на замена на изречената казна затвор со парична казна.
Инаку за потсетување на Македонската јавност овој член од кривичниот законик беше донесен под итна постапка во септември по предлог на Владата. Самата примена на овој член од Законот беше жестоко критикувана од експертите, јавноста и медиумите, бидејќи со него се доведуваа граѓаните во нерамноправна положба т.е. лица кои сториле кривични дела, а се поимотни можат буквално да си ја купат својата слобода или како што констатираше еден медиум – „кој лежи на пари не лежи во затвор“.
Во овој контекст, јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ и ВМРО-НП како и сите останати партии во Собранието, да ја поддржат предложената измена на Законот со која се брише законската одредба за замена на казна затвор со парична казна. Ова ќе биде нивен тест пред македонската јавност, дали навистина мислат да се борат против корупцијата и криминалот или тоа го прават само декларативно и популистички во функција на дневна политика.
И по неколку дена од кражбата на деценијата во која беа украдени околу 600 000 илјади евра од возилото на Македонски пошти наменети за исплата на пензиите, одговорните институции во Република македонија како и оние од Македонски пошти, молчат и не преземаат никакви активности во насока на расветлување на овој случај што сакале или не доведува до сомнеж дека високи структури од Македонски пошти се замешани во овие настани.
Како инаку да се протолкува одбивањето на Македонски пошти на асистенцијата на МВР за обезбедувањето на транспортот на средствата, а притоа самите да не преземат ништо да ги заштитат истите. Ова особено се наметнува како сериозно прашање ако се има предвид дека грабежите на поштите и парите за пензии и социјална помош кои ги дистрибуираат Македонски пошти се повторуваат во низа?
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка на г. Таип Јакупи директор на Македонски пошти, а доколку тој одбие да го стори тоа, бараме веднаш да биде разрешен функцијата. Исто така ВМРО-ДПМНЕ бара од Јавниот обвинител да покрене истрага за овој случај во која детално ќе се испитаат сите аспекти на криминалот направен неодамна.
 
Него кажи ми ти... Кој досега си ја има купено слободата со пари?
Една досега (мислам), само не ми текнува која беше, од која партија и што направи.
 
Ne e bitno koj si ja kupil, bitno e deka MOZEAT tie sto imaat kes da si ja kupat, a toj sto nema...ke gnie po zatvori zatoa sto pak NEMAL pari da si plati na primer smetki za voda!
 
Ова е се освен закон којшто наликува на оние применувани во развиените демократии. Уби човек, плати пари и шетај слободно. Боже сфашта!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom